Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 7:33 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Интервју со Проф. Д-р Игор Јанев во врска со името на нашата земја (1дел)

    Интервју со Проф. Д-р Игор Јанев во врска со името на нашата земја

    јануари 22, 2014    V

    1. Се согласувате ли со оценката дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќорсокак и дека тука веќе немаме што да бараме?

    1) Кратко кажано, јасно е дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќорсокак. Прво, како што гледаме од пресудата од Хаг донесна по тужбата на РМ против Грција, ние според резолуцијата на СБ ОН 817. не РАЗГОВАРАМЕ, туку како што се вели во истата ПРЕГОВАРАМЕ за името (односно во Пресудата се користи на сите места поим ”Negotiations” , а не ”Talks” или сличен израз). Само правно неуки квази експерти, сеуште сметаат дека ние РАЗГОВАРАМЕ, а не ПРЕГОВАРАМЕ за името! Преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќорсокак бидејки три аспекти не можат никогаш да се доближат во овие односи, а тие се: 1. место на кое треба да стои Република (пред или по дополнителната одредница Горна или нпр. Северна), и овде заклучуваме дека нема да може нокогаш да се постигне компромисот; 2. Опсегот Erga Omnes е за Грција Conditio sine qua non ( условот без кои се не може), а подразбира користење на компромисното име и во односите со сите 134 (или повеке) држави што веке не признале под уставното име, потоа и со државите и организациите надвор од ОН, како и користење во сопствениот правен поредок (лични документи, пасоши итн.). Ова подразбира откажување од правото на самоопределувањето сопствен правен идентитетот (името е правен идентитет во меѓународаната правна комуникација), и правото на неинтереферирањето во строгата внатрешна јурисдикција на државата. Опсегот Erga Omnes е, како што гледаме, апсолутно невозможен услов за Македонија; 3. Од фактот дека Македонија е зачленета со два нелегани услови при приемот во ОН, генерирана е и ситуацијата, според која се овозможува Грција да ја уценува Македонија и со поширок опсег на идентитетски прашања, кои РМ никогаш не би можела да ги прифати, а тие се однесуваат на, покрај името, елементите на историско  - културен идентитет, па и името на народот и јазикот. Од сите спомнати аспекти и на лаикот му е целосно јасно дека политичкиот компрпомис и решение за името не е возможно. Во мегународното право, како општо правило, не е возможно преку ваков механизам на преговори, една земја која принципијелно не признава друга земја во есенцијален елемент на субјективитетот, да се доближи до меѓународното признавање на истата држава со таков елемент.

    2. Одамна ја заговарате идејата да се вратиме онаму каде што и почна проблемот – во Генералното собрание на ОН (ГСОН). Дали се согласувате со предлогот на претседателот Иванов да го покренеме прашањето пред Советот за безбедност (СБОН)?

    2) Државите, како што е познато немаат ексклузивни права на имиња. Оттука, државите како мегународни јавно-правни субјекти имаат полна правна слобода да го избираат своето име  (името е правен идентитет во меѓународаното право и есенцијален елемент на меѓународно-правниот субјективитет). Понатаму, менувањето имиња не влијае врз територијалните права и обврски на државите (својата држава или туѓата држава). Проблемот со името на Македонија настанал при приемот во Обединетите нации под дополнителните услови надвор од пропишаните во Повелбата на ОН! Како што е покажано во светската наука, референцата или попрецизно (правнички изразено) деноминацијата (Бивша Југословенска Република Македонија) претставува еден од двата нелегални услови при приемот на Република Македонија во Обединетите нации 1993.  Вториот нелегален дополнителен услов (покрај деноминацијата) при приемот е обврската за преговорите за сопствениот правен иденитет (името на државата).Како што е докажано во науката ваквите два услова во време го надминуваат чинот на приемот (временски го трансцедираат) и се противни на Советодавното мислење дадено од Мегународниот суд на правда (МСП) 1948.г. со кое се одговара на прашањето од ГСОН дали посебни дополнителни услови смеат да се поставуваат и за нив да се гласа, надвор од оние пропишани во член 4 од Повелбата. Негативан одговор на судот на ова прашање, имено дека за таквите не смее да се гласа во Советот за безбеднот и Генералното собрание на ООН, е потоа прифатен и од Генералното собрание на ООН (ГСОН), како толкување на член 4 од Повелбата.  Овде, мојот научен придонес е што ја направив научната врска мегу познатото мислење на МСП од 1948. г. со македонскиот случај со името. Мојот придонес во светската правна наука е денес неспорен во врска со случајот за името во ОН!

    Мегу другото,  јас предложив  користење на преседанот од 1948 (на МСП), и за решавање на македонскиот случај со името односно нелегалната деноминација. Имено, Република Македонија треба да иницира (предлог) резолуција на Генералното Собрание на ОН со која се поставува прашање дали се специфични услови за приемот на државата и статусот се во согласност со Повелбата на ОН. По прифакањето на советодавното мислње од МСП, Генералнотособрание на ООН, треба да воспостави уставното име РМ во ООН. Во науката ова представува единствен начин за решавање на проблемот со името во ОН!

    Наместо релаизирање на ваков озбилен предлог во ОН, гледаме во медиумите дека фигурира предлогот на претседателот Иванов да го покренеме прашањето пред Советот за безбедност за ефектуирање на пресудата од Хаг. Овој тнр. предолг нема, очгледно да помине во СБОН (право на ВЕТО имаат пет постојани членки, од кои двете се грчки сојузници), а најмногу што можеме да добиеме е Претседатеско соопштение на СБ на ОН во македонска полза за почитување на пресудата, без обврзувачки ефект. Предлогот на претседателот Иванов очигледно потекнува од тнр. експерти кои немаат ниту еден труд во светката научна периодика однсно индексирани научни списаниа, а кои се единствено релевантни извори за проценката на стручноста и научната валидност. Од предлогот на Иванов можеме да заклучиме дека претседателот не познава мегународното јавно право и дека нема соодветна експертиза во мегународните односи!

    Rating: 0.0/0
    Views: 174 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024