Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2024-05-06, 5:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    “На Струга дуќан да имам“ го открива Рацин како претприемач

    "На Струга дуќан да имам" го открива Рацин како претприемач

    Од купче глина што го копал на десет метри под земја, правел каленици, ѓумчиња и други грнчарски предмети. Од една глинена топка буквално правел уметност! На него гледам од агол на претприемач, а младите денес немаат потреба да учат од Доналд Трамп кога го имаме Рацин, вели Љубомир Ракиџиев, кој иницира одбележување на 75-годишнината од објавата на „Бели мугри"

    ЦЕЛА ГОДИНА ПОСВЕТЕНА НА ПОЕТОТ 

    Печатење на култната збирка „Бели мугри" на хрватски и на англиски јазик, изложба на дваесетина дела, оригинални изработки во техниката „луна" (зрна ориз и синап), поетски маратон, научни симпозиуми и поставување споменици на печатарот на збирката Драгутин Шпулер во Скопје и во Самобор, се само некои од настаните што е предвидено да се одржат во рамките на манифестацијата „Бели мугри", по повод 75 години од објавувањето на поетската книга на големиот македонски поет Кочо Рацин. 
    Манифестацијата традиционално се одржува во Велес, но овој пат ќе трае во текот на целата година. 
    Според Љубомир Ракиџиев, кој го иницира одбележувањето на јубилејот, настаните ќе бидат од областа на културата и образованието, но и на економијата и претприемаштвото. 

    Шпулер не побарал ни капар за печатење

    Двата споменика на Драгутин Шпулер, кој во 1939 година ја испечати збирката „Бели мугри" на македонски јазик во четири илјади примероци во хрватскиот град Самобор, во услови кога македонскиот јазик не се говорел официјално и бил забранет за употреба, би требало да бидат поставени наесен. 
    - Требаше да му се оддолжиме на човекот што ја отпечати најзначајната книга во македонската литература. Своевремено Рацин не нашол печатар во Македонија, туку отишол во Хрватска, „преку врски" да ја печати книгата. Кога се договориле, Шпулер не му побарал ни капар за печатењето. Тој го ставил на сериозен ризик своето семејство, но сепак, на крајот, Македонија добила печатено дело на македонски јазик - вели Ракиџиев. 

    Според вообичаената комунистичка практика, насловот бил испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавил под псевдонимот К. Рацин. 
    Предвидено е „Бели мугри" годинава да биде објавена на хрватски и на англиски јазик, а промоцијата се очекува некаде во втората половина на август, во Македонија, Хрватска и во САД, а исто така во Брисел, седиштето на ЕУ. Во рамките на манифестацијата е планирана и изложба на дваесетина дела - оригинални изработки во техниката „луна", како материјал се користат зрна ориз и синап. 

    Рацин од глината правел уметност


    За Ракиџиев, токму големиот македонски поет е неговата инспирација, гледајќи го од сосема поинаков агол, кој досега е малку проучуван - преку економијата и претприемаштвото. Во тој дух, конзорциумот „Иноватор 2013", чиј основач е Ракиџиев, има за цел да лансира автентична методологија, која ќе помогне во едукацијата на младите менаџери преку примена на правилата на менаџирање на старите македонски занаетчии-еснафи што сами ги воделе сопствените бизниси, обезбедувајќи егзистенција за своите семејства. 

    - И самиот Рацин бил грнчар. Пишувал поезија и истовремено водел свој занает. Ноќе под свеќа ги пишувал песните, додека прекуден правел разни грнчарски предмети што своевремено биле иновативни. Од купче глина што го копал на десет метри под земја, правел каленици, ѓумчиња и други грнчарски предмети. Од една глинена топка буквално правел уметност! На него гледам од агол на претприемач, а младите денес немаат потреба да учат од Доналд Трамп кога го имаме Рацин - вели Ракиџиев.
    Во рамките на одбележувањето на јубилејот е предвидено да се одржат и два симпозиума во МАНУ за влијанието на збирката „Бели мугри" врз генерациите во минатото и иднината во воспитно-образовниот процес и за економско-развојните аспекти на Рацин во песната „На Струга дуќан да имам". Според Ракиџиев, оваа песна го открива Рацин во една друга димензија, како претприемач, занаетчија и иноватор.

    - Тој низ својата духовна благородност и преку стиховите од оваа песна ги опејувал економската криза и нејзините фактори - смета Ракиџиев. 


     
      
    Автор: Ивана Нолчева / ivana.n@novamakedonija.com.mk
       (Нова Македонија)
        1 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 919 | Added by: Вељанко
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    На Струга дуќан да имам... – Кочо Рацин
    "3анаетот е златен... "
    Народна пословоца
    1.
    Изгори, - мерак, изгори,
    изгори - пепел се стори!
    Сал не скоривај јадови
    на стари, добри мајстори!
    Времиња тешки дојдова
    уште по тешки прокуди,
    од ден на ден се умира
    и душа бере с години.
    Не пеј песната страдална –
    в гората капат лисjата,
    водите течат - ронат брег
    и влечат млади јасики,
    Чаршиите изумреа,
    дуќаните запустеа –
    пропадна сичко, прокопса
    занает златен - 'рѓоса.
    2.
    Ние имавме чаршии
    и рој - кошница пазари
    и ред редени маази
    полни, преполни со стока.
    Слегнеш ли долу в чаршиjа,
    минеш ли покраj дуќани –
    пукот и врева - работа
    и алтан полно чекмеџе!
    Сами ковавме кондури
    правевме бочви, мотики,
    с нашите раце маjсторски
    дигнавме бели градови.
    Кој ни ги срина, кој ни ги
    очумаве градовите?
    Кој ни запусте, затвори
    дуќани, куќи високи?
    3.
    Наквеуер доjди, наквечер,
    наквечер - в прва темница,
    мини го прагот раскапан
    влези во трошна одаја,
    на миндер седни накривен
    со каракамен на гради:
    каде е, каде радоста
    каде е куќа весела?
    Штамата чмае, штамата
    дебнее пуста проклета,
    како ли, боже, чумата
    в косите, сичко стегнала.
    По сокацитe чекорат
    кондури с клинци ковани,
    штамата сечат с ножови
    и пиjат вино румено.
    А в бафчи трендафилите
    слушат ги – со темницата
    шепотот севда без мерак,
    шепотат – златни времиња!
    4.
    Прикаски си останаа
    старите бочви со вино!
    Прикаски болни, таговни
    грутки во срце снеговни!
    Раскапани, буѓосани
    со обрачи 'рѓосани,
    по темни изби мемливи
    риjат ги црвци смрдливи.
    Никоj не кова, не прави
    старите бочви големи!
    Старите бочви - преполни
    со руіно вино црвено!
    И ноќе - слушаш! - баботат
    по бочвите саjбиите!
    Деца се плашат - бегаат
    сништа за стари времиња...
    5.
    Банки дигнаа палати
    распнаа мрежи широки,
    банки дигнаа палати
    и кули танки, високи:
    нагоре кула висока
    надолу земjа длабока.
    Од сичко носат кајмакот
    од потта цедат го сокот,
    од сичко носат кајмакот
    маката нам оставаат!
    Банки дигнаа палати,
    банки на нови имами,
    кондури друзи коваат
    с мотики гроб ни копаат –
    паjдоса, златен, 'рѓоса
    нашиот чесен занает!
    6.
    Aj, на наломи излези
    бело Фиданче писано,
    прошетаj долу в чаршиjа
    кога седам на ќепенцн!
    Ако со око погледнам
    око е - да го ископам,
    ако со рака посигнам
    рака е - да ja исечам.
    Но ако срам ме залиса
    оти сум жив закопан,
    кажи ми, кажи, Фиданче
    кaj да се кpиjaм со лице?
    Majcтop бев и устабаша
    мajcтop бев - станав чираче:
    за борч продадов дуќанот
    за борч продадов алатот –
    с две раци сум, и тијa две
    скапаjа се без работа!
    7.
    Тешката тага, тeшката,
    тешката тешко засвири!
    Севда е тешка, голема,
    уште по тешка прокуда!
    Наточи вино крваво!
    Наточи на вepеcиja!
    Донеси да ja коваме
    на Крали Марко сабjата!
    В горите лисjа капале –
    в избитe веди м'cкajaт!
    В поле над млади jаганца
    ножеви остри л'скаjат.
    На Струга дуќан да имам
    на ќепенците да седам,
    да видам, само да видам
    и на ќепенкот да умрам!

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024