Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-05-07, 3:38 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    “Проблемот“ за името можам да го решам веднаш

    Проблемот" за името можам да го решам веднаш

    Во македонскиот полупарламентарен-полупретседателски систем претседателот не е „англиска кралица". Друго е прашањето зошто на досегашните претседатели им одговарала и им прилегала таа улога

    СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ, МОЖЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

    За да влезе во претседателската трка, генералот Стојанче Ангелов ја напушти опозициската коалиција и сега треба да собере 10.000 потписи за кандидатурата. Но верува дека има сили да го направи тоа и да им се посвети на клучните прашања.

    Каква политика би воделе околу прашањето за името, со кое се поврзани и евроинтеграциите, може ли да придонесете за да се надминат проблемите?
    - Можам да го решам „проблемот" веднаш, се разбира од позиција на претседател на Република Македонија. Се лажат сите оние што тврдат дека ова прашање е политичко и дека дозволува разни интерпретации по идеолошка основа. Ова прашање е од стратегиски, витален карактер и мора да се постигне национален консензус. Мојот став е јасен: прекин на преговорите веднаш! Враќање на овој ирационален, парадоксален и наметнат проблем таму од каде што потекна, во Обединетите нации. ОН се тие што ја прекршија сопствената Декларација за универзални права (Париз, 1948 г.), каде што се гарантира правото на народите на самоидентификација и самоименување. Каде е тука правото на Македонците и на Македонија?

    Дали надминувањето на недоразбирањата со Грција би ги отворило сите патишта за Македонија или би ни останале и Бугарија и другите соседи што би можеле да се појават со свои барања и интереси?
    - Од создавањето на македонската независна држава (1991 г.) до денес сведоци сме на синхронизиран настап на „балканскиот оркестар" под палката на таканаречената „меѓународна заедница". Совршено поделени улоги: Грција ни ги оспорува името и идентитетот, Бугарија јазикот и историјата, Србија црквата, албанските држави територијата... Заедно ја оспоруваат целата наша постојбина, ја оспоруваат државата Македонија. Знам дека кога едните ќе здосадат, ќе засвират другите, па третите и така до бескрај. Но има крај! Има и убав почеток, а сѐ зависи од нас, Македонците. Ништо не можат да сторат без нас, затоа и нѐ присилуваат на самообезличување, самонегирање, самоуништување. Историската одлука е во нас, во оваа генерација Македонци!

    Кои се најголемите меѓуетнички предизвици во Македонија и како вие можете да придонесете да се надминат?
    - Единствен проблем се Албанците, како неуспешно накалемен етникум меѓу природните староседелски етникуми на Балканот. Затоа само тие имаат територијални аспирации кон сите други, кон сите соседи (Црна Гора, Србија, Македонија, Грција). Во Македонија ви тврдам дека сите други етникуми се одлично инкорпорирани. Албанците не се ни појавија на референдумот за независност и до ден-денес ја потврдуваат својата нелојалност кон македонската држава. Врв беше војната во 2001-та, кога со јасни иредентистички цели, со оружје се кренаа да отцепат голем дел од унитарна Македонија. На вториот дел од прашањето „како јас би придонел", ќе ви одговорам едноставно и строго. Свесен дека политиката на перманентно попуштање само ја потхранува големоалбанската кауза во Македонија, јас би пресекол. Или ќе си ги најдат своето место и улога во македонската држава, како и сите други лојални граѓани и колективитети, или... Вака повеќе не може! 

    Дали мислите дека можете да бидете доволно силен претседател што ќе влијае врз областите што се во неговите ингеренции, пред сѐ во надворешната политика и во одбраната, и во кадровска, и во организациска, и во политичка смисла?
    - Да не бев сигурен во себе, во мојата моќ, немаше ни да тргнам во овој голем предизвик за мене и за мојот најтесен тим на стручни и искусни соработници, соборци. Останува уште граѓаните да поверуваат во мене, да поверуваат дека јас ќе бидам претседателот што најцврсто, најпринципиелно, бескомпромисно и достоинствено ќе ги застапува македонските национални и државни интереси. Пред сѐ и над сѐ македонските интереси! 

    Премногу ретко претседателите во Македонија го користеле правото на вето на законите. Дали овој инструмент, иако е полупротоколарен, може да ја засили институцијата претседател и да придонесе за поголем баланс на политичката моќ во земјата?
    - Да, во македонскиот полупарламентарен-полупретседателски систем претседателот не е „англиска кралица". Друго е прашањето зошто на досегашните претседатели им одговарала и им прилегала таа улога. Но и со надгласување на претседателското вето се постигнува доволно силен ефект кај јавноста и кај власта дека нешто не чини. Па и улогата на коректив е доста благодарна и полезна за народот и за државата. А балансот на политичката моќ најмногу зависи од тоа дали институцијата претседател ќе ја држи зависна, навидум независна или навистина независна личност.

     
      
    Автор: Гоце Трпковски / goce.t@novamakedonija.com.mk
    (Нова Македонија)
    19 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 1683 | Added by: Вељанко
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Драги Македонци!!!

    Кажете им на сите дека потписот даден за Генерал Ангелов е:
    -потпис за одбрана на македонското име и идентитет,
    -потпис за референдумот против големоалбанскиот екстремизам, -потпис за спас на Струга и Кичево,
    -потпис против можноста Талат Џафери и понатаму да биде министер за одбрана,
    -потпис за казна на злосторниците кои сурово се изживувале и убивале недолжни цивили,
    - потпис против можноста поранешните припадници на УЧК да бидат израмнети со македонските бранители.

    Или, со еден збор, ПОТПИС ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ!



    (Macedonian Orthodox Community of Australia)

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024