Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 8:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Занаетите се душата на чаршијата, кафеаните се само декор

    Занаетите се душата на чаршијата, кафеаните се само декор

    Лимарот веќе не може да продава корита за капење бидејќи никој веќе не ги употребува, но можат да послужат како декоративни елементи за градина; за филигранот да го извадиме од заборав, можеме да го вметнеме како декорација на женски чевли, ова се некои од предлозите од Занаетчиската комора за тоа како да им се даде нова функција на неупотребливите предмети



    Казанџијата Нешовски е единствениот што се занимава со овој занает

    КАКО ВИСТИНСКИ ДА ЗАЖИВЕЕ ЛЕВАТА СТРАНА НА ВАРДАР

    Државата презема низа активности за враќање на сјајот на некогаш најпосетениот дел во градот, Старата скопска чаршија, но граѓаните се децидни дека и покрај сѐ, без занаетите, таа не може да биде атрактивна и жива, како што била некогаш.

    - Занаетите се душата на чаршијата, а кафеаните се само декор. За неколку години и дуќаните што се останати и го одржуваат духот на занаетите ќе бидат исполнети со увозна кинеска стока - предупредуваат дуќанџиите.

    До пред десетина години во Старата скопска чаршија вриеше од опинчари, кујунџии, шапкари, наланџии, самарџии, јорганџии... Денес нивниот број драстично е намален, а оние што сепак опстојуваат успеваат во тоа само поради големата љубов и ентузијазмот. 

    Чаршијата порано беше средиште на занаетите и трговијата. Тесните калдрми и чаршијата доживеаја промени, но сепак успеваат да живеат во духот на традицијата, криејќи приказни за минато што оставило белег на секој агол. 

    Продаваат по еден предмет неделно 

    - Некогаш беше убаво да си занаетчија, макотрпно, но работевме со љубов. Денес тоа значи едвај да врзуваш крај со крај - раскажува еден од најстарите занаетчии останати во чаршијата, Андреј Нешовски. 
    Тој веќе шеесетина години е лимар и казанџија, а сега е и единствениот што се занимава со овој занает. Неговиот дуќан е стуткан меѓу новите објекти. Лимени лонци, вршници, сачови, котлиња и тави се поставени на секое ќоше во дуќанот.

    - Порано имаше 20 дуќани и сите добро заработуваа, не можеше да се живее без овие предмети, но сега мојот дуќан е единствен, нема работа за нас. Речиси ништо не продавам, едвај еднаш во неделата по еден предмет. Со тие пари не можам да си обезбедам ни за сол - вели Нешовски.

    Во некогашната улица на јорганџиите денес е останато само семејството Нагавци, кое се обидува да го одржи овој занает во живот. Тие поседуваат три дуќани, еден до друг.

    - Прадедо ми уште во 1897 година го изучувал овој занает во Солун. Дошол во Скопје и го научил и дедо ми, па така и ние со братучед ми го засакавме овој занает. Ги гледавме како работат и со огромно трпение ги учат чираците. Знаев дека морам да го продолжам овој занает, но денес никој не се ни интересира за него - објаснува Дијамант Нагавци.

    До пред петнаесетина години побарувачката на јоргани била поголема. Се случувало за чеиз еден муштерија да купи по пет-шест јоргани одеднаш. 

    - Денес никој не знае дека во чаршија има дуќан за јоргани, а камоли да си купи за свој мерак, уште помалку за чеиз. Малку продаваме, едвај 30 јоргани во годината - раскажува Нагавци.

    Креативни идеи за  занаетчиските предмети 

    Директорката на Занаетчиската комора, Снежана Денковска, смета дека е природно што старите занаети изумираат и се прегазени од индустријата и новите технологии, но оптимистка е за можноста да се спасат некои од нив. Разликата е во тоа, подвлекува таа, што предметите сега немаат употребна, туку функција на сувенири.

    - Ако се направи спој меѓу традиционалното и современото, тогаш може да се зачува креативно-продажниот сегмент во занаетчиството. На пример, лимарот веќе не може да продава корита за капење бидејќи веќе никој не ги употребува, но тие можат да послужат како декоративни елементи за градина, за на прозорци. Ако не ни требаат волнени килими, тоа не значи дека треба да ги исфрлиме од употреба. Може да направиме некое многу убаво чергиче, каде што ќе се вметнат етномотиви. За филигранот да го извадиме од заборав, можеме да го вметнеме на женски чевли, декорирани со филигран - вели Денковска.

    Министерството за култура презема низа активности за ревитализација на Старата скопска чаршија.
    - Со законот што го донесовме во 2008 година и со програмата за ревитализација спроведуваме интегриран пристап во трајното сочувување на сите вредности на чаршијата и преземаме долгорочни мерки за обнова, одржлив развој, стопанско и културно реактивирање на оваа целина - велат од надлежното министерство.

    Заедно со градот и со општините Центар и Чаир тие реализираат и голем број културни содржини. 
    - Во изминатиот период доделивме и неколку простори за занаетчиски здруженија што ги негуваат и ги развиваат традиционалните вештини. Доделивме и ателјеа во чаршијата, кои им се дадени на користење на Друштвото на ликовните уметности во Македонија и на „АРТ-визија" - велат од Министерството за култура.

     
      
    Автор: Катерина Панчевска / katerina.p@novamakedonija.com.mk 
     
     (Нова Македонија)
      24 февруари 2014


    Rating: 0.0/0
    Views: 259 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024