Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 8:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Пастрмката се враќа во Охридско Езеро

    Пастрмката се враќа во Охридско Езеро

    Досега се собрани 1,8 милион зрна икра, а целта на акцијата е да се соберат вкупно 3,5 милиони зрна. По шест месеци, откако икрите ќе станат мали рипчиња, ќе бидат пуштени во езерото

    Ексклузивна подводна фотографија од мрестење на пастрмката

    КОНЦЕСИОНЕРСТВОТО ГО ШТИТИ ЕНДЕМСКИОТ ВИД

    Ендемската пастрмка во Охридско Езеро деновиве контролирано се лови, за да ѝ се собере икрата за вештачки мрест, кој е единствениот начин за зголемување на популацијата на оваа риба, чиј вид малку фалеше целосно да исчезне. 

    Изминативе години ситуацијата беше алармантна. Бројот на рибокрадци постојано растеше, па рибите се ловеа во секое време, дури и кога беше прогласена забраната за лов, во периодот кога рибата треба да се мрести и на свет да донесе потомци. 

    И денес во охридските и во струшките ресторани на менито можете да најдете специјалитети од оваа риба, а угостителите тврдат дека ја имаат добиено по легален пат.

    Од лани Охридско Езеро е ставено под концесија, па бројот на рибокрадци значително е намален. Ристе Танаскоски, концесионер од „Пастрмка 2012", тврди дека бројот на рибокрадците е намален дури за 95 отсто. 

    - Имаме 64 вработени што 24 часа го чуваат езерото од Свети Наум до Калишта. Поседуваме софистицирана опрема за ноќно набљудување, како и моторни чамци. И сето тоа има резултати, рибокрадството го намаливме за 95 отсто. Лани, на пример, собравме 38 километри мрежа. Досега имаме поднесено повеќе од 40 прекршочни и 20 кривични пријави - објаснува Танаскоски. 

    ПРЕКУ ГРАНИЦА СЕ ЛОВАТ 50 КИЛОГРАМИ ОД КАЈЧЕ

    Меѓутоа, колку и да се вложува труд за зачувување на овој вид риба, ситуацијата не е сјајна поради негрижата од албанската страна на езерото. Таму пастрмката се лови масовно и редовно се наоѓа на менијата во тамошните ресторани, и тоа по двојно пониска цена од тука. 

    - Лани имавме средби со албанскиот инспекторат. Неофицијално дознавме дека таму се лови секој ден. Фаќаат 150 до 200-грамски рипчиња, кои, се подразбира, се за потребите на кафеаните, а со таа големина не се полово зрели. Уловени се без барем еднаш да бидат омрестени. Пастрмката е специфична и потребни се да поминат шест-седум години пред да може да почне да се лови. Податоците велат дека во Албанија се ловат 50 килограми од кајче. Од таа страна има посебна организација за рибари. Сѐ што треба да направиш е да извадиш дозвола со која ќе бидеш професионален рибар. Секој што ќе плати може да лови. И тоа секој метод е прифатлив, освен со динамит. Засега таму се регистрирани околу 200 рибари, а сигурно има уште толку нерегистрирани. Кај нас, пак, се регистрирани само 40 рибари - вели Танаскоски.

    Акцијата е спроведена во соработка со Хидробиолошкиот институт од Охрид и со Институтот за сточарство од Скопје. 

    - По шест месеци, откако икрите ќе станат веќе мали рипчиња, се враќаат во езерото. Ланската квота за мрест ја надминавме, која, пак, беше за 40 отсто подобра од претходната. Што значи дека имаме тренд на зголемување на мрестот. А токму тоа е и нашата цел - да го заштитиме рибниот фонд и да работиме на негово зголемување - додава Танаскоски. 

    Од Хидробиолошкиот завод во Охрид велат дека досега се собрани 1,8 милион зрна икра. 
    - Очекуваме да ја надминеме бројката од два милиони зрна. Годинава мрежите се фрлија малку порано. Традиција ни беше да ги фрламе на 20 јануари, меѓутоа годинава ги фрливме на 17 јануари затоа што сакавме да провериме дали рибите се доволно зрели и во тој период. И навистина беа. Се стремиме на крајот од акцијата да имаме околу два милиони зрна икра. Од година на година бројките се разликуваат. Целта ни е годинава да имаме 100 единки на еден хектар површина. Зборуваме за биолошки оптимум, за само еден дел од популацијата, другите сакаме природно да се размножуваат - објаснува Душица Илиќ Боева од Хидробиолошкиот завод во Охрид. 

    Соработка само со научниците од Албанија

    Оттаму потврдуваат дека со извршните органи од Албанија немаат соработка, меѓутоа соработуваат со научниците од истата област. 
    - Целта на годинешниот мрест
    е кога ќе дојде време за порибување да имаме вкупно 3,5 милиони малечки. Хидробиолошкиот завод презема две третини од целата акција, односно два милиони икри, другите бројки треба да се постигнат од албанската страна, како и од струшкиот дел на езерото - вели Боева. 

    Според Боева, зачувувањето на пастрмката најмногу зависи од физичката заштита, односно од борбата против рибокрадството, која изминатава година ја врши концесионерот. 

    Со научниците од албанската страна, пак, договорени се уловените риби, откако ќе им се собере икрата, повторно да бидат вратени во езерото, со што им се овозможува и понатаму да се мрестат по природен пат. 

    - Соработуваме со луѓе од науката, не со извршни органи, со луѓето што ја имплементираат истата работа. Нашата практика е рибите, откако ќе им се измолзе икрата, да ги пуштаме назад во езерото за да учествуваат во природниот процес на размножување и во наредните години. А истото тоа го презедоа и колегите од Албанија. И тие почнаа да ги враќаат рибите во езерото и веќе не завршуваат на локалните пазари - додава Боева. 

    Сегашните активности од измолзување и собирање икра на ендемскиот вид охридска пастрмка укажуваат на подобрување на состојбите со фондот на тој вид риба во Охридско Езеро. Потврда на тоа се досега собраните количества квалитетна икра за вештачки мрест, но и повторното појавување пастрмката на некои од поранешните мрестилишта во езерото. 
    Станува збор за редовна активност според Законот за рибарство и аквакултура со кој државата е задолжена за порибување на риболовните води. 


    Концесионерите велат дека има тренд на зголемување на мрестот  /фото: Емил Јовановиќ

     

     
      
    Автор: Биљана Стојановска / biljana.s@novamakedonija.com.mk  Фотографија: Милутин Секулоски
     
     (Нова Македонија)
      28 февруари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 274 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024