Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 9:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    СТАРАТА СТРУШКА АРХИТЕКТУРА НА УДАР НА ПРОФИТЕРИТЕ

    СТАРАТА СТРУШКА АРХИТЕКТУРА НА УДАР НА ПРОФИТЕРИТЕ

    Музејот „Д-р Никола Незлобински" не бил известен дека околниот простор му е продаден 

    Струга - Струга, градот на две води и на поетскиот фестивал, нема кој да ја заштити пред налетот на профитерите и урбаната мафија. И понатаму продолжува уништувањето на старата градска струшка архитектура и нарушувањето на изгледот на старото градско јадро. Од 49 куќи како заштитени споменици на културата со планот од 1954 година, денес останаа само уште 10. Распродажбата на општинските објекти, иако заштитени како споменици на културата, поинтензивно започна пред осум години, со претходното општинско раководство кое остана во два мандата. Со промената на локалната власт, стружани се понадеваа дека ќе биде подобро, но сепак повторно го гледаат „истиот филм".

    Раководството на Музејот „Д-р Никола Незлобински" од Струга континуирано со дописи се обраќа до Општина Струга за да се најде заеднички начин за зачувувањето на старото градско јадро кое има статус на заштитен споменик на културата. Оттаму додаваат дека уште во 1954 година, кога е направен првиот план за заштитеното јадро на градот Струга, бил заштитен споменатиот број куќи како споменици на културата со посебен третман, кои дури и во случај на отуѓување мора да го зачуваат автентичниот изглед. 

    „Голем дел од струшките фамилии куќите своевремено и' ги оставиле на самата општина, а сега се врши масовно продавање на тие објекти без притоа да се известат надлежните институции. Денес овие објекти со некогаш автентична струшка архитектура се продаваат и на нивно место се градат нови објекти кои апсолутно не одговараат на ова поднебје. Останати се едвај 10-ина вакви објекти", објаснува директорот на музејот, Сашо Цветковски.

    Пред извесен период е продаден и просторот околу струшкиот музеј кој е најстариот и првоизграден музеј во Македонија. Земјиштето е на Република Македонија и ова е незамисливо, потенцираат од музејот. 

    „Станува збор за изложбениот простор каде што се презентираат животните во музејот. Дознавме пред неколку месеци дека околниот простор е продаден, за што не бевме известени. Најстара музејска градба и прв музеј во Република Македонија е токму овој музеј кој е изграден во далечната 1928 година. Целиот простор околу зградата е под заштитена зона. Ние сега дознаваме дека сето она што се планира да се гради ќе биде лепенка до музејот, што е просто недопустливо", вели директорот на Музејот „Д-р Никола Незлобински", Сашо Цветковски. (В.М.)

       (Утрински Весник)
        10 март 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 200 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024