Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 8:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    РУСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО СТРУГА

    РУСКАТА ЕМИГРАЦИЈА ВО СТРУГА

    Илија Балоски

    По победата на Октомвриската револуција, во Русија, 1919 година, многу руски емигранти, симпатизери на претходниот општествен поредок ја напуштиле Русија и се населиле во европските земји. Една група од емигрантите откако пристигнала во Кралевина Југославија, одлучила, или била распоредена во Струга. Во групата биле: д-р Никола Незлобински, неговата сопруга Софија, Ѓорѓи Рудњев, Михаило Макаров, Виталије, како и правникот Андреј Лукин со сопругата и Борис V (Барон) Воде.

     

            По доаѓањето во Струга тие го избрале и го добиле на користење за себе и за општествени цели местото наречено "Острво". Тоа место се наоѓало и се протегало од кај поширокиот дел на реката Црн Дрим, кај дрвениот мост кој бил поставен пред куќата на Ристо Белче, од десната страна и пред куќата на Горѓи Шута од левата страна, па сè до ловиштето за јагули Далјан.

     

    Подоцна со делумно редуцирање на коритото на реката, левиот крак од реката се повлекол кон главниот тек, со што островото се елиминирало, па теренот на "островото" станал крајбрежен дел на левиот брег на реката Црн Дрим, се до Далјанот. На местото каде течел левиот крак, обликувана е улица која минува пред домот на Несторовци и води во соседниот град Дебар. Тука се наоѓало и "Бунарчето" Св. Петка, брижливо чувано од граѓаните, а кое денес е адаптирано во мала црквичка.

     

            Групата емигранти, од државата добила на користење 4 бараки, кои биле монтирани на споменатото место. Д-р Никола Незлобински едната барака ја адаптирал за сопствено живеење со сопругата Софија, втората барака ја користеле неговите соработници Ѓорѓи, Михаило и Виталија, а третата барака била наменета за Амбуланта, пред се за болни од маларија. Четвртата барака била работилница.

     

    Како единствен лекар во тоа време во Струга д-р Никола Незлобински развива медицинска активност, лечи болни од маларија и други заболувања, ангажира и други лица во амбулантата, помошници од градот (Таксим, Муарем, Миле Шуле и други).

     

    Како активен ловџија, се занимавал со лов на птици во прв ред, се заложил за формирање на Ловното друштво, на кое прв претседател бил Милан Гаго, а секретар Јоне Билјан. Негов близок соработник во ловот бил Гани Дудуш. Прави своја приватна збирка на препарирани животни, птици и инсекти, која подоцна прераснува во музеј, уреден и сместен во зграда изградена за таа цел.

     

            Незлобински исто така е иницијатор и за развивање на спортот во тоа време во Струга. Го формирал "Соколското друштво" и обезбедил полигон и игралиште каде се изведувани спортски и гимнастички игри. Организирани се спортски натпревари. Се игра фудбал и хазена. На полигонот беа монтирани спортски помагала како вратило, наречено "Лост", направа за искачување по ортома, и се изведуваа сите гимнастички вежби.

     

    Машките гимнастичари ги раководеше Ѓорѓи Рудњев. Него го викаа "брат Ѓорѓи", а женските ги раководеше Иванка наречена "сестра Иванка". Го започна и до некаде го изгради Соколскиот дом, кој подоцна беше пренаменет за фабриката Стружанка.

     

            Во тоа време стандардот на населението беше толку низок што во ниедна куќа немаше купатило, не можеше да се купува сапун, корито и слично, така и тука д-р Никола Незлобински превзема иницијатива да помогне. Изградува градско купатило и градска перална каде секој си го знае редот на капење или перење.

     

    Во текот на неделата еден ден беше резервиран за капење на жените, еден за мажите. Тој исто така активира две.чешми со жива вода, наречени "Атерски бунари" со што населението доби поздрава вода за пиење, бидејќи дотогаш пиеше од Дримот и Езерото.

     

            Неговата сопруга, Софија Незлобински се одликува како голем хуманист, го помага сиромашното население, предава руски јазик во училиштето, формира Школски хор и со него раководи. Чува и храш птици - канаринци, чува риби во аквариум и други домашни миленици.

     

         Ѓорѓи Рудњев посебно се активира во спортот и гимнастиката и во амбулантата како лаборант и помошник на лекарот. Тој уште во тоа време се занимава со метеорологијата.

            Михајло Макаров е механичар и техничар. Се жени со стружанка.

          Виталија е шофер. Го возеше д-р Никола Незлобински кому му беше доделено и патничко возило, што во тоа време беше навистина реткост.

     

           Во Струга престојуваше и Борис (Барон) Воде кој исто така се ожени со стружанка. Тука живееше и правникот Андреја Лукин со сопругата. Сите тие живееја и работеа долги години во Струга. Тука починаа и беа погребани. Сите тие за стружани оставија добри спомени и сметам дека Струга и стружани им должат за тоа

     

    д-р Никола Незлобински со колегите вршат препарирање

     

    д-р Н. Незлобински во лов

     

     


        (Струга)

         10 март 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 263 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024