Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 10:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Дервиши, поети, чудаци и убави жени на скопските сокаци (2дел)

    Дервиши, поети, чудаци и убави жени на скопските сокаци

    Штипјанките мирисаат многу убаво!
     
    Само неколку години подоцна, Евлија повторно се вратил во Македонија за да ја дораскаже приказната за водата, воздухот и убавите жени. Во Велес забележал дека носеле црни платнени фереџиња, па не можел да им ги види лицата. Запишал дека вода носат од Вардар, кој, како што вели, е толку бистар што момите се огледуваат во водата. Следниот ден стигнал во Прилеп, градот што имал 10 маала со илјада цврсти куќи со пространи бавчи: „Повеќето жители се занимаваат со изработка на играчки и ножеви. Во овој град не можете да сретнете кал. Градот има плодно поле низ кое тече река. Поради пријатната клима, неговите жители се оддаваат на љубов". Прво, нигде не го спомнува тутунот, без кој денес Прилеп не може да се замисли, а второ - како успеал да дознае дека токму климата е причина прилепчани да се оддадат на љубов. Што видел? Каде се „оддавале" на љубов? 

    Како и да е, заминал во Битола. Во Битолската чаршија избројал 900 дуќани, но и рекорден број кафеани на мал простор - дури 40! Забележал дека околу градот се наоѓаат 20 места за излети и забава. Откако поуживал во славеите и танчарките, патописецот што своите патешествија ги почнал 1630 година од својот роден Истанбул, каде што се враќал по неколкугодишно патување по светот, стигнал во Костур, кој го опишал како еден од најубавите градови на Балканот. Запишал дека градот имал во тоа време околу 2.100 куќи и дека сите куќи гледаат кон езерото, а луѓето се многу добродушни и склони кон забава. Според записот, седнат крај езерото долго ги гледал жените што перат алишта и ништо друго тој ден не можел да запише, освен дека не користат сапун. 

    Подоцна кога стигнал во Штип, веднаш запишал дека жените носат фереџе од бела аба и се движат мошне грациозно: „Поради чистата вода и воздух, овдешните жени не само што се мошне убави туку и многу убаво мирисаат. Градот има 2.240 куќи покриени со камени плочи, а секоја куќа има своја бавча и лозница. Со ќерамиди е покриен само новоизградениот сарај на Ахмед-ага. Има и безистен со две железни порти, каде што можат да се најдат стоки од седум разни клими и секакви мириси". За Кочани, пак, ќе напише дека е полн со ајдуци: „Сета раја се ајдуци. Има 600 куќи покриени со дрво и ќерамиди, една џамија, еден ан и околу 15 дуќани. И одвај ако има десет муслимански куќи. Ако не беа овие десет куќи, овде, преку оваа касаба, немаше да прелета ни птица".

    Охриѓанките имаат сребреникав тен и нежна става!
     
    Во Солун, главниот центар на Македонија, бил неколкупати. Притоа забележал дека во посебен дел од градот се сместени меаните, бозаџилниците и акчилниците, а за немуслиманското население и за разни „настрани типови", како што вели, постојат и 340 кафеани. Во нив свратуваат стотици луѓе, пијат, се одмораат, преноќуваат и потоа одат по своите патишта: „Голем број христијани печалат пари на недостоен начин, односно со продавање вино. Патем, никој не им здодева со непристојни зборови на нивните блиски, иако гостите ги послужуваат нивни синови и ќерки. Ова е ретко чесен и безбеден град. Освен куќите каде што се точи вино, избројав и точно 20 бозаџилници и 17 уредени кафеани каде што се собираат патописци, поети и други луѓе, и се пее, се свири на саз, чалгии и се танцува. Во градот има вкупно 16 христијански маала, одвоени од муслиманските. Има околу 33.000 куќи, а според пописот извршен од Екмекџизаде Ахмет-паша во солунската каза живеат околу 500.000 жители. Дознав дека луѓето во Солун живеат долго и се многу здрави, така што и на 70-годишна возраст се качуваат на коњи, опашуваат сабји, а имаат сила и за жена. А жените и девојките се убави небаре месечина, зборуваат доста средено, а во своите усти кријат заби како бисери. И за нивната чест може да се каже сѐ најдобро".

    Кога стигнал во Воден, гратче со 12 маала и 1.060 куќи, неколку часа не можел да се соземе од убавината што ја гледал околу себе. Сите сокаци биле чисти, нигде немало никакво ѓубре, прекрасниот водопад се прекршувал во илјадници бои, па тој веднаш запишал дека сличен на Воден е само рајскиот град Дамаск во Арабија: „Има многу убави жени во градот. Имаат месечеви лица. Во градот има вкупно седум цркви во кои служат девици, небаре мајката на Исус, од која секоја има убаво месечево лице".

    По неколку дена стигнал во Охрид, каде што ќе запише дека има вкупно 17 маала, меѓу кои се Охризаде, Тулумба, Јунус Војвода, Гази-бег, Емир Махмуд и други: „Градот Охрид и неговата околина се исполнети со лозја и бавчи. Оној што Охрид го гледа првпат му се чини оти градот има 10-15 илјади куќи. Во чаршијата и безистенот се собираат учени луѓе, но постојан и други меани и бозаџилници, пристапни за секого. Секако, поради пријатниот воздух и вода, жените во Охрид се многу лични. Сите имаат сребреникав тен и нежна става". 

    Во Охрид и во Битола се враќал неколкупати во животот, секогаш пишувајќи нови записи за она што го видел или слушнал од луѓето со кои разговарал и се дружел додека престојувал во градовите. Ретко одел во помалите касаби, какви што биле Валандово или Струмица, но кога поминал веднаш ги опишал жените и девојките што ги видел. 

     
      
    Автор: Блаже Миневски 
     
     (Нова Македонија)
    12 март 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 186 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024