Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-05-18, 9:46 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Осоговскиот манастир повторно ќе добие монаси

    Осоговскиот манастир повторно ќе добие монаси

    Една од причините што досега во овој манастир не живееја монаси е што немало соодветни услови за нивен престој. Последната монахиња која живеела во манастирот починала пред неколку години

    Осоговскиот манастир е од отворен тип, во кој речиси секојдневно има голем број  посетители

    Духовна обнова на храмовите во кумановската епархија

    Осоговскиот манастир, како најпосетената туристичка атракција во близина на Крива Паланка ќе добие монаси, кои постојано ќе престојуваат во ова духовно светилиште. Обновувањето на монаштвото во овој храм ќе значи и обнова на верскиот живот во овој дел од полошко-кумановската епархија, нешто што недостигало со години наназад. Оваа одлука ја донел владиката Јосиф, кој пред неколку месеци стана надлежен за оваа епархија, откако беше поделена епархијата на починатиот владика Кирил. 

    Вели дека монаштвото во историјата отсекогаш придонесувало за ширење и сведочење на верата, пред сѐ со нејзиното сплотување во животот, а потоа и преку редовниот богослужбен круг во манастирите. 

    - Затоа, природно е наша цел да биде возобновувањето на монашкиот живот во сите манастири во епархијата. Од тоа најголема корист ќе има локалното население, зашто ќе се обноват секојдневните богослужби и секогаш ќе има кој да ги пречека верниците пред манастирските порти - објаснува кумановскиот владика Јосиф. 

    Осоговскиот манастир е од отворен тип, во кој речиси секојдневно има голем број  посетители, како од Крива Паланка така и од другите градови во државата, па и пошироко. 

    - Верувам дека таа отвореност на манастирот и понатаму треба да остане, за да секој си го најде мирот и да има со кого да поразговара, па и да се посоветува, а пред сѐ, изворно да ја запознае својата вера. Затоа овој храм секогаш бил жив - додава г. Јосиф. 

    Сепак, г. Јосиф нема лажни надежи дека возобновувањето на монашкиот живот ќе се случи брзо, зашто понекогаш е потребно и по неколку години. 

    - Само Бог знае и промислува кога ќе се остварат нашите надежи. Нам ни останува да се трудиме и да работиме, а на крај сѐ ќе си дојде на свое место, кога ќе се исполни полнотата на времето - истакна г. Јосиф. 

    Инаку, една од причините што досега во овој манастир не живееја монаси е што немало соодветни услови за нивен престој. Последната монахиња која живеела во манастирот починала пред неколку години. 

    Кумановскиот владика најавува дека ќе се залага и за обновување на други манастири.


    Свети Јоаким ги одбрал Осоговски планини 

    Манастирот е основан уште во 12 век, познат е и по името Сарандапор. Токму во овие предели, кон крајот на 11 и во почетокот на 12 век живеел испосникот Јоаким Осоговски. Тогаш во овие краишта воделе испоснички живот и прочуените свети Јован Рилски, свети Прохор Пчињски и свети Гаврил Лесновски. Според преданијата, откако се разбрало за нив, решиле да се разделат и секој сам да се оддаде на испосништво. Се договориле да вечераат и да си легнат, а кој прв ќе се разбуди да појде каде што сака, не кажувајќи им на другите. Прв се разбудил свети Јован Рилски, кој бил и најстар. Тргнал на пат во насока на исток и приквечерта стасал на планината Рила, каде што и останал. По него се разбудил свети Прохор Пчињски, тргнал на запад и барајќи највисока планина се запрел на планината Козјак. Свети Јоаким Осоговски отишол на планината Осогово, во месноста Сарандопор, а свети Гаврил Лесновски се разбудил последен, видел дека сите заминале, па решил да остане во Лесновска Гора.


     

     
      
    Автор: Радмила Заревска / radmila.z@novamakedonija.com.mk 
     
     (Нова Македонија)
    12 март 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 242 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024