Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 0:14 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Ограбени четири цркви во Ресенско

    Ограбени четири цркви во Ресенско

    Четири цркви се ограбени деновиве во Ресенско, соопшти денеска МВР

     
    Завчера, во полициската станица Ресен се пријавени две кражби кои се случиле во периодот од 21 до 22 март. Првата кражба се случила во црквата „Св. Никола“ во село Сопотско, каде непознат сторител со употреба на погоден алат и физичка сила влегол во црквата и одзел околу 900 денари и метален крст. 

    Втората кражба е регистрирана во црквата „Богородица“ во село Крани, каде непознат сторител со употреба на погоден алат влегол во црквата и одзел сребрен крст, којшто тежел околу 400 грама, како и околу 2.700 денари.

    Во периодот од саботата до неделата од викендот, во село Лева Река, Ресенско, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба во црквата „Св. Никола“ од каде се одземени 500 денари. 

    Вчера, пак, околу 16 часот, во ресенското село Кривени, непознат сторител со употреба на погоден алат извршил тешка кражба и во црквата „Св. Ѓорѓија“ од каде одзел 200 денари.

    Во сите четири случаи извршен е увид и се преземаат мерки за откривање на сторителите. (МИА)
    (Нова Македонија)
    24 март 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 162 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024