Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 0:14 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    KРУШАТА СЕ ВРАЌА НА НИВИТЕ

    KРУШАТА СЕ ВРАЌА НА НИВИТЕ

    Kруши од Шпанија, кајсии од Бугарија, вишни од Србија. Ова се декларациите што може да се прочитаат на тезгите со овошје во маркетите. Kаде е тогаш македонското производство? Официјалните статистички податоци говорат дека над 60 отсто од овошните дрва во Македонија се јаболка. Од осамостојувањето на аграрот до денес бројот на родните јаболка двојно се зголемил, а за сметка на тоа има намалување на останатите овошни дрвца. Дуњата и црешата се исчезнати од статистичката листа бидејќи ги има во многу мал број, а намалување има кај крушата, сливата, вишната и кајсијата.

    Жарко Ѓошевски, директор на секторот за земјоделство во „Жито“ од Велес вели дека последниве неколку години се обидуваат да ја вратат македонската круша на трпезите. Вели дека насадите со круша ги имаат на 33 хектари од каде што за оваа години се очекува да се добијат 200-250 тони круша. Но, со оглед на површината што ја имаат засадено за две години се очекува да се добиваат околу 800 тони.

    - Производството на круши во Македонија, во последнава деценија е намалено како резултат на болест за која нема лек. Таа се појави уште во деведесеттите години кога уништи поголем дел од насадите со круша. Меѓутоа потоа се случи неверојатен развој на технологијата за огледување круши, нешто што ние како земја го пропуштивме и што денес ни недосига. Веруваме дека е време во Македонија да се врати масовното производство на круши. Постои и пазар и побарувачка, крушата е едно од овошјата типични за ова поднебје, па оттука и потребата да ја имаме на пазарот. Насадите со круша во Македонија засега се ретки, освен некои помали површини. Паралелно со домашниот пазар, постои интерес и од европските држави како и државите од поранешниот Советски Сојуз, и за тоа постои растечки тренд - вели Ѓошевски.

    Тој објаснува дека имаат засадено преку 50 сорти круши кои се тестираат за ова поднебје за евентуално садење нови површини. Но, сепак, од асортиманот на крушите најзастапена е „вилјамовката“.

    - Ако се следат најновите технологии, знаења и се вложува во производството, се постигнува поголем квалитет и поголем принос. Овоштарството не е исклучок од ова правило и е поисплатливо ако повеќе се вложува во неговото производство. Имаме 139 посадени со долгогодишни насади од разни овошја за кои имаме инсталирано систем капка по капка што практично значи на секое дрво или лоза има дотек на вода и храна- објаснува Ѓошевски.

    Во Сојузот на земјоделците на Македонија потврдуваат дека во земјава се враќаат овошките што беа пред исчезнување.

    - Точно е дека стануваме држава на јаболката, бидејќи во најголем број ги има на нашите ниви. С` садат најмногу бидејќи за нив имате каков таков пласман. Но има и вишни, кајсии, а и круши- вели Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделците на Македонија.

    Во Министерството за земјоделство велат дека во согласност со нивните податоци учеството на јаболкото во вкупното овоштарско производство како по број на стебла така и по хектари површина се движи од 50-55 отсто.

    - Бројот на јаболката се должина повеќе фактори, од кои најзначајни се поволните климатско-почвени услови, како и долгогодишно искуство и традиција за производство на оваа овошна култура. Во согласност со нашите податоци извозот на јаболкото во периодот 2010-2012 е во постојан пораст, имајќи предвид дека остварениот девизен прилив од извозот на јаболко во последните три години е во постојан пораст, од 12,7 милиони евра во 2010 година на 15,1 милиони евра во 2011 година. Лани од извоз на јаболка сме оствариле дури 16,6 милиони евра- велат во Министерството за земјоделство.

    Оттаму објаснуваат дека вкупниот број стебла на овошни дрва во последните 3 години бележи пораст.

    - Бројот на вишни е зголемен од 696 илјади стебла во 2010, на 770 илјади стебла во 2011, а лани имало 808 илјади стебла во 2012 година - велат во ресорното министерство.

       (Дневник)

       7 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 212 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024