Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-05-07, 2:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    МЛАДИТЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО КОНФЕКЦИИТЕ

    МЛАДИТЕ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА РАБОТА ВО КОНФЕКЦИИТЕ

    Македонската текстилна индустрија треба да работи за да го врати својот имиџ, кој е нарушен, веројатно по вина и на работодавачите, и на вработените, но и на опкружувањето, а државата не треба да се откажува од текстилот, зашто тој, како многу важна стопанска гранка кај нас, ќе функционира уште долго. Ова беше констатирано на годишното собрание на Текстилниот кластер, кој во петокот попладне се одржа во Штип, каде што е неговото седиште, со што беше одбележана и десетгодишнината од основањето на асоцијацијата. 

    Основни проблеми со кои се соочуваат текстилните компании се недостигот од работна сила и стручен кадар, ниската продуктивност поради застарената технологија и просечната возраст на вработените од дури 47 години, немањето поволни кредитни линии, мирувањето на капацитетите во време на меѓусезони, тешкото напуштање на лонот преку создавање сопствени финални производи и брендови, каква што с` почеста била побарувачката на европскиот пазар, како и немањето домашна суровинска база, поради што се одлеваат високи суми за увоз на репроматеријали, поради што и вредноста на реалниот извоз се намалувала, 

    Текстилци од југозападниот дел на Македонија се пожалија дека недостигот од работна сила и незаинтересираноста на младите за работа во конфекциите, а недостигот од работна сила засега некако се ублажувал со вработување веќе речиси 2.000 луѓе од соседните општини во 80-ината штипски конфекции. Неискористени резерви за пополнување на празните одови за време на меѓусезони, што би овозможило и попрофитабилно работење и зголемување на ниските плати на вработените, се гледа во создавањето услови за поголемо производство на готови производи, зашто, покрај другото, само на македонскиот пазар годишно се увезуваат готови текстилни производи во вредност од 50 милиони евра. (Љ.Ш.)

    (Дневник)

    7 април 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 241 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024