Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-05-19, 1:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Русија [156]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Русија » Русија

    Како се пишуваше Уставот на Русија (2дел)

    Како се пишуваше Уставот на Русија


    Кога се пукаше врз Белата куќа
    Денес во Русија се одбележуваат 20 години од кулминацијата на уставната криза која заврши со гранатирање на парламентот следниот ден, 4 октомври 1993 година. Последиците од овие трагични настани во земјата сè уште се чувствуваат. Новиот устав, кој беше усвоен во декември 1993 година, му даде на претседателот речиси царски овластувања. Со кршењето на опозицијата на политичката сцена стапија нови партиски водачи, од кои поголемиот дел до денешен ден седат во Државната дума.

    На 21 септември 1993 година си заминав од Белата куќа дома. Вечеравме и гледавме телевизија. Одеднаш вечерните вести прекинаа и претседателот се огласи со решение за распуштање на парламентот. По еден час дојдоа по мене и ми рекоа дека сите мораме да одиме во Белата куќа. Отидов. Беше околу 23 часот. Се беше собрал целиот секретаријат. Олег Румјанцев рече дека треба да напишеме проект-резолуција за Конгресот за односите кон указите на претседателот. Почнавме да пишуваме. Румјанцев постојано одеше на заседанието на Конгресот и се враќаше со текст и со корекции. Сите бевме изморени и околу пет часот наутро се прибравме по кабинетите за да поспиеме. Јас заминав дома. Следниот ден повторно се вратив, а Белата куќа беше оградена и веќе никого не пуштаа.

    Ситуацијата нагло се влоши, од страста не остана ништо, беше јасно дека сето тоа нема брзо да заврши, а исто така беше јасно дека ни крајот нема да биде добар. Сепак, понекогаш успевав да излезам од Белата куќа. Таму имаше проблем со осветлувањето, со врските, проблеми со канализацијата. Во еден од првите денови на октомври излегов во темниот ходник. Луѓе со оружје се шетаа натаму-наваму. Ја отшрафив табличката на која беше напишано „Уставна комисија" и ја зедов со себе. Си помислив дека ако е потребно можам повторно да ја зашрафам, а вака ќе си ја земам за спомен. И излезе дека е за спомен. Убаво што успеав да ја сочувам. Потоа му ја дадов на Олег, како на човек кој има полно право да ја чува. 

    Потоа почна да се пука, уставната седница заврши, на референдум беше донесен доработениот проект на Уставот, беше избрана Думата. И така сè заврши.

    Андреј Гољцблат е кандидат на правни науки. Член на Меѓународната (IBA) и на Американската правна асоцијација (АВА). Од 1991 до 1994 година бил раководител на секретаријатот на Уставната комисија на Врховниот совет на Руската Федерација. Бил на чело на експертите за изработка на Устав на Руската Федерација.

       (Руска реч на македонски)

       13 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 247 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024