НАТО како „Застава филм"
Во пресрет на самитот, во Македонија НАТО одржа вежба со филмско сценарио. Сценариото некои медиуми го спакуваа како ударна вест: „Македонија ќе биде цел на напади на Ал каеда". Новинарите на „националните" медиуми, демек, решија да ни го глумат Орсон Велс. А државата Македонија се согласи да биде дел од кастингот. Многу јако!
Во подготовка за овопеточната колумна, сакалдисана од минатонеделната ограда на Н.Н. идеолошката комисија во редакцијата, демек, со вклучена автоцензорска светилка, се думав дали да коментирам таканаречена политички дозволена тема (значи, досадна) или да продолжам таму каде што застанав минатиот петок. Не ми се преџвакуваше Наташа Савова, која политички се самоуби на отворена сцена. Не дека не заслужува и јас да ја „миросам", ама си реков дека бадијала ќе трошам на неа букви оти женава и онака нема ништо да разбере. Просто - толку ѝ сече. Тоа е! Не сакав да му се навртам ни на Макрадули од истите соображенија. Парадата на исламските фашисти во сите форми, а по повод изведениот терористички акт кај Смиљковци, и без моја сликовита помош продолжува да се одвива на комично ниво. Ред задоцнети изјави, ред лицемерство, па повлекување на марионеткиве и нивниот гнев по најновите амбасадорски директиви.
Според тоа, решив да ви насликам експресивен колаж од три настани (теми) што ги сметам за впечатливи и далекосежни, па според тоа го заслужуваат вашето внимание.
Знам, знам дека сите сме фокусирани на годишното заседание на НАТО во Чикаго. Толку долго нѐ „жилават" со важноста на овој самит, толку систематски ни переа мозок што и во сон да нѐ дигнат, непогрешливо ќе ги изрецитираме сите политички фрази со кои нѐ дотепаа „мејнстрим" медиумите. Јас сега ви предлагам да го видите сериозното НАТО од еден друг агол. Од неговата смешна страна. Бидете бре мајката и вие малку креативни! Бидете вие за миг Борат. Не негова копија, туку покреативни од него. Лесно му беше на Саша Коен да се „заебава" со Садам Хусеин и Таџикистан. Ај, да го видам колку спонзорства ќе натепа ако тргне да го исмева НАТО-естаблишментот. Е, Борат не може, ама јас си можам. Плус, НАТО ми дава екстра-материјал за терање мајтап.
Во пресрет на самитот, во Македонија НАТО одржа вежба со филмско сценарио. Сценариото некои медиуми го спакуваа како ударна вест: „Македонија ќе биде цел на напади на Ал каеда". Новинарите на „националните" медиуми, демек, решија да ни го глумат Орсон Велс. А државата Македонија се согласи да биде дел од кастингот. Многу јако! Нема што! Прво што ми падна на памет беше дека секоја историска реприза барем во поглед на естетската вредност е тешко срање. Потоа си реков дека иднината на НАТО ќе биде најсигурна ако се пререгистрира како холивудско студио за производство на акциски филмчиња од Б-категорија. По овој самит, зошто воопшто да губат време и да вложуваат креативен напор да се одржат како компилација на сериозен воен сојуз со планетарни хуманитарни задачи, колонијалистичко-политички содржини и волстритско-шпекулантски надградби, кога стопати поавтентично е да се реформираат како евроатлантска „Застава филм приказује". Продуценти има. Глумци и статисти колку сакаш, сценаристи да ги ринеш со лопата, а режисери еден куп. Фали само глуп народ да ги полни киносалите од типот на „Напредок". Нема веќе романтизам. А и ова „третиот свет" не е она што беше. Па да, кога и Бангладеш се нареди во земјите со најбрз развој, што сакате, некој уште да наоѓа задоволство, заштитен од мракот, храбро да моча од балкон врз публиката во партер. Освен оние издоктринирани исламски фашисти што од џамија, наместо исчистени од гревот, излегуваат на „демократски" протести како шејтанот да им влегол во задникот. Тие и онака си се во мрак и не умеат да разберат дека оние што ги с’скаат всушност ги вежбаат, за потоа полициите и армиите да ги таманат како тавтабити.
На крајот ми текна дека оваа креативна вежба мора да има и продолжение. Нешто како Рамбо кец, двојка и тројка. Кај и да е, на следниот самит „НАТО филм приказује" ќе истрча со сценарио „Осамените радикални христијани ја напаѓаат Македонија". Ама не кои било. Гарант во улога на опасни радикали ќе се појават ортодоксните, ако продолжат да се бунат против ракетниот штит. И кога сум кај ракетиве, на 9 мај случајно го заушив заменик ген-секот на Фог Расмусен, некојси генерал (неговото име мене ништо не ми значи) и за малку што не паднав од стол. На новинарско прашање зошто САД одбиваат да потпишат договор во кој она што го говорат политичарите ќе биде оверено со потпис и ќе има вредност на меѓународен (значи обврзувачки) договор, замеников одговара: „Прво се работи за парче хартија што може да се скине или запали" (демек, не обврзува никого на ништо), а второ, „таков договор никогаш нема да пројде во американскиот конгрес и сенат". И кога е така, заменикот на Расмусен вели подобро е да се игра на жими мајка. Од погоре кажаното сфатив дека НАТО е во кома. Како нашиов востанички СДСМ. До толку повеќе што не слушнав дека генералов, како и Савова, по ваква бламажа, итно поднел оставка или си пукал во глава.
Па, што не кажете, бе господо стратегиски партнери, дека е укинато меѓународното право! Дека ничиј потпис не важи. Што си играме уште цивилизација? Значи, затоа не важи за вас судската одлука на Меѓународниот суд на правдата. Какво вето на Грција, какви пишани акти и ваши потписи на вашите статути! Секое парче хартија може да се скине и запали. Според тоа, и рамковниот, за кој не е утврдено ни дека постои. Од овие ли бе уште некој бара гаранции за идентитет или за безбедност? Оваа политика ли е стратегиски интерес на нормални луѓе? Значи, толку за НАТО-самитот и нашите очекувања сврзани со неговите одлуки.
Но затоа сериозна работа е оваа турнеја на Никола Груевски во Кина. Кина е сериозна држава, која води сериозна политика. Стратегиски фрла поглед далеку во иднината, а времето го пресметува во еони. Македонскиот премиер во две недели двапати се среќава со својот кинески колега Ху Џинтао, што е само по себе светски преседан. Како беше она што го цитираше Груевски повеќе пати? Една слика илјада зборови! Е па, за тоа зборувам. Сликата ја видовме во Варшава. Десетина дена подоцна сме сведоци на почетокот на делата. Фактот дека малата и оспорувана евроатлантска Македонија, по тешкиот политички гаф со признавањето на Тајван, е означена како видлива точка на политичката и инвестициската „роуд мап" на огромната Кина, стратегиски, национално, за нас тежи илјадапати повеќе од точката „разно" на НАТО-самитот во Чикаго. Ако ова некому не му е јасно, нека повели на 24/7 кинопроекција во „Напредок".
На крајот на овој мој колаж ќе спомнам уште еден настан што ме израдува. Во „Јади бурек" соговорник на Јанко му беше Михаил Младеноски. Дечково ме воодушеви. Харизматичен, интелигентен, со течна мисла, артикулиран говор, јасни ставови, пораки, прецизни и зрели анализи. Нема да нема! Спакуван квалитетен политички производ подготвен за голем политички пазар. Претпоставувам дека Михаил не е „осамен глас во пустината" во СДСМ. Мора да ги има многумина како него и во политичката левица. Само изгледа дека зомби-елитата или жестоко ги диференцира преку неверојатен партиски мобинг или ги користи како безгласни буреконосачи на етаблираните полуинтелигенти од партискиот врв. Сепак, ако дечкиве како Михаил си утврдат висока точка на топење, ако се решителни да ја преживеат тековната сталинистичка харанга, им гарантирам дека ќе излезат како победници. Нивната победа ќе значи победа и на новата, вредносно и генерациски прочистена Македонија, во која релаксирано и без трауми ќе се оди на избори. |
|
|
|
|
|