Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 9:19 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Имаме ли друга опција освен евроболшевизмот? 21-9-2012
    2013-09-07, 3:44 AM

    Имаме ли друга опција освен евроболшевизмот?

     

    Не е ли време ние овде да видиме, да слушнеме, да побараме јавна дебата преку која ќе го утврдиме менталното здравје на европската заедничка политика. Односно, да утврдиме дали претставниците на Унијата знаат што прават, што зборуваат? За каде нѐ спремаат нашите политичари? Што подразбираат под ЕУ? Каква ЕУ е врвен приоритет? Ваква секаква, односно никаква? Дали зачленувањето останува „единствен избор", односно „единствена опција"?

     
     
     
    Чекај да видам дали добро сум ги фатила „нишките" на нашата внатрешна политика за да си објаснам логично што по ѓаволите се случува. Имаме официјално потврдена рецесија, која како вест никого не го возбудува. Имаме функционална влада, која во Собранието, поради блокада од страна на коалицискиот партнер, не може да протурка еден закон. Имаме демонстрација на понижување на државата преку непочитување на законите и Уставот од страна на државни функционери. Имаме демонстрација на немоќ на државата во санкционирање на ваквите појави. Низ медиумите почнаа да фрчат американски депеши за Бранко и за Фрле. Божем Викиликс почна сега да протечува, па „провладините" медиуми ги објавуваат телеграмите и писмата на Виктор Комрас, кои сугерираат дека Бранко бил организатор на шверц со нафта, а оние „под владение" на СДСМ, заради возбуда во сапуницата, преку депешите на Филип Рикер го разоткриваат дијаболикот Фрчкоски. Иако телеграмите не ѝ откриваат ништо ново на македонската публика, интересот со кој ја следи претставата води до заклучок дека почна сезоната на праќање шифрирани пораки, кои со мезе и ракија се дешифрираат „чопоративно" во скопските кафеани. Едната е дека Бранко вака го охрабруваат да си замине од челната позиција на партијата за да го ослободи просторот за нов американски човек, кој успешно ќе ги брани и спроведува американските национални интереси. Ако може уште на првите парламентарни избори. Втората порака е комбинирана и му доаѓа нешто како колатералка стриктно за внатрешнопартиски потреби, но со општонароден ситаџиски шмек.
    Оти во СДСМ очигледно владее тотален хаос. Сакам да кажам, изгледа дека и овој пат проработела алатката за пронаоѓање внатрешен непријател. Фактот дека првите позиции на СДСМ гласно молчат за содржината на објавените депеши говори подобро од сите анализи. Да беа во прашање амбасадори на Кина, Русија, Романија, Бугарија, па дури и на Грција, Макрадули и Шема ќе ги залапаа микрофоните уште во првата секунда. Е, ама не се. Овие им се налогодавци. Како такви тие се господари на нивните судбини. Може да им ги „протечат" кога и колку сакаат. Што е судбина на сите клиенти. 

    Во таков општ амбиент, доаѓањето на еврокомесарот Филе во Македонија не ја донесе очекуваната возбуда. Се пегла најновиот извештај, како што се вели, за напредокот на Македонија кон ЕУ. Колку што разбрав, и двете страни се задоволни од напредокот. Добро е! Можеби овој пат секретарките во Брисел нема повеќе да прават технички пропусти, па ќе ја спомнат овде-онде придавката македонски!? Утврдено е дека Македонија со несмалено темпо ги турка реформите и е послушен ученик што совесно си ги исполнува школските обврски. Демек е бубалица и како секој бубалица си ги слуша беспоговорно учителите. Се радува кога тие ќе го пофалат, уште повеќе ако го погалат или на раче му напишат петка со фломастер. Е, ама тоа уште не значи дека патот до Европа ќе ни е помалку џомбаст.

    Туку сосема спротивното. Филе нѐ предупреди дека во идните етапи нѐ чека сериозен одрон на камени грамади. Не само со Грција туку ако сакаме членство во ЕУ треба да си ги уредиме добрососедските односи со сите пет држави со кои граничиме. И со сите пет имаме отворени прашања. Ние ги признаваме сите пет, а нас фактички не нѐ признава ниту еден комшија. Сите имаат имотноправни и историски претензии кон нашата парцела, а од нас се бара да имаме разбирање, да бидеме флексибилни и беневолентни кон сите соседски побарувања за земјите-членки на ЕУ конечно да ни дадат датум за почеток на вистински преговори за членство.

    Од некои „необјасниви" причини јас токму на ова место и по повод еден ваков совет од европски функционер си поставувам прашање? Не е ли време ние овде да видиме, да слушнеме, да побараме јавна дебата преку која ќе го утврдиме менталното здравје на европската заедничка политика. Односно, да утврдиме дали претставниците на Унијата знаат што прават, што зборуваат? За каде нѐ спремаат нашите политичари? Што подразбираат под ЕУ? Каква ЕУ е врвен приоритет? Ваква секаква, односно никаква? Дали зачленувањето останува „единствен избор", односно „единствена опција"? Со други зборови, мислам дека е време да ни се каже каде всушност ќе се зачленуваме?

    Јас, на пример, не знам. Особено откако шефот на заедничката европска влада што се вика Комисија со која претседава Жозе Мануел Баросо пред Европскиот парламент најави уште една темелна промена на европскиот устав, кој по последната преработка се вика Лисабонски договор. Новиот темелен акт се најавува за 2014 година. Машала! Вакви чести интервенции во темелот, и тоа во збиен временски период, мене ми говорат дека зградата нешто не е баш стабилна. Во таква несигурна градба нормални луѓе не купуваат стан од безбедносни причини, а потоа и поради „опцијата" да останат без никаков стан, под претпоставка дека го преживеале рушењето на зградата. Освен ако се очајници, бездомници што бараат привремени решенија да се засолнат пред некаков „кијамет". Значи, ајде прво да ги слушнеме аргументите на домашните политичари, па на експертската јавност за последните изјави на Баросо. Тој најави европска федерација. Ама кажа нешто и за нејзиниот внатрешен дизајн. Комесарот смета дека носителите на највисоките функции не требало да бидат избирани на непосредни избори, туку делегирани. Како во СФРЈ. Па, нормално, што има народ да се замара со избори кога може тоа да го прави една утврдена авангарда со кадровски листи, која на таков начин, преку перманентни внатрешни ротации на утврдените кадри, ќе го практикува „природното право за владеење" врз масите. И ова не било евроболшевизам? Ако не е, нека каже некој што е! 

    Не дека оваа „генијална" идеја на Баросо нема поддржувачи и кај нас. Особено во СДСМ. Еве, на пример, во тој правец од поодамна визионерски се движи Фрчкоски, кој мисли дека Македонија треба да добие ротирачки функционери со едногодишен мандат по урнекот на швајцарската конфедерација, иако Уставот на Македонија во деловите што не се рамковни јасно ги утврдува мандатите и начините на кои тие се оформуваат. Ама човекот сам, како државата да му е негов стан, темелно си го преуреди. Нѐ исфрли од непосерените избори во една секунда! Кој друг има таков талент за а ла минут решенија? 

    И трасерот Кире Наумов во последната колумна со чудесна ноншаланција ги советува своите сопартијци да не прифатат парламентарни избори (редовни или вонредни) сѐ додека во Македонија не се одржи попис. Што е бе ова? Очај ли ги тера луѓето вака да откачат? Ако не се одржи попис, опозицијата требало да ги бојкотира изборите!? Колку што јас знам, во Европа во ниту еден случај попис како статистичка операција не бил посочен како причина за неизведба на избори. А што ако нема попис? Што ако нема избори? Што ако изборите се одржат без опозиција? По кој пат одиме, господо, со вакви идеолози ако воопшто може да се именува како пат? 

    Сепак, време му е на Груевски во проектот за превод на значајна литература итно да ги вклучи собраните дела на Едвард Кардељ, колку за да се потсетиме на плодотворниот систем, кој во последната деценија на минатиот век рокна. За да си ги обновиме знаењата пред ЕУ да се трансформира во Југославија и пред Македонија да ја зафати нов бран евроентузијазам од болшевичко бирократски карактер. Боже! Кога само ќе помислам дека цел живот ни помина како заглавена публика во лошо режирана историска фарса со грозен „избор" на неталентирани глумци!
     
       
    Автор: Mирка Велиновска  
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 266 | Downloads: 0 | Comments: 2 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025