Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-02-07, 1:47 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Без Фуере Македонија е успешна држава 12-10-2012
    2013-09-07, 6:36 AM

     Фуере Македонија е успешна држава

    Креирање слика за стварноста, која нема многу врска со реалните состојби, злонамерност во интерес на некого, приближно така функционираше Европската канцеларија во Скопје под раководство на симпатичниот Фуере. Тој пазареше на Буњаковец. И токму деновиве слушам пазарџиски муабети (пазарот и тезгаџиите се доста информиран и многу интелигентен свет, кој одлично ги конта работите од големата политика), дека човеков овде си имал дечко

     
     
     
    Добро. Го добивме и четвртиот по ред европски извештај. Положивме. Не ја знам оценката, ама сигурно е повеќе од „двојка", со колку прелиминарно во Собранието ја оцени работата на македонските институции Радмила Шеќеринска. Додека одеше централната вест којзнае зошто се сетив на Ерван Фуере. Море, многу добро знам зошто уште не можам да го истерам од памет! Да беше уште амбасадор овде, извештајот ќе имаше радикално поинаква содржина. Онаква по која неутешно плачат некои партии, Лидија Димова и разни „забравам ги" персоналитети. Ќе фрчеа тешки заушки и прес-конференции на докажани ЕУ-преторијанци, кои со екстатични фаци ќе ни ја објавуваа националната катастрофа. Креирање слика за стварноста, која нема многу врска со реалните состојби, злонамерност во интерес на некого, приближно така функционираше Европската канцеларија во Скопје под раководство на симпатичниот Фуере. Тој пазареше на Буњаковец. И токму деновиве слушам пазарџиски муабети (пазарот и тезгаџиите се доста информиран и многу интелигентен свет, кој одлично ги конта работите од големата политика), дека човеков овде си имал дечко. Дечко му бил „случајно" од некое село во Дебарца, а ги сврзал во партнерај некој политичар-опозиционер од тој крај. Браво за опозиционерот. Нашол начин како ефектно да го врзе за својата „политика" европскиот претставник. Е да, мора тоа да била врската поради која од 2006 година до моментот кога тој си замина, човеков во Брисел немаше испратено еден убав збор и затоа земјава јадеше само шлаканици од Брисел. Штом од видното поле ги снема Фуере, Талер, Кацин и Шацимаркакис и нивната медиумска тајфа, се смени и европската перцепција за Македонија. Молам! Колку да се знае што може пропаганда да ти направи ако ја организира некој моќен центар, а ти си дремеш. Ми текна вчера и на Денко Малевски и неговата оценка за значењето на пресудата на Судот на правдата во Хаг и воопшто на меѓународното право наспроти политиката на сила. Една година потоа, ништо веќе не е како што беше. А хашката пресуда почна да ги покажува своите историски вредности.

    Мене, право да си кажам, веќе не ме потресуваат ни позитивниот извештај ни препораките од Европската комисија. Браво за нас, за оние што работеа на реформите, ама, како што викаат искусните Македонци, не смееме да заборавиме дека овој наш пилав има уште многу вода за пиење. Затоа, јас сум си фокусирана на иднината што сега се одработува. Сакам да ја видам, почувствувам, насетам, оти на располагање го имам само „сега". Потоа ќе биде реалност исткаена од последици. 

    Од практични и рационални причини, предлагам да почнеме да промислуваме како возрасни и да бараме информации за тоа во каква унија, со каква законска регулатива и со кои темелни вредности на крајот на патот ќе влеземе. Сосема сум свесна дека сега, кога Брисел ни се чини многу далеку, повеќе нѐ преокупираат домашните теми, озборувања, шпекулации. Ама утрето не е баш толку далеку за да не помислиме дали и колку квалитетно ќе преговараме со Брисел. Оти, нели, во изминативе дваесет години нашите преговарачи баш не се покажаа како вешти и умешни луѓе. Дали насобраното искуство, дали добронамерните укажувања и совети на многубројните делегации од земјите од Унијата ги имаме слушнато и запаметено. Сите ни укажуваа на тврдите преговарачки позиции на Брисел наспроти националните на земјите-аспиранти. Тие не се рамноправни. Помалиот „партнер" сме ние. Нив ги штитат заеднички одлуки, директиви, заклучоци, утврдени политики, петгодишни планови и огромна бирократија, која не оди на непосредни избори. Нас не нѐ штити ништо. Ако лошо испреговарате, има да ве пцујат дома. И ако добро испреговарате, некои ќе ве пцујат дома. 

    И кога ЕУ ни е единствена „опција", кога веќе „изборот" сме си го стесниле на единствено можен, ајде да се соочиме со него. Оти на секој чекор гледам луѓе што немаат блага врска што е тоа да си член на унијата на држави. Се жалат дека државата води грозна казнена политика, глобите за сообраќајни прекршоци биле големи, имало камери по улиците, па возачите биле под притисок и така губеле од концентрацијата. Кога ќе им кажеш дека казните се европски, веднаш одговараат дека платите не ни биле. Е да, ама правилата во ЕУ се еднакви за сите. Ние сакаме во престижниот клуб, без оглед колкави ни се платите, па според тоа, глупо е да очекуваме правилата во Германија, Данска и во Франција да се сменат зашто нам ни се мали платите. Така наивно си мислеа и Бугарите и Романците додека пуштаа славенички балони, ама брзо се отрезнија. И Грците нешто се препелкаат и бунтуваат, ама џабе. 
    Изземање од европското заедничко законодавство во 23 поглавја не постои како можност. Е затоа сега имаме четири опции. Или да си ја поправиме економијата за да имаме добри плати, или да бидеме надвор од ЕУ и да си продолжиме голтарски „купи ден помини" живот. Да останеме надвор од ЕУ, ама да ги прифатиме добрите европски практики и да ги применуваме стриктно како да сме членка на Унијата, или да бидеме Грци, па да глумиме како да имаме солидна економија, да лажеме на големо и да живееме на кредит - додека не банкротираме и отидеме на барабан. 

    Тоа е едниот пакет-теми што треба да нѐ фокусираат. Вториот пакет е сврзан со кризата низ која минува ЕУ, ама и сите земји-членки. Таа од економска се претвори во должничка, па банкарска, па социјална, системска и политичка. Што да се лажеме, дури и сите „мејнстрим-медиуми" консензусно да ги кријат информациите, набивајќи ги на крајот на вестите, во некое ќоше од весниците, сепак се гледа. На пример, дека ЕУ во моментот, покрај сите други гајлиња, ја измачува трендот распаѓање на државите, на враќање во минатото и експериментирање со средновековното самоуправување. Во 14 европски држави одредени градови веќе си вовеле своја градска, алтернативна валута со која месното население ја одржува во живот локалната економија. Луѓето експериментираат враќајќи се во минатото за да си ги решат денешните проблеми! Кај и да е, ќе се сретнеме повторно и со стоковата размена. Такво е времето. А и нема кој на Европејците да им курдисува часовници со порака: „Гледајте напред, а не назад".

    Не верувавте, нели, дека ќе доживеете Венеција во 21 век да бара отцепување од Италија со образложение дека во минатото била просперитетна држава, и сега бара да не му плаќа веќе даноци на Рим. Вака како што тргнало, прашање е на време кога ќе стигнат Италијанците до територијалната поделба од времето на Ромул и Рем. Шпанија одамна си има главоболки со баскискиот и каталонскиот сепаратизам, ама ете ги кај најавуваат дека ќе втрчаат на теренот и Кастилијанците и Арагонците. Европа веќе ја чекаат два референдуми за отцепување. Оној на Шкотска и на Каталонија. 

    Ајде, со Господ напред да видиме како ќе помине таа работа. Оти дури и ако тргнат по свој пат, тоа пак ќе биде во рамките на ЕУ. 

    Ние, како публика, во киносала, ете, ќе имаме ретка можност да уживаме во 3Д-дејството и да се увериме во принципиелноста и креативноста на Брисел. Оти лесно беше да се навива за отцепување на Косово од Србија, да се калкулира и предвидува уште едно парчење на Македонија, ама на дневен ред дојдоа кралствата и некогашните империи. Никој нека не се изненади кога овие од Брисел ќе почнат на сепаратистите да им виткаат раце, кога ќе почнат да фрчат закани и уцени. Лондон, Мадрид и Рим, а особено Берлин и Париз како следни во доминото, нема да седат со скрстени раце. Така рече британскиот премиер Дејвид Камерон. Тие додуша нема ни да парадираат јавно како во случајот кога дрско се откажаа од американскиот мултикутурализам. Нивната работа овој пат ќе ја вршат комесарите и преостаната европска бирократија, која не одговара пред никој зашто си се избира (договара) тајно.
     
       
    Автор: Mирка Велиновска  
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 301 | Downloads: 0 | Comments: 5 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025