Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 9:21 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    СДСМ ќе падне од тераса - 19-10-2012
    2013-09-07, 7:02 AM

    СДСМ ќе падне од тераса

     

    Забораваш ли дека за крајов на октомври е закажан митинг на опозицијата во Скопје? А каков ќе биде тој митинг ако не е гооолем колку победа на избори? Зарем не гледаш дека за своја нова победничка химна ја присвоиле (украле) навивачката песна „Излези момче право на тераса", која ја исплукаа - дотука бидува, и го адаптирале за свои потреби автентичниот текст, па сега активистите ја вежбаат по скопските кафеани!

     
     
     
    Ревматичарите знаат кога ќе се менува времето по тоа што ги „вртат" коските. Деловните луѓе со сончогледски табиет знаат кога „пада влада" и навреме фаќаат штрафта, демек се дистанцираат од довчерашните пријатели во власта или за секој случај, ако се недоволно информирани, носат во гепек резервни дресови за брзо пресоблекување. Само новинарите што се директно изложени на партиските зрачења изгледа си останаа без развиени инстинкти и редовно, пред секои избори, се фаќаат како клен на дудинка на исти партиски финти и трикови.

    Бре, мајката, си викам вчера, можно ли е до толку да ги парализира стравот за да ја изгубат вродената способност за логицирање, ако веќе им се рудиментирани и инстинктите? А еве зошто: слушам муабети од солидно избрифирани новинари од страна на „високи и добро упатени извори во врховниот штаб на опозициската коалиција" дека овој пат на локалните избори СДСМ гарант победува. Врз основа на кои факти, показатели дошле до ваков заклучок, го прашувам мојот избрифиран брифер, инаку искусен професионален новинар, а тој ми вели дека му рекле оти партиските анкети го покажувале тоа. И како анекс на нашиов информативен разговор ми кажува дека бриферите добронамерно го советувале да се дистанцира од идните губитници зашто идниот победник веќе подготвил „демократски, европски" и партиски пресуди за нелојалните новинари.

    Така, му викам на колегата, стигнавме до вистинската тема! Значи, повторно некои новинари добиваат улога на пренесувачи на партиски пораки како оние анонимни писма со „факти" за излекуван фиљан и фиљан човек од тешка болест во Флорида, Мексико, Тунгузија, со замолница до вас да ја препратите „информацијата" на нови десет адреси за да не се прекинел информативниот (манипулативниот) синџир.
    А бе, човек, му велам јас на колегата, а ти не ли го праша бриферот зошто не ги објавуваат победничките анкети за да си ги израдуваат членството и симпатизерите и да го охрабрат непартизираниот народ? 
    Новинаров крева раменици. А му велам јас пак „наапано", не се сеќаваш колку пати во овие изминати шест години паѓате на иста финта? Па, бре, пред некој месец и самиот Владо Бучковски раскажуваше како врз основа на ваква лага за гарантирана победа во членството на СДСМ се градела лажна перцепција за сигурен победник. Го заборави ли оној скандал со Емилијан Станковиќ, кој прогласи победа на локалните избори, и тоа половина час пред ДИК да ги објави првичните резултати и кога секому му беше јасно дека победникот СДСМ беше поразен до гуша. Заборави ли што можеше да се случи ако на плоштадите тргнеа поддржувачите на двајца победници за да прославуваат? И, конечно, забораваш ли дека за крајов на октомври е закажан митинг на опозицијата во Скопје? А каков ќе биде тој митинг ако не е гооолем колку победа на избори? А како ќе собереш народ ако не споделиш со него сигурна ем тајна информација за тој да се охрабри за масовка. Зарем не гледаш дека за своја нова победничка химна ја присвоиле (украле) навивачката песна „Излези момче право на тераса", која ја исплукаа - дотука бидува, и го адаптирале за свои потреби автентичниот текст, па сега активистите ја вежбаат по скопските кафеани. Само сенешто си мислам дека со ваква стратегија на крајот победникот СДСМ ќе падне од тераса.

    Ова што го прават бриферите се вика манипулација, а преведено на народен јазик тоа значи дека пак почнале да нѐ работат како бавча, зашто знаат дека не вклучуваме професионален новинарски мозок, му велам јас.

    А наместо тоа, подобро ти е да ја видиш суровата реалност. Кој победник со одлични анкетни резултати во низа ќе ги крие како змија нозе имињата на идните градоначалници - сигурни победници до последен момент? Погледај ги кандидатските листи на победничката коалиција: СДСМ, столбот на коалицијата, влечната локомотива, напросто го нема на нив. Како да е статист. Како да е Титова лева нога откако му ја отсекоа. Ако и овде-онде се појавува, се појавува со стари свежи фаци. Во Охрид пак истрчува со Ацо, кој се прослави со изјавата дека не го признава македонскиот премиер, ами за свој го признава Бојко од Софија. Во Куманово, пак, ќе истрча со Циц, во Штип ќе настапи со лузер од претходните избори и пријател (кадар де) на Мите „брилјантин" за да се налути моќниот спонзор. Во Велес оди пак со кадар на ЛДП. И батали тоа, вистинската состојба ќе ја видиш во Скопје. 

    Еј, бре, човеку! Во Карпош фикс му е Стевче Јакимовски од ЛДП. Гази Баба му ја даде на Љупчо Георгиевски, кој фактички и нема партија. Во Кисела Вода ќе истрчува Тито Петковски, а видовме веќе со каков кадровски капацитет и која свежина располага неговата партија. Центар му го даде на шефот на ЛДП, Андреј Жерновски, кого ќе го прегази дури и актуелниот градоначалник Тодоровиќ и евентуално идниот кој било контракандидат. Фали само уште да го извадат од нафталин Ристо Пенов за да му се спротивстави на Коце Трајановски, па циркусот да биде комплетен.

    Јас нешто си мислам сега креативно дека дури подобар избор ќе им беше автентичната социјалдемократка Софија Куновска отколку вака што распишуваат тендер за лузери.

    Е, ама, видиш ти, финта достојна за еден Одисеј! Сигурниот победник и на ваков начин всушност сака да избегне констатиран сигурен пораз. Со шашма! Повторно! Демек, загубените избори и овој пат нема директно да им се припишат ни на СДСМ ни на доживотниот претседател, туку фактички ќе бидат поразени коалициските партнери. Пази, те молам, на што се сетил врховниот итроманец! Си отворил маневарско просторче за да избегне постизборна расправа за оставка, која, нели, се бара по пораз! А јас толку се чудев како на минатите избори ја извадија прочуената логика на Моамер Гадафи дека победникот во демократски избори фактички бил губитник зашто неговиот изборен резултат секогаш е помал од оној на збирот на губитници. Имало значи и повеќе и поглупаво!

    Е, баш морам да му оддадам признание на Мендух Тачи, кој изгледа ја има дешифрирано играта на Бранко, па предварително се дистанцираше од „победникот". Ту, бе, а само што ја формираа победничката „Осовина"!

    И, како ви се молам, сигурниот победник, кој со секој свој подготвителен потег ни праќа јасна ко ден порака дека се подготвува за уште еден пораз, може успешно да мавтосува искусни професионалци, чија работа е да дешифрираат политички пораки!? Можно ли е некој што сака да се прикаже како сигурен победник да не бара предвремени парламентарни избори за да ја зацементира победата, ами наместо тоа, за секој случај, да навестува бојкот, односно да си ја најде мааната ако може никако да не се случат следни избори.

    Богами, како што мене ми изгледа работава, а нешто и поради стекнатото искуство, кога толку време пред локалните избори почнува препарирање на теренот со доверливи а сигурни информации од ептен сигурни партиски извори, дечкиве од врвот на СДСМ се очајни галиба. А згора, штом почнаа толку рано пред локалните избори да нѐ плашат со губење работа, забрана за пишување, затвори и такви ми ти матракуки, работава не ќе им излезе на арно.

    Патем, да ја злоупотребам колумнава за „приватни" цели, ги молам бриферите на „победникот" да не трошат џабе енергија на мене. Остави што веќе не ми се ни смешни, ама белки се увериле досега дека ниту им се плашам ниту ми можат веќе нешто. Можат само да ме мразат, ама секој знае дека омразата е „средство" што го активираат хистерични слабаци и губитници. Сѐ што можеа досега ми го направија не еднаш, ами стотина пати, па ред е и тие нешто да научат - не секој е тесто за месење и дудуче (дувачки инструмент) во „славниот" медиумски оркестар, креиран за потребите на 15 септември 2002 година, а го промовираше лично Бранко Героски во својата славна колумна во „Дневник".
     
       
    Автор: Mирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 260 | Downloads: 0 | Comments: 2 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025