Богомил Ѓузел (1939)
БУРА ВО ТВОИТЕ ПАЗУВИ
Го кревам коскеното резе за да влезам во твојата планина сеќавајќи го зреењето на металите идната жетва и берба и ријам ријам цел рудник до конечната експлозија на мене...
Но за тебе сум само плоскамен што фрлен низ рамната површина потскокнува и се лизга по бесконечното тебе
а потем паѓа паѓа и се смалува до исчезнување на дното од мене.
Од "Република", бр. 9
|