|
Тефлонски тави наспроти џингани тенџериња 9-11-2012
| 2013-09-07, 7:28 AM |
Тефлонски тави наспроти џингани тенџериња
Кога сме веќе кај шутраците, ме затече неподготвена воспитно-научната заушка што на своите другарчиња во СДСМ им ја зафрчи „проминентниот" мислител Љубомир д-р Фрчкоски. Вели, новиот партиски кадар бил тефлонски. Не знаел да мисли и смисли победничка стратегија за да ја ничкоса „неофашистичката" власт. Ама, галиба тој знае. Како и секогаш
Сполај ти Боже, поминаа и овие американски избори. Планетата може да продолжи да ротира околу својата оска во досаден вселенски ритам утврден со космичките закони. Експертите утврдија дека со реизбраниот претседател во светската политика сѐ ќе си остане по старо. Ништо ново немало да се случи чунки Вашингтон држи до континуитетот на своите политики и интереси. Убаво. Само што ако е тоа точно, не гледам никаква причина македонскиот општествен крем да помине непроспиена ноќ или да се дига од кревет пред зори на повик на американската амбасада и како збир на регрути дисциплинирано ем насмеано да се појави на зборното место и да глуми резервно изборно тело на странска држава. Штом за нас не било важно кој ќе бил шеф на американската држава, штом политиката кон нашата држава ќе си останела иста кој и да победел, зошто толкава возбуда? А и каква е таа турбо-ритуална церемонија на бдеење на изборниот ден во Америка, ви се молам!? Нели пријателите на САД себеси се нарекуваат слободни нации? Нели Вашингтон е лидер на слободниот свет? А ваму, секоја амбасада на САД тоа деноноќие се претвора во локална Мека во која муслиманите кружат околу симболичниот Црн камен (акредитираниот амбасадор).
Е па, ебате слободата, која е под контрола на стравот од моќта на Вашингтон. Гребатори! Барем да добијат некој сертификат од Вашингтон дека станале аџии.
Она што мене ми беше важно во овие избори е реакцијата на светските берзи. Видовме сите кои се главните играчи зад фаците на претседателските кандидати. Доларот падна, како што паднаа и акциите на компаниите што работат за Пентагон, а се кладеа на Мит Ромни. Рипна вредноста на акциите на американските болници заради новиот здравствен систем што Обама сака да го инсталира. Победникот рече дека со овие избори ќе завршела декадата на американски тековни војни. Но бидејќи сѐ ќе си остане по старо, ова значи дека, кај и да е, Пентагон, по поразите во Ирак и во Авганистан, ќе почне да притиска за нова декада на нови војни. Компаниите за производство на смрт мора да остваруваат профит. Расте и невработеноста. Кога нема работа, има опасност од социјални бунтови. Мора на луѓето да им се даде ред леб, ред игри. Игрите се воени. Еден вид јавни работи за капатилни проекти. Тие решаваат социјала.
Невработените наместо да се тепаат дома, ќе тепаат кого стигнат надвор. Така функционира оваа империја. По угледот на римскиот империјалистички модел. Ич нека не се секираат нашите во АРМ.
Пошто ништо значајно нема да се менувало во американската глобална политика, значи ќе има простор за нови „шоулдер ту шоулдер" ослободителни војни и миротворни подвизи низ планетава. Шоуто што останува по секоја ваква ослободително-мирољубива операција за профит, нормално, ќе го подзачистуваат оние што по некоја случајност ќе останат живи. До кога така? Додека има шутраци и клиенти.
А кога сме веќе кај шутраците, ме затече неподготвена воспитно-научната заушка што на своите другарчиња во СДСМ им ја зафрчи „проминентниот" мислител Љубомир д-р Фрчкоски. Вели, новиот партиски кадар бил тефлонски. Не знаел да мисли и смисли победничка стратегија за да ја ничкоса „неофашистичката" власт. Ама, галиба тој знае. Како и секогаш.
Значи, овој Фрчко, кого пред три години го исфрлија како кандидат за шеф на државата Македонија, сѐ повеќе ме потсеќа на симпатичниот Обеликс. Кога не „туца камен, јаде..." да простите. Заштитен од волшебен напиток, нема потреба од мозок. И затоа а ла секунд од задник вади колосални решенија за сите „општествени" проблеми. Обеликс имаше грандиозен план како тој и Астерикс да го украдат лаворовиот венец на Цезар од кралската палата во Рим. Вака гласеше: „Ќе влеземе во палатата, ќе ја расчукаме таа банда, ќе го земеме венецот и ќе си излеземе". А еве што вели Љубомир д-р Фрчкоски: „Ќе донесеме закон за бранителите и борците на ОНА, ќе ја вратиме ДПА на главната политичка сцена, а ќе ја исфрлиме ДУИ од игра и ќе победиме". Навистина, на ова место фали уште прашањето на препаметниот Обеликс: „Како ви се чини мојот план?"
Што да ви расправам понатаму!
Денешниве тефлони во СДСМ сигурно не паднале од небото. Морал некој да ги одработи. Како што се гледа од приложеното, во нив има вложено многу труд и дотичниот мислител и остар критичар. За овие да станат брендиран тефлонски политички производ што ќе се позиционира „лево од центарот" морале долго и сериозно да бидат термички обработувани во џингани тенџериња со капак. Сакам да кажам, џабе ги кара сега. Како што тие не можат да ги задоволат желбите на Фрле за победа над „неофашизмот" на власт, така и ова издупчено џингано тенџере веќе не врши работа за ниту една готварска операција. Дури и најпростата. Протечува, брате, од сите страни. Да му ја мислеше Фрчкоски на ДПА како на сериозен политички субјект кога се фалеше дека ја родил во подрумите на МВР за да му го одземел политичкиот монопол на ПДП, да ја есапеше со уважување додека распрден го устоличуваше одметникот Али Ахмети во легален политичар во македонските институции, да се беше замислил пред да напише дека моралот за политичарот бил луксуз што не може да си го дозволи, да му ја мислеше кога повикуваше на странски интервенции нудејќи ја државата на тацна, да се беше скурдепсал кога на народот му се обраќаше како на стока за која тој е лиценциран да мисли, да беше малку помалку џингано лонче, а повеќе спастрен човек, денес можеби неговите зборови ќе имаа поголемо значење од канта тропа ефект дури и во ваквиот тефлонски СДСМ.
И пак ќе кажам, иако не оти кај него ќе има некаков ефект оти е одамна оформен продукт: од гомно ќерпич не бидува! Во тоа е проблемот. Од Фрчкоски не бидува ни стратег, ни мислител, ни политичар. Само батал човек со општествена титула. Чист транзициски рецидив, кој ќе го плаќаме со народни пари додека не умре. Заради тоа што такви како него го запоседнале левиот политички простор, Македонија денес нема опозиција, а има илјада проблеми. Не е точно дека „неофашистичката власт" се занимава со опозицијата. Со узурпаторите на тој политички простор се занимава целото општество, оти разни шкарт садови и посатки сакаат да им ја довериме државата на управување на жими мајка - без избори, без програми, без отчет - само зашто со своите тефлонски мозочиња си мислат дека „им припаѓало природно правото да владееле". Е ова е есенцијален фашизам, кој служи како основа за производство на неофашизам. За да не се развие, мора да се столчи, инаку отиде општеството, отиде и Македонија. |
|
|
|
|
|
|
|
Category: My files | Added by: Вељанко
|
Views: 284 | Downloads: 0
| Comments: 2
| Rating: 0.0/0 |
|
|