Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 9:01 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Шут-карта за безграничната глупост 16-11-2012
    2013-09-07, 7:45 AM

    Шут-карта за безграничната глупост

     

    Минатата недела, господо, им го понудивме обвинението против нас на сите со интелигенција повисока од граничната под која МЕНСА го рангира идиотизмот. Некои „необични" новинари и врвот на една партија со своите интернет-клиенти, кои совршено хармонично кохабитираат со заедницата на знајни и незнајни спонзоруши, му се навртеа на Никола Тодоров како бесни пци

     
     
     
    Минатата недела учествував на трибина во една скопска општина на тема улогата на новинарите во општеството. Домаќинот, наместо вообичаено клиширан вовед, ја отвори темата со анкета во живо. Ги праша присутните граѓани колкумина од нив им веруваат на новинарите и колкумина не им веруваат. Одговорот беше поразителен. Ниту еден не крена рака „за" и, соодветно, сто отсто не ни веруваат! Анкетата за мене е валидна по сите стандарди за мерење на јавното мислење, зашто во тој миг оние што беа прашани, се пресек на нашето општество. Ги имаше од сите возрасти, националности, професии и политички определби, она што ние новинарите го опишуваме како обично граѓанство кога сакаме себеси да се издвоиме и да се сместиме меѓу избраната општествена елита. 

    Се разбира дека често се прашувам како стигнавме дотука практично никој да не ни верува. Се прашував и таа вечер додека се редеа прашања од присутните луѓе и со денови наназад кога излегував од преполните сали љубопитни граѓани по одржаните разговори на истата тема во други градови во државава. Одговорот, колку и да е комплексен, ако ги тргнеме настрана сите наши изговори, збирови на олеснителни околности со кои сакаме да го покриеме нашето професионално фијаско, е прост а сеопфатен. Ние утнавме во оној момент кога луѓето-консументи на нашиот производ ги претворивме во безлична маса со низок коефициент на интелигенција, погодна за манипулација. Фактички, кога ние креиравме наша „еснафска" перцепција за менталниот профил на колективитетот за кој фактички постоиме.
    Минатата недела, господо, им го понудивме обвинението против нас на сите со интелигенција повисока од граничната под која МЕНСА го рангира идиотизмот. Некои „необични" новинари и врвот на една партија со своите интернет-клиенти, кои совршено хармонично кохабитираат со заедницата на знајни и незнајни спонзоруши, му се навртеа на Никола Тодоров како бесни пци. Се мајтапеа со неговата идеја во својот кабинет како советодавци да ги покани суперинтелигентните. 

    Вообичаено! Како што знаете, само глупоста е вечна. „Тајмлес&ендлес", компанијата на проминентни идиоти, својски се потруди да го промовира како национален интелектуален бренд „Глупаво е. Од Македонија е", токму во денот кога целиот интелигентен свет ја пренесе оваа интересна вест, кога МЕНСА стана силен лобист за Македонија. Па да, што е „Њујорк тајмс" наспроти „Вест"? Кој е Стивен Хокинг наспроти Горан Михајловски? 

    Вака реагира секогаш медиокритетскиот збир, полуинтелигентот одгледан во мрачни и мувлосани подруми. Амбиентот во кој вирее не бара ни светлина ни топлина ни кислород, сето она што ги изострува сетилата и мозочните функции. Кога ќе усети опасност од надоаѓање на кислород, реагира панично. Ја чувствува опасноста од рушење на неговата животна околина со многу отровни испарувања, се згрчува пред да почне да блуе отровен цинизам. Како претходница, пред да се протера и последното зрнце памет, се истураат слапови на високопарен салонско-елитистичко-паланечки цинизам на ведетите на идиотизмот, за на крајот да уследат крстот, кладата, гилотината и куршумот за илјадници интелигентни луѓе на кои се крепат човештвото и напредокот на оваа сорта. Новинарите, кои за потребите на моќта и профитот се претворија во работници во фабрики за производство на помија, денес немаат ни зрнце интегритет, на кој, пак, почива секоја доверба. 

    Александар Тијаниќ, новинар од Србија, неодамна драматично им се обрати на идните новинари, студенти. Она што го слушнаа тие, а силно одекна во целото општество (и многу пошироко), е непријатно соочување со светот без вредности, светот во хаос, светот без љубопитност, идеали, потрага, креација, сништа - сето она од што се состои интелигенцијата. 

    Па се разбира дека Горан Михајловски, Билјана Секуловска и нивните следбеници немаат причина да се вознемират ако државната администрација ни е стандардно глупава, неписмена, „позитивно" дискриминирана. Зошто би се бунеле ако училиштата ни се организирани програмски и кадровски за масовно производство на медиокритети за широка намена, а ги нема оние за исклучително надарени и талентирани? Зошто би биле оценувани и рангирани универзитетите, професорите и научните институти? 
    Што ќе ни се услови за наука? Што имаат тие од тоа ако се покачат стандардите за професијата судија, обвинител, лекар, новинар, политичар? Ако се сменат структурата и содржината на општествената елита, ќе се промени и општеството. Е, ама ако се случи тоа, тогаш тие на купче и поединечно ќе живуркаат на маргините, во некои темни ќошиња. Воздух ги плаши, сонце нејќат. Вака, удри сега, додека трае хаосот! Види што можеш да сториш оние со висок коефициент на интелигенција да ги шашардисаш до толку да си останат невидени и нечујни. Да емигрираат. Да си продолжи непречено производството на зелкари и „стандардизирани" печурки за да им продаваш ексклузивна вест дека некојаси певаљка немала секс со мажот три месеци.

    Благодарение на овој рецепт, Македонија денес е црна дупка во која се слева некритички целокупното светско информативно срање, а кобајаги новинарите на народот му ја пренесуваат „објективно" негативната перцепција за земјата, народот и неговата култура. Ние овде се претворивме во консументи на секакво ѓубре. Единствени толкувачи на светот и собитијата надвор од полето на дејство на црната дупка се таканаречените елитисти, кои со својот идиотски коефициент го „научија" народот дека одлуките на Уставниот суд не се коментирале; дека Уставот, особено во војна, не бил библија; дека најлошите студенти е нормално утре да бидат најзначајни судии, неписмените професори да бидат формалноправно доктори на науки, а секакви кретени, општествени угледници; дека британската кралица, замислете, не ја пеела химната, а ООН има претседател, дека не било корисно да се тужи Грција пред судот на правдата при ООН; како што никаде го немало тоа да не се слуша беспоговорно Америка. НАТО е во право и кога греши, силата секогаш победувала, а Брисел е центар на вселената; Македонија не ја бива зашто е населена со Македончиња, компирот се вари на суво, енергијата е необновлива, 24/7 е мобинг, незнаењето и ниските стандарди се предуслов за демократија, Макрадули бил Никола Тесла за Коце Трајановски, изумирањето на нацијата е гаранција за одржлив демократски развој и полова еднаквост, етапното одземање на природното својство на жената да одгледува живот е фактички „придобивка" и нема врска што таа операција го уништува идентитетот на единката што се родила како жена... 

    Секојдневното таблоидно информирање за тоа која цица-маца си вградила силикони, се сексала со едикојси, рекла ова или она, главно глупаво до коска, е покорисно од „фрлање народни пари" во македонска енциклопедија, превод на книги, подигање споменици. Од тоа дувло ќе слушнете и дека инцидентот што ние тројца новинари го предизвикавме во ЕУ-парламентот ќе ѝ обезбедел негативен извештај на земјава и тоа дека некои „интелигенти" ги згрозило пишувањето за сексуалните склоности на некој амбасадор како една од можните причини за негативните извештаи за Македонија во ЕУ оти, нели, фино воспитани медиокритети „мислат" дека тоа било нарушување на приватноста, а ќе ве покрие информативен молк за ист таков „профил" на настан што ја тресе Америка кога е во прашање шефот на ЦИА. 

    Па се разбира дека кога ќе голтате вакви количества „знаења" ќе ви стане ненормално да добиете високоинтелигентна администрација или хируршките зафати да бидат снимани со камери оти тоа ќе ги деконцентрирало концентрираните лекари!? Е, да имаше малку повисок коефициент на интелигенција во нашата струка, на ваквата „логика" ќе уследеше молскавично прашање дали црната кутија вградена во воздухопловите ги деконцентрира пилотите додека управуваат со леталото? И, потоа, логично е или интелигенцијата да ви стане неподнослив товар или да ги пуштите моделарите на јавното мислење низ вода. Како што реков во почетокот, луѓево во Македонија (и во целиот свет) го направиле својот избор. Новинарството што ја потценува интелигенцијата доби шут-карта.
     
       
    Автор: Mирка Велиновска  
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 334 | Downloads: 0 | Comments: 3 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025