Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 11:47 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Учинокот на македонскиот крем во здравството 7-12-2012
    2013-09-11, 0:24 AM

    Учинокот на македонскиот крем во здравството

     

    Се разбира дека ставањето ред при вака фино уредено и профитабилно мало стопанство ќе ги вознемири господата што се откажале од Хипократ уште како студенти. Особено оние што денес не умеат да ракуваат со новите апарати, кои губат концентрација ако знаат дека ги снимаат камери додека ги лекуваат пациентите, кои не сакаат да се дознае дека лекарските дипломи ги добиле со кеширање или врски, кои, наместо крајник, ќе ви отфикарат бубрег и кои не знаат ни латински, а камоли англиски јазик. Ќе кренат ако треба и лекарска револуција

     
     
     
    Лекарите од јавното здравство штрајкуваат повеќе од 20 дена. Причината што ги предизвикала на таков чекор е намерата на министерот за здравство да воведе плаќање по учинок. Објаснувањето на штрајкувачите во почетокот беше дека со тоа нивната професија и нивното место во општеството се потценети, обезвредени или, со други зборови, лекарите во јавното здравство од една ваква реформа се навредени. Дали во текот на штрајкот нешто смениле во објаснувањето на своето незадоволство, не знам. А и не ме интересира ни под разно. Она што сигурно го знам е дека се згрозувам и жестам од информациите дека македонските лекари што ги плаќа народот преку буџетот не ја исполнуваат основната обврска на која се обврзале со Хипократовата заклетва. Како пациент и како новинар што извесно време професионално се занимавал со здравството, си земам за право да дадам свој коментар за ваквото неетичко поведение. Како прво, лекар што во име на штрајкот го ризикува здравјето на кој било човек не е лекар. И не треба да зема плата ни по учинок ни како било поинаку. На таквиот местото му е на столбот на срамот, што посебно како „опција" ги разлути лекарите. Јас немам добро мислење ни за луѓе што, кога пред нивни очи би паднал човек, би избрале сеирџиски да го гледаат или едноставно бесчувствително и незаинтересирано би го прескокнале како да е партал. Во сеќавањето ми е врежан споменот на првото соочување со манифестацијата на отчовеченост во големите мегаполиси како Лондон, Њујорк, каде што на тротоарите можете да се сопнете од некој паднат несреќник кого забрзаните луѓе го третираат како парче отпадок и го заобиколуваат незаинтересирано. Ни тогаш ни сега не можам да ги поимам ваквите поведенија. Затоа се гневам. Се гневам и кога сум морала да фаќам врски за лекарски преглед и сум умирала од срам од луѓето што чекале ред зашто немале врски. Никогаш не сум можела да разберам зошто оној што го плаќам треба и да го молам дополнително за да ми ја одработи работата за која се обучил доброволно и се обврзал да ја врши. Не помнам ниту еден лекар кога било да се побуни или да се навреди, а камоли да иницира промена на општествената „традиција" лекарската врата да се отвора со заби, оти во рацете, нели, носиш дарови за докторот што те излекувал. Како да ти направил услуга на која не е обврзан. 

    Еден проминентен македонски лекар, едно време и шеф на една од скопските клиники, колумнист, политички ангажиран човек и мој пријател од гимназија, во една од своите колумни во „Утрински весник", којзнае од кои причини, напиша дека Хипократовата заклетва била старомодна и повеќе не важела. 
    Демек, поентата му беше дека во денешното време со поинаков вредносен систем не важело она дека лекарот е должен да пружа помош секогаш, во секакви услови, без оглед на општествени, лични или други околности. Тој излезе со став дека кој има пари ќе може да добие здравје. Еве и сега, кога се потсетувам, чувствувам како ми се крева адреналинот. Како и да е, на мојот пријател (инаку левоцентрист) му возвратив со жесток јавен одговор. Значи, нема и не може да има оправдување за вакво размислување! Но она што еднаш беше колумна, еве, денес е реалност. Стигнавме до парите и лекарите. 

    Интересно е дека македонските лекари во јавното здравство традиционално немаат пари, малку се платени, ама за тие малку пари, машала, како добри домаќини, со квалитетен менаџмент, успеале да си ги стокмат своите приватни домаќинства како кукли. Нели ние постојано се прашуваме на што се трошат „народните" пари? Молам! Истражувајте и ќе дојдете до одговорот. На пример, зошто во скопските клиники никогаш нема ни лекови, ни помагала, ни чаршафи, ни варосани ѕидови, ни сапун, ни тоалетна хартија, а во исто време, безмалку секој јавен лекар, во „слободно" време ординира и во некоја приватна клиника или ординација? Зошто за услугата што еднаш сте ја платиле низ буџетот, ве тераат да платите и вторпат кога јавниот лекар во доверба ќе ве извести дека е подобро да му дојдете на преглед попладне, на неговото алтернативно работно место, каде што за услугата ќе треба, нормално, дополнително да платите?
    За учинокот оти ви ,,учинил" хумана услуга. А не морал! Таму, во тие ординации ќе ги добиете сите одговори на вашите „навредливи" прашања. Тие ординации се стокмени со вашите народни пари и во нив има сѐ што нема во јавните клиники. Друго прашање е како од скромната лекарска плата успеал да скоцка модерна ординација и да вработи помошно особље.  

    Професор д-р Владо Димов, лекар и политичар што како криминалец кидна од Македонија, беше познат по тоа дека својот учинок го остваруваше со т.н. викенд-ординирање. Во Македонија има 33 болнички центри и господинот доктор уредно ем редовно си вршеше прегледи и операции во секоја од нив со помош на своите колеги од „внатрешноста". Можеби учинокот во матичната клиника му беше мал, ама оној што го вршеше лично за себе му беше десетпати поголем. Нормално, за фазла пари. Колку пари заработуваше? Господ и тој знаат. Владо Димов не е исклучок. Правило е.  

    Па се разбира дека ставањето ред при вака фино уредено и профитабилно мало стопанство ќе ги вознемири господата што се откажале од Хипократ уште како студенти. Особено оние што денес не умеат да ракуваат со новите апарати, кои губат концентрација ако знаат дека ги снимаат камери додека ги лекуваат пациентите, кои не сакаат да се дознае дека лекарските дипломи ги добиле со кеширање или врски, кои наместо крајник ќе ви отфикарат бубрег, кои не знаат ни латински а камоли англиски јазик. Ќе кренат ако треба и лекарска револуција. Кои сме ние да бараме отчет преку учинок или евалуација на нивното знаење и вештини. Ние за нив сме отпад, а тие за нас Господ бог. Оти, нема побеспомошен човек од болниот. Затоа, оние што таа беспомошност ја манипулираат или ја претвораат во сува пара мора да бидат контролирани, набљудувани, проверувани. Тоа е тоа, и д-р Ставриќ и сите негови колеги и истомисленици ќе мора да го прифатат тоа. Ако не сега, утре. Едноставно во новиот амбиент, кога-тогаш, ќе мора да го исполниме и тој услов - учинокот, мерењето и оценувањето на нашата лична стручност и способност - за да станеме полноправна европска држава. 

    Никола Тодоров е еден од оние ретки политичари што помеѓу удобниот опортунизам, фразерство, лакирани чевли и борбата за промени го избрал второво. Доказ е неговата побелена коса по првите судири со елитните универзитетски професори и лекари. Дури и да нема никакви други особености, оваа докажана склоност заслужува широка јавна поддршка. Оти таквите имаат улога на прва борбена линија, која најлесно гине во наше име и за виши цели. Тодоров како министер се фати во костец со македонскиот општествен крем во здравството и образованието. Реакциите на неговите обиди за реформирање на правилата на игра, и на универзитетите и во јавното здравство, се еднакво жестоки. 
    Дури и да не сум следела редовно што се случува, сега ќе ми беше јасно каде се сконцентрирани силите на антиреформистичкото движење во Македонија. А повеќе од сѐ ќе ги имав одговорите на најважните прашања: На пример, зошто Македонија, крај толку многу умни и учени луѓе, не е добро место за живот? Пардон! Таа е одлично место за живот само на една сорта луѓе. А тоа недвосмислено го загрозува опстанокот на нацијата и на државата.
     
       
    Автор: Mирка Велиновска  
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 219 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025