Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-02-07, 5:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Востание 18-1-2013
    2013-09-11, 3:38 AM

    Востание

     

    Рецептов во Македонија е нешто како традиционален лек. Применлив „катр сезон". Ако ми тргне, кога ќе запролети и кога ќе ме наакаат тематски, ќе им кренам „устанак" и на Миленко и Дарко, со кои пијам кафе. И на Рашо ќе му се навртам кога пак ќе му текне диктаторски да се оградува од мене. И на Жоро му се спремам кога ќе претера со невиното тркалање на очичките. Ако ми се уарни, ќе кренам востание и против себе. Па после ќе си водам дијалог. Доста е, бе брате мили, од диктатори!

     
     
     
    Решив! Ќе кревам востание! Против сестра ми, која дома ми воспостави диктаторски режим. Ме строи и тормози како да е генералисимус. Пред „меѓународната" по пазари и гранапчиња, пред комшии глуми дека е демократ, душа од човек, а ваму, кога нема сведоци, телефонски и во живо ми ги вади ѕрцките со нејзините наредби, контроли, потсетници за тоа што сѐ треба да направам во текот на денот. 24/7/365 минимум две децении влечкам торби од пазар, заради што моите раце еволуирале во орангутански, а пола работен век ми помина чекајќи на ред во банките за да платам сметки. Доста беше! Ова е мое прво комуникате. Колку да се знае дека веќе нема трте-мрте. Се дигнав. 

    Прогласувам отпор. Стегам тупанка. А бре-де бре, тргам значи! Ќе се маам за слобода и демократија. 
    Нема заебанција, бе! Или она или јас! Почнувам со собни протести во работни денови. Има да стојам исправено и одлучно како гранитен монолит на влезот на секоја соба. Машала, ме има бајаги, таман за да ѝ го попречам влезот на диктаторката. Има да ѝ се дерам во лице за да слушне цела зграда. Сум си купила и едно квадратно метро трупци за да ги блокирам сите влезови, ќе си ги тутнам во уста вувузелата и казуто, ќе се намачкам со воинствени, маскирни бои и од 16.30 до 00 часот ќе ѝ ги блокирам раскрсниците дома. Тоа за почеток. А после, во зависност од метеоролошките услови и спондилозата, ќе му ја мислам за идните форми на востанието. Што па да не? Кога може така СДСМ, можам и јас. Башка, охрабрена сум од нивниот востанички успех. Сакам да кажам, кога успеаја стотина лејки како Шема и Макрадули, ќе успеам и јас макар до толку диктаторката да ми прифати институционален дијалог, а Мите Шуш-Муш (дебармаалски еквивалент на европскиот Стефано Санино) да дојде лично од мене да се информира за проблемот. Ако запнам уште малку повеќе, во востанието ќе ги вклучам и меѓународните пријатели од пошироката околина - од општината Центар и на крајот ќе издејствувам стопроцентно прифаќање на ултиматумот. 

    Рецептов во Македонија е нешто како традиционален лек. Применлив „катр сезон". Ако ми тргне, кога ќе запролети и кога ќе ме наакаат тематски, ќе им кренам „устанак" и на Миленко и Дарко, со кои пијам кафе. И на Рашо ќе му се навртам кога пак ќе му текне диктаторски да се оградува од мене. И на Жоро му се спремам кога ќе претера со невиното тркалање на очичките. Ако ми се уарни, ќе кренам востание и против себе. Па после ќе си водам дијалог. Доста е, бе брате мили, од диктатори!

    Добро. Го завршив ова. А сега да поработам малку на сериозни теми.

    Како што сте запознати, пред неполн месец влеговме во 2013 година. И по стар и по нов календар, тоа е општо признат факт. Освен ако некој не го оспорил, а јас не сум избрифирана. Пред 100 години, во 1913 година, Балканските војни завршија со мировен договор во Букурешт. Таму Македонија го изеде стапот. 
    Беше отсутна. По сто години ЕУ сака тие војни да ги заврши со нов мировен документ. Пошто е нобеловец за мир со тапија добиена од Осло, претпоставувам дека сега сака да ги заврши и тековниве, кои како историски рецидив живеат во државните политики и образовните системи на завојуваните држави. 

    Јас додуша не го разбирам добро шифрираниот дипломатски јазик на кој говори македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски, но она што го кажа, дека иницијативата на ЕУ претставена преку комесарот Штефан Фуле значи одржување на кредибилитетот на европската политика на проширување, во слободен превод може да значи дека Македонија веќе се согласила да земе активно учество во новата мировна балканска конференција која ќе ја организираат истите европски држави кои пред сто години за свои империјални потреби ја инсталираа балканската барутаана, а ја „сјебаа" Македонија. Колку е паметно тоа не сум баш сигурна. Гледам од изјавата на ексминистерот Антонио Милошоски и тој не е баш ентузијаст. За Груевски не сум на чисто што мисли. Нешто не ми е јасен во исказот пред камери. 
    Појасен ми изгледа кога најавува две нови големи инвестиции за кои не смее ништо да каже оти така било договорено!? Како и да е, македонската страна продолжува со својот специфичен конструктивизам во духот на вицот „извини шефе што ти вртам грб додека ме дупиш", што ќе рече, како искусни реалисти со генетски вградени ниски животни очекувања, ја продолжуваме традицијата да се поклонуваме пред силата и да ѝ помогнеме „пријателски и партнерски" да нѐ докусури. Легендарниот кубур не го вадиме. Во сѐ гледаме позитивно. Сите планови, непристојни предлози од која и адреса да стигнат, ги поздравуваме и оценуваме како позитивни, добронамерни, пријателски. За разлика од Грците. Тие одлучно се противат ЕУ да стане трета официјална страна во спорот со името. Велат, ЕУ нема што да бара во оваа „дебата". И во право се. ЕУ си ја заврши работата од корист за Грција уште пред дваесет години. Како Понтиј Пилат, си ги изми рацете и го трансферираше проблемот што го искреира галеничето Грција во Обединетите нации, претворајќи го во безбедносен, па како таков, му го препушти на Советот за безбедност. Грција сега од таму очекува резолуција нејзиниот упатен Меморандум трајно да ја замени Времената спогодба во која има само еден експлицитен член што како-така ја заштитува Македонија од исчезнување. Така сака и да ја поништи пресудата од Хашкиот суд. Нема намера допрва да ја тестира новата заедничка европска политика. Уште помалку да им обезбедува политички кариери на еврокомесарите. Европа ни за Европејците не е веќе сигурен и предвидлив терен, а за итрите Грци кои се основоположници на политичкиот хохштаплерај, би било незамисливо да ја препуштат својата национална судбина на нивните современи европски ученици. Кредибилитетот на Европа во последно време е во „дабл дип шит". Само што македонските политичари очигледно не се запознаени со новите факти на теренот. 

    Мене лично ме интересира кои се аргументите на актуелната државна политика заради кои иницијално е подготвена оваа Германија, оваа Франција, Шпанија и Велика Британија со нивните фан-членови од другите ЕУ-држави повторно да решаваат за македонското прашање? Кога ќе седнат на преговарачка маса со нив, знаат ли што нѐ очекува? Особено откако прифатија да ја обременат Македонија со нов услов во преговорите за членство, а тоа се добрососедските односи. Како си го објаснуваат фактот дека заради европската политика кон Македонија, нашата држава е блокирана и економски и политички и формално и фактички од првиот ден на прогласената независност? Заради таа политика ние цел еден век сме на безбедносна ветрометина со можност кој сака да нѐ дестабилизира. До кога бе вака?

    Зарем ни фингерајката од 2001 не нѐ отрезни? 

    Македонските политичари со целата нивна експертско-интелектуална логистика во изминативе децении не се покажаа како добри и успешни преговарачи. И ако сме стигнале до тука макар полуживи и ако од официјална кома сме излегле повеќепати, очигледно со божја помош, немаме ниту еден доказ дека овојпат ќе поминеме подобро со вакви државотворни политички добронамерници. Да ги земам како пример само подготовките за претстојната балканска конференција од страна на ЕУ. За неа повеќе од очигледно се подготвуваат државите од Западниот Балкан. Србија „дрско" декларираше барање за поделба на Косово, односно за автономен статус на Северно Косово во прва фаза. Државниот врв смислено дава бомбастични изјави, промовира национални платформи за преговори. Косоварите, заедно со Албанија, донесоа декларација за спојување и како анекс, со поставувањето споменик на УЧК пред општинската зграда на Прешево, декларираат дополнителни претензии на територијата на Србија. Можеби не се кадарни да си ги уредат државите, ама изгледа добро знаат како се маркира преговарачкиот терен.
    Бугарија неодамна го возобнови стариот Балкански сојуз против Македонија. И таа научила историски лекции. Само Македонија дреме и се занимава со востанијата на деташираната Златна зора, која преку СДСМ дејствува во Македонија, а две децении не успеа дури ни толку ЕУ да ѝ го признае јазикот, а учката Макрадули да го испрати во илегала.
     
       
    Автор: Мирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 199 | Downloads: 0 | Comments: 1 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025