Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 3:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Србија бара инвеститори во Кина за пловен канал Белград - Скопје - Солун 23-1-2013
    2013-09-11, 4:00 AM

    Србија бара инвеститори во Кина за пловен канал Белград - Скопје - Солун

     

    Српскиот министер за природни богатства, рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ, деновиве ќе се сретне со претставници на власта во Кина и со компании што се заинтересирани за стратегиско партнерство или за соработка во изградбата на овој канал

     
     
     

    Ќе се плови ли од Дунав преку Македонија до Егејското Море?

    СЕВЕРНИОТ СОСЕД ГО ТУРКА МЕГАПРОЕКТОТ

    Српскиот министер за природни богатства, рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ, од вчера престојува во Кина, каде што со претставници на кинеските компании ќе разговара за изградба на пловен канал Белград - Солун, кој ќе минува низ Македонија. Српската новинска агенција „Танјуг" пренесе дека за време на неколкудневната посета, Бачевиќ ќе се сретне со претставници на власта и со компании што се заинтересирани за стратегиско партнерство или за соработка во изградбата на овој канал. Тој треба да договори и потпишување протокол со државната кинеска компанија „Чајна гезуба груп корпорејшн", врз чија основа потоа би била изработена студија за издржаност на овој проект. 

    Идејата е стара 100 години

    Бачевиќ веќе најави дека Министерството ќе почне изработка на просторен план за овој проект.

    - Просторниот план за проектот што ќе се вика пловен канал Белград - Солун треба да покрие површина од околу 10.500 квадратни километри, кој значително ќе ги промени економските, политичките, геостратегиските и геополитичките односи во Европа и истовремено ќе ги опфати граѓаните на територијата од Германија до Егејско Море - вели Бачевиќ. 

    Државниот секретар во Министерството за градежништво и урбанистичко планирање Миодраг Јоциќ завчера изјави дека изградбата на каналот многу ќе придонесе за развојот на земјата. Според Јоциќ, идејата е стара 100 години. 

    Тој укажа дека проектот ќе има огромна финансиска вредност имајќи предвид какви инженерски проблеми треба да бидат решени при реализацијата. 

    - Ќе треба да се направат низа порти, да се промени целата конфигурација на теренот каде што ќе минува каналот и да се поврзат реките Морава и Вардар - вели Јоциќ. 

    Македонија не е консултирана

    И покрај тоа што српските власти ја актуализираат повторно темата за пловно поврзување преку Македонија со солунското пристаниште, тие сѐ уште немаат испратено никакви предлози до македонската влада. 

    - Владата секогаш е заинтересирана и расположена за соработка на економски проекти, вклучувајќи ги и оние што имаат поширок регионален карактер, особено во едни вакви инфраструктурни области со чија евентуална реализација, по природата на нештата, им се дава поддршка на економијата и на компаниите и се отвораат нови работни места. Досега немаме добиено конкретно барање за разгледување на оваа иницијатива, детали за неа, или пак напредна заокружена конструкција на идејата и придобивките и затоа не сме во можност и не е коректно да коментираме аспекти - изјави неодамна Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата на Република Македонија. 

    Тој истакна дека во моментот кога ќе им бидат доставени таква иницијатива или барање, тие ќе бидат сериозно разгледани и од Владата и од другите релевантни институции и бизнис-групации.

    - Се разбира дека, доколку ни биде доставена разработена иницијатива, ние сериозно ќе ја разгледаме и ќе направиме анализи и пошироки консултации со експертите, бизнис-заедницата и коморите за околностите и за можностите, како и за целисходноста на нејзината реализација - вели Ѓорѓиев.                  

     
       
    Автор: В.Н.
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 182 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025