Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 2:52 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Политичката криза во Македонија и регионалните настани (1) 23-1-2013
    2013-09-11, 4:03 AM

    Политичката криза во Македонија и регионалните настани (1)

     

    Нејасен маневар на ЕУ е наводната иницијатива на Германија, Франција, Шпанија и на Велика Британија за одржување нова мировна конференција за Западен Балкан. Во практиката мировни конференции се одржуваат по некакви оружени судири меѓу одредени држави, каде што територијалните прашања и евентуално воените оштети се главните прашања за решавање

     
     
     
    Веројатно поради зафатеноста со решавање на политичката криза во Македонија од „црниот понеделник", кога опозицијата го напушти Собранието и нејзиното реално блокирање, ниту еден политички субјект во државава, било да е на власт или во опозиција, не се осврнува или ги коментира настаните во регионов или постапките на т.н. меѓународен фактор. Регионот на Западен Балкан во последните дваесет години во безбедносен или политички поглед е прогласен од меѓународниот фактор како нестабилен, со состојба на замрзнати конфликти и со предупредување за недефинирани граници и територијални прекројувања. Во моментов ситуацијата во регионов битно не е променета, туку има индикации дека може да се влоши. Од осамостојувањето на нашата земја до денес не сме имале толку сериозни политички судири внатре во македонскиот блок како што имаме денес. Се стекнува впечаток дека државните интереси на политичките субјекти на македонскиот блок се во втор план, а приоритетните интереси се како да се остане на власт или да се преземе власта во државата. Кога две партии се борат за власт и мислат само на себе, тогаш по правило третата партија ја користи таквата ситуација за своја корист до максимум. Меѓународниот фактор ја спроведува својата геополитичка агенда по системот чекор по чекор, што го овозможуваат политичките структури во државава, кои од друга страна не ги препознаваат своите државни интереси. 
    Индикативно е што еврокомесарот за проширување Штефан Филе одеднаш предлага Европската Унија да се вклучи во билатерални преговори што Македонија ги води со Грција за решавање на проблемот за името во Обединетите нации. Како да се објасни тој неочекуван предлог на ЕУ, кога истата таа ЕУ некогаш се прогласи за ненадлежна за тој проблем и предложи тој да се решава под покровителство на Обединетите нации и поради тоа беше донесена резолуција од Советот за безбедност. Спорот со Грција за името на нашата држава трае веќе дваесет години и притоа беше потпишана Привремената спогодба, со која беше договорено дека Грција нема да ја попречува Македонија на патот кон европските интеграции, доколку Македонија во нејзините барања се нарекува БЈРМ. Меѓутоа, решението не беше исполнето и Македонија по поднесувањето тужба пред Меѓународниот суд за правда во Хаг ја доби пресудата во своја корист. Овој суд во Хаг е орган на Обединетите нации. Не е јасна намерата на еврокомесарот Филе за неговата сегашна иницијатива. Македонскиот министер за надворешни работи даде чудно објаснување дека овде се работи за кредибилитетот на европската политика за проширување. Дека оваа иницијатива не е единствен нејасен маневар на ЕУ е наводната иницијатива на Германија, Франција, Шпанија и на Велика Британија за одржување нова мировна конференција за Западен Балкан. Во практиката мировни конференции се одржуваат по некакви оружени судири меѓу одредени држави, каде што територијалните прашања и евентуално воените оштети се главните прашања за решавање. Соочени сме со чудна коинциденција, која лежи во фактот дека таква конференција беше одржана во Букурешт пред сто години, по Балканските војни. Познато ни е како Македонија беше поделена по договорот во Букурешт. Веројатно главна тема за најавуваната конференција треба да биде дефинитивниот статус на Косово и земјите што граничат со него. Во последно време големи активности на националистички план покажува политичката партија во Албанија - Албанската алијанса, која со педесет илјади собрани потписи бара од албанскиот парламент да донесе одлука за спојување на Косово со Албанија. Слични активности презема и грчката организација Златна зора околу решавањето на проблемот за името на државата Македонија, но и со територијални претензии. Европската Унија ѝ постави нов услов на Македонија за нејзино евентуално членство и започнување на преговорите, а тоа се добрососедските односи со другите држави. Бугарија веднаш овој услов го истакна како битен и бара да се решат многу прашања, како што се присвојување на историските настани и личности од страна на Македонија што ѝ припаѓаат на бугарската историја. Поради тоа Бугарија бара да се формираат посебни научни и стручни комисии за усогласување на ставовите. Набргу на иста бранова должина се сретнуваат Бугарија и Грција во врска со прашањата за присвојување на историските настани и личности, како што е Александар Македонски. Бугарите децидно го соопштија својот став за спречување на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ и членство на Македонија во ЕУ. Проблемот за дефинитивниот статус на Косово доби на значење по донесувањето на Платформата за Косово во српскиот парламент. Српската платформа за Косово поаѓа од реалниот факт дека за Србија Косово е изгубено како територија, но затоа Србија треба да го реши статусот на своите Срби на Косово. Децидниот став на Србија е дека на територијата на Косово, каде што живеат Срби, тие треба да имаат посебен автономен политички статус, каде што Србите ќе одлучуваат за својата судбина. Првата личност што даде идеја за поделба на Косово беше писателот Добрица Ќосиќ во 1994 година во интервјуто за италијанското списание „Лимес". Потоа следуваа иницијативи за кантонизација или децентрализација на Косово и Метохија. Прашањето за статусот на Косово и Метохија беше посебно покренато од поранешниот премиер на Србија, Зоран Ѓинѓиќ. Неговиот став беше Косово да биде под контрола на Србија, бидејќи Косово е територија на српската држава. По воздушните напади врз СР Југославија од страна на НАТО беше донесена резолуција од Советот за безбедност при ОН за идниот статус на Косово, со предлог за временски период кога тоа треба да се случи. Со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност беше предвидено тогашната СР Југославија да ги контролира граничните премини на Косово со другите држави, враќање на српските безбедносни сили на Косово и обезбедување на српските верски објекти од страна на српските безбедносни сили. Меѓутоа, меѓународниот фактор спречи тој дел од Резолуцијата 1244 да се реализира. Тогаш Косово беше во состојба на протекторат, а власта беше во рацете на КФОР и на УНМИК. Особено беше значаен предлогот на тогашниот шеф на УНМИК, Михаел Штајнер, според кој ЕУ да може да склопи договор со Косово за стабилизација и асоцијација, а одлука за конечен статус за Косово да се донесе за три или четири години. Ваков договор во светот склучуваат само суверени држави. Тогаш на сцена стапи Европскиот парламент и тоа прашање се реши со резолуција со која се предлага целиот Балкан да пристапи кон процесот за стабилизација и асоцијација, па дури и ентитети како држави. На 12 февруари 2008 година Косово еднострано ја прогласи својата независност. Досега е признаено од околу 50 држави, а меѓу нив спаѓаат и три земји-членки на Советот за безбедност. На ваквата одлука за независно Косово до денес се спротивставуваат Кина и Русија. Настан што овие денови претставуваше значаен дневнополитички случај е поставувањето и потоа дислоцирањето на споменикот во центарот на Прешево за погинатите борци на терористичката организација ОВПМБ. Србија веројатно извршила претходни консултации со меѓународниот фактор за дислокација на овој споменик и им даде разумен рок на Албанците од Прешевската долина сами да го дислоцираат овој споменик. По тој рок дислокацијата се изврши и српската влада даде објаснување дека на територијата на една суверена држава Србија не е можно поставување на вакви споменични обележја. Веднаш дојде до реакција на албанските политички партии од Прешевската долина дека оваа територија ќе биде приклучена кон Косово, а дека преговорите што сега се водат во Брисел меѓу премиерот Дачиќ и Тачи повеќе немаат смисла. Во Македонија постојат десетици такви споменици, а некои имаат и меморијален карактер. Министерот за одбрана на Македонија положи венец и им оддаде почит на загинатите борци на ОНА во Слупчане. Вториот ден по тој настан американскиот амбасадор Волерс изјави дека тоа претставува знак за помирување. Во Македонија не постои ни минимална шанса оваа проблематика да се реши на институционален или кој било друг начин, ниту кој било зборува во врска со овие настани.

    (продолжува)
    Авторот е воено-политички аналитичар
     
       
    Автор: Петар Шкрбина
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 233 | Downloads: 0 | Comments: 2 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025