Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 2:45 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Политичката криза во Македонија и регионалните настани (2) 30-1-2013
    2013-09-11, 4:11 AM

    Политичката криза во Македонија и регионалните настани (2)

     

    Тешко може да се разбере дека Словенија, која беше најбогата република во поранешна СФРЈ и сега има бруто-национален доход по жител од околу 20 илјади евра, денес да има толку масовен протест од страна на своите граѓани

     
     
     
    Засега нема навестувања дека политичката криза во Македонија во некое скоро време ќе се реши. 
    Лидерската средба меѓу двете најголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не покажа дека постои минимална политичка волја за приближување на ставовите и дека има надеж за евентуално продолжување на политичкиот дијалог. Опозицијата ги наведува своите барања како ултимативни, а власта ги одбива. Двете страни ваквата ситуација ја објаснуваат со погрешна политика, која ѝ нанесува штети на Македонија. Анализирајќи ги аргументациите на спротивставените страни се добива впечаток дека двете страни на свој начин се во право. Ваквата политичка криза во државава на определен начин се интернационализира преку настапот на нашите претставници во Советот на Европа, каде што нашите пратеници имаат спротивставени ставови. Индикативна е неочекуваната посета на еврокомесарот Штефан Филе, а притоа ниту една од спротивставените страни немаше никаков коментар или објаснување за што се дискутирало и какви пораки или барања биле соопштени од еврокомесарот Филе. Овој факт сѐ повеќе ја замаглува настанатата политичка криза во Македонија. Сепак, дека посетата на еврокомесарот имала некаков ефект беше соопштено од претседателот Иванов за иницијатива за формирање експертска комисија за расчистување на настанот од 24 декември 2012 година. Според таа иницијатива, комисијата треба да биде составена од пет члена. Од нив, еден експерт да биде предложен од претседателот на државата, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт без право на глас што би бил предложен од претседателот на Собранието. 

    Во оваа иницијатива не е јасно на кој начин таа комисија со гласање на мнозинството ќе подготви извештај и кој ќе биде обврзан да ги спроведе заклучоците на таа комисија. Опозицијата не го прифати овој предлог за формирање на таа комисија. Албанскиот политички блок било од опозицијата или од власта не дава никаков придонес во решавањето на настанатите проблеми, ниту дава некаква оцена за доста крупни настани што се случуваат во јужна Србија и на Косово. Дислокацијата на спомен-обележјето од страна на српските власти во Прешево предизвика голема реакција на Косово. Такви демонстрации, според бројот на учесниците и истакнатите барања, не сме виделе од времето на оние демонстрации одржани во осумдесеттите и деведесеттите години на минатиот век. Демонстрациите можеме да ги сфатиме како дел од политиката поради подигнување на политичкиот рејтинг на партијата и личностите. 
    Меѓутоа, масовното оштетување и уништување на српските гробови и црковни објекти не можеме со ништо да ги оправдаме, освен со процената дека етничкиот судир меѓу Албанците и Србите се продлабочува. Очигледно е дека разговорите во Брисел меѓу претседателот на српската влада Дачиќ и на косовската влада Тачи влегуваат во фаза кога се доведува во прашање каков било договор што е постигнат досега. Наведените настани покажуваат дека Европската Унија нема доволно авторитет и сила да ги спречи случувањата на ваквите немили настани. Рушењето на гробовите претставува најтежок удар врз чувствата на поединци што ги погребале своите најмили, но исто така ги навредува и чувствата на нацијата. Гробовите се свети места за сеќавање на најмилите лица. Православната религија со голем повод определила одредени ритуали за посетување на гробовите во точно определени датуми за да не бидат заборавени починатите. Гробовите се дел од историјата на поединците и нацијата, но истовремено и патоказ кон иднината. Оној што си поигрува со ваквите чувства точно знае дека предизвикува етничка и национална омраза. Потребен е долг временски период така настанатата омраза да се заборави и да дојде до помирување. Во контекст на настанатите случувања на Косово, во Македонија не посветивме доволно внимание на настаните во Словенија и мировните масовни протести на словенечките граѓани против актуелната власт и за нас несфатливата економска криза што ја зафати Словенија. Тешко може да се разбере дека Словенија, која беше најбогата република во поранешна СФРЈ и сега има бруто-национален доход по жител од околу 20 илјади евра, денес да има толку масовен протест од страна на своите граѓани. Проблемите меѓу државите на Балканот, како што се меѓу Македонија, Бугарија и Грција и Србија и Косово, не престануваат. Не му посветивме никакво внимание на извештајот од руските и американските аналитичари што се појави во Русија пред една година, а на Балканот пред еден месец. Насловот на анализата е „Како ќе изгледа Европа до 2035 година". Поучени од искуството од последните дваесет години во врска со територијалните промени на Балканот, нема причина оваа анализа за изгледот на Европа во следните дваесет години да не ја сфатиме сериозно и да анализираме каде е местото на Македонија во таа анализа. Според експертската анализа што се базира врз неколку извори, даден е приказ за нова карта на Европа до 2035 година. Анализата е извршена врз основа на документи од американската ЦИА, руската служба ГРУ и експертската група на чело со Збигњев Бжежински и Самуел Хантингтон познат по неговата книга „Судир на цивилизациите". Анализата се однесува на цела Европа. Меѓутоа нас нѐ интересира само регионот на Балканот. 

    Веќе подолго време се прогнозира дека Босна и Херцеговина не може да опстане како самостојна држава. Оваа анализа предвидува поделба на Босна и Херцеговина меѓу Србија и Хрватска. Ваквиот став за поделба постои уште од времето на Дејтонската спогодба за постоење на Федерација БиХ (муслимани и Хрвати) и етнички чистата Република Српска. Денешниот статус на Република Српска покажува дека таа е формално дел на Србија, а особено по потпишувањето на договорот за соработка и помагање меѓу Србија и Република Српска. Исто така, во таа анализа се предвидува дека северниот дел на Србија каде што унгарското население е во мнозинство ќе се припои кон Унгарија. За нашиот потесен регион се прогнозира дека ќе се формира голема Албанија, која ќе ја сочинуваат Албанија, Косово и дел од западна Македонија. Кога и со која брзина ќе се одвиваат овие прогнозирани политичко-територијални процеси зависи од многу фактори. Ставот на големите сили ќе биде одлучувачки. Во тој процес одредена улога ќе одиграат и внатрешните состојби во државите што ќе бидат предмет на тие територијални промени. 

    (продолжува)

    Авторот е воено-политички аналитичар
     
       
    Автор: Петар Шкрбина
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 236 | Downloads: 0 | Comments: 2 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025