Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 5:39 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    “Егзактен“ покер и не лути се човече 15-2-2013
    2013-09-12, 4:48 AM

    "Егзактен" покер и не лути се човече


    Ова, богати, ескалира секој ден сѐ повеќе. Реков јас уште на времето, кога го слушнав нашиов самопрогласен државник од државотворната партија дека тој „немало да дозволи да се изврши редистрибуција на капиталот, оти оваа власт токму тоа го правела", дека ќе имаме многу сериозен проблем


    Ете и тоа го прочитав во еден македонски весник. Колумнистот, инаку новинар со високо образование, тврди дека историјата била егзактна наука. Поегзактна дури и од математиката! За ова епохално откритие тој приложува и докази. Научни. Егзактни, разбира се. Инспирација за овој самопрегорен научен труд на човеков му е ороспиското однесување на европските политичари кон македонската опозиција, која наместо поддршка на востанието и точките од ултиматумот, добила шипинки. А ги добила не зашто се однесува како македонски азилант што тргнал за Германија со јасна намера да заработи некое евро со лажна аргументација дека е политички прогонуван, ами зашто таа не била спремна да тргува со името. Со други зборови, актуелната власт добива поддршка од една оросписка политика зашто тајно се согласила да го измами народот и да ѝ го смени името на државата. 

    Тоа е тоа. Што и да кажам, ќе биде малку. Преку вакви умотворби се отвораат цела серија прашања за општеството, за политичарите, за воспоставените системи од образование до здравство, за вредносните системи, за критериумите и стандардите...

    Две страници понатаму, во истиот весник, друг глодур се зафатил со анатомијата на пет мита за политичката криза. А митовите се следните: 1. Груевски ја засилил црната реторика; 2. Европа и ние; 3. Што остана од ДУИ; 4. Молчаливите Американци; 5. Изборот на опозицијата. 

    Во процесот на научното докажување и елаборација „експертот-научник" не се служи ни со индукција ни со дедукција. Ја баталил логиката како наука и си тргнал  по свој автономен пат вадејќи егзактни заклучоци на основа на егзактни докази: 1. Груевски рекол дека „Македонецот не ја следи, ами ја прави историјата небаре од Водно се одредувале координатите на планетарната историја"; 2. Никој не мислел дека во април ќе се пишува новиот извештај за Македонија во кој главна ставка ќе била изјавата дека „Македонија од оваа криза ќе излезела посилна"; 3. Али Ахмети ја обезличил ДУИ со тоа што за актуелнава криза ја обвинувал опозицијата. Доказ е замолчувањето на Теута Арифи и на Фатмир Бесими. Теута била пуштена низ вода со тоа што е кандидирана за градоначалник и така, наместо да се занимавала со чиста работа како што се евроинтеграциите, сега ќе чистела измет. Заклучокот е чиста бомба: политичарот Али Ахмети ја води партијата во самоубиствена мисија; 4. САД ѝ рекле бај-бај на Македонија оти се умориле од палавите македонски политичари, особено од оние што се сега на власт, оти не слушале што им се кажува. Приложен е и доказ. Трајко Вељановски не бил примен од ниту еден важен човек во американската администрација, а и не се знае како прошол на молитвениот појадок - демек, до кого седел, со кого часкал и склобучкал додека молитвено појадувал; 5. Авторот ја решава равенката покерџиски, демек егзактно: кај кого биле адутите во овој напнат политички покер? Опозицијата на долг рок е победник во оваа партија. Вели: „Тоа не е далеку од вистината. Но не знаеме дали е вистинската вистина".

    Чудна работа! Додека се просветлував читајќи ги и размислував дали вреди и овој пат да влегувам во материјална расправа со некои што оставаат голем број компромитирачки докази за својата темелна необразованост, дунстерај, мотивација, професионален и човечки интегритет, цело време во фон го слушав циничниот глас на Бора Чорба со рефренот „О, како је лепо бити глуп". 

    Сепак, се решив да запишам за да не остане бело место во хрониката на настаните, па некој утре или задутре кога ќе наиде на ова чудо од наука и експертиза да извлече погрешен заклучок дека во Македонија во 21 век новинарството било професија на неписмени и необразовани манипуланти и шмиранти.

    Историјата е наука што се занимава со развојот на човековото општество. Бидејќи тој процес е разностран и противречен, историјата не е егзактна наука. Таа се заснова на систематско бележење на настаните и луѓето што ги создавале или учествувале во нив. Бидејќи хронологијата е дело на луѓе од една генерација, а тие се несовршени суштества со страсти, пориви, предрасуди, интереси, карактери, историјата како наука во одредени временски интервали врши проветрувања на тој начин што се осврнува на поминатите периоди и во светло на изминатото време, препрочитување на старите факти, нивно преоценување и во согласност со новооткриените факти, врши периодична лустрација и на личностите и на настаните. Врши ревизија. Но и тоа не е конечно. Перцепцијата, односно впечатокот на една генерација или една личност за некој настан што бил запишан од современиците хроничари не ѝ дава на историјата да биде егзактна наука. Само уште грчките политичари и некои наши „мудреци" денес мислат дека постои една историска вистина, која еднаш засекогаш е утврдена и затоа станала догма. Што би рекол вториов наш генијалец, ова не е далеку од вистината, но не знаеме дали е вистинската вистина. 

    Јас, богати, и не бев свесна дека вистината се дели на вистинска и невистинска. Сѐ што имав научено досега е дека таа е релативна категорија, тргнувајќи од тоа дека всушност секој човек, секоја интересовна група во која спаѓаат и сите заедници што ги организира и во рамките на кои суштествува и се организира човекот, имаат свој поглед на работите, агол на перцепирање, кој зависи од многу „ситници". Токму неможноста да се дојде до една вистина ги тера општествата да утврдат системи на вредности, кои ќе значат правила на однесување за сите во одреден временски период и додека мнозинството не оцени дека тие треба да се сменат. Во тоа е проблемот кај нас. Извесни политички дејци уште си мислат дека државната политика е партија покер. За покерџиите се вели дека се по природа блефери и добри глумци. Тоа се и магионичарите. Освен егзактните знаења (правилата на играта, техниката за изведба на трикот), во практикувањето на занаетот голема улога игра талентот на блеферот да ги измами сетилата на противникот или публиката, а притоа да не се разберат ни трикот ни тактиката. 

    Во нашиов случај бре брате, сѐ е толку апла што и човек како мене, што нема абер ни како се игра покер, ни колку карти се делат, ни кој игра, гледа оти покерџииве од СДСМ седнале на коцкарска маса со перцепција дека ќе играат „не лути се човече" и со надеж дека ако не им тргне со зарчињата, на помош ќе ги викнат Брисел и Вашингтон, да им дуваат за среќа и, во најмала рака, да им издејствуваат „Рамковен договор" за нови уставни промени со кои ќе им се гарантира дека егзактно и историски отсега и за вечни времиња ќе бидат победници на „слободни и фер демократски избори". 

    Ова, богати, ескалира секој ден сѐ повеќе. Реков јас уште на времето, кога го слушнав нашиов самопрогласен државник од државотворната партија дека тој „немало да дозволи да се изврши редистрибуција на капиталот, оти оваа власт токму тоа го правела", дека ќе имаме многу сериозен проблем. Не поради човеков што нема абер ни од пазарна економија или плурализам и цел политички век го минува како покерџија, кој игра не лути се човече, и тоа со иле и со туѓи пари, туку поради новинарот во чие присуство беше изговорена оваа „мудрост", а тој веднаш не го нокаутираше со знаење ниту утредента се стресе ЗНМ, како заштитник на еснафот, ниту некој од експертско-интелектуалната заедница не го истресе од гаќи, а неговите колеги-политичари не го ставија макар во некој пригоден политички виц. Оти и тогаш поради него отидовме на предвремени избори.

    А што се однесува до тоа кој ќе биде победник на долг рок од оваа покерџиска лакрдија, дозволете ми да излезам со свој впечаток: да беше СДСМ изгледен победник или влијателен покер-мајстор, и Вашингтон и Брисел, па дури и Али Ахмети ќе играа со него. Нели така беше заклучно со последните предвремени парламентарни избори? Штом не е така, трезни луѓе што држат до егзактност почнуваат да думаат да не е утната стратегијата, да не случајно настанала забуна која игра се игра, за времето и просторот, зошто се игра, па така и се случило да се упадне во вортекс со екгзактни изгледи „трајно" да се удавите.
     
      
    Автор: Mирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 246 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025