Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 5:55 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Свеќи за живи луѓе во делот за починати 17-2-2013
    2013-09-12, 4:53 AM

    Свеќи за живи луѓе во делот за починати


    Свештениците велат дека наоѓаат разни предмети на иконите и покрај олтарот, кои ги оставаат верниците. Понекогаш наоѓаат конци во различни бои закачени на иконите, но една од најчудните слики била кога виделе како парите што се оставаат во црквите се врзуваат со конец



    Има луѓе што влегуваат во црква само за да прават клетви и магии што предизвикуваат зло

    ЦРКВИТЕ КАКО МЕСТО ЗА КЛЕТВИ И ЗА МАГИИ 

    Еден литар масло и еден килограм шеќер треба да се oстават пред олтарот во една православна црква. Потоа ќе запалите свеќа за вашиот непријател, но обратно, треба да се забоде со фитиљот надолу, во садот со песок наменет за починатите. Наместо вам да ви се случи нешто лошо, тоа ќе го снајде оној што сметате дека ви наштетува. Само така ќе успеат зборовите на клетвата. Ова е само една од необичните приказни што свештениците со години ги слушаат од верниците. Раскажуваат дека има луѓе што влегуваат во црква само за да прават клетви и магии што предизвикуваат зло. Некои верници сметаат дека токму во црквите се прават најтешките клетви. Тоа најчесто се случува за време на големите празници, бидејќи кај луѓето има верување дека ќе се фати изречената клетва. 

    - Има многу посетители на верските објекти што доаѓаат со лоши намери. Една од најчудните појави е кога луѓето палат свеќа, ја нарекуваат со името на тој кому сакаат да му наштетат и ја ставаат на местото за покојници, но не да гори, туку со пламенот надолу. Продавачите на свеќи во црквите се директни сведоци на таквите активности - објаснуваа свештениците.

    Велат дека наоѓаат разни предмети на иконите и покрај олтарот. Понекогаш наоѓаат конци во различни бои закачени на иконите, а една од најчудните слики била кога виделе како парите што се оставаат во црквите се врзуваат со конец. 

    Ваквите суеверни појави, наречени меѓу народот клетви и магии, според свештениците не се производ на црквата и на светите книги. 

    - Во книгите со црковна тематика не се запишани такви суеверни работи. Но, за жал, тие се присутни меѓу народот. Црквата се бори да го отстрани суеверието, зашто тоа нема никаква врска со православието и со библиското и светоотечко учење - објаснуваат професори од Богословскиот факултет во Скопје. 

    Многу често верниците прават суеверни обреди, кои ги идентификуваат со православието. Свештениците велат дека таквите сфаќања можат да се сменат само со изучување на веронауката. 

    Спас во веронауката 

    - Ако некој прави некакви чудни обреди во црквите, тоа е според бајачките принципи. Се обидуваме на верниците да им го објасниме значењето на суеверието, за да не се случува тоа во црквите - вели отецот Бобан Митевски од кабинетот на поглаварот на МПЦ. 

    Владиката Пимен има напишано дека Бог бара од нас милост, а не жртва, дека е поважно да се каже едно „Оче наш" или „Господе Исусе Христе помилуј ме", отколку да се колат јагниња и да си цртаме крстови со крв на челото, дека како христијани треба да нѐ познаат по добрите дела, а не по крстот на челото од жртвувањето. Ако се прифати тоа, тогаш луѓето спасот нема да го наоѓаат во правењето магии. 

    - Ако ни се објасни дека не треба да живееме во страв, туку да имаме слобода пред Бога и дека ако нешто и ненамерно погрешиме, Бог нема да нѐ казни со смрт или со болест, ако ни се објасни дека не треба да очекуваме експресно и магично решавање на проблемите со помош на ослободување од магии, туку дека ослободувањето е преку градење личен однос со Бог, ако ни се објасни дека суеверието и верата се две дијаметрално спротивставени работи - ако се објасни сето ова, не гледам причина за да не ја поддржиме веронауката, бидејќи со тоа би ги заштитиле нашите поколенија преку елементарното и точно изложување и исповедување на верата за да не се најдат во некоја од наброените ситуации и да можат да се справат со нив - пишува г. Пимен во неговата статија објавена на веб-страницата на МПЦ. 

    Клетва за цело поколение 

    Кога ќе почине некој важно е да се запали свеќа, за да не скита неговата душа. Со палење свеќа за жив човек, но во делот за покојници, му се фрла клетва да нема светлина кога ќе почине. Клетва или колнење е форма на говор што е спротивен од благословите. Според народното верување, клетвата е само збор со негативна желба некому да му се случи несреќа. Тоа го сметаат за тежок облик на нанесување зло поради омраза, одмазда или некоја друга причина. Етнолозите велат дека најтешки клетви биле крвните од родителот, братот, сестрата. Се предизвикува од гнев, големо огорчување, злосторство кон родот или криминални повреди на некакви општествени норми. 

    - Обично клетвите многу се кратки и лесно пренесуваат од генерација на генерација. Она што се користи и денес всушност се многу стари форми на клетви - додаваат етнолозите. 

    Сепак, верувањата биле и дека колнењето имало сопствена реперкусија, криво изречената клетва најчесто се враќала на оној што колне, но и на неговото потомство. Во народот владеело верување дека клетвата за дете претставува потешка казна од тепањето.

    Велат дека има случаи во некои селски средини каде што сѐ уште се убедени дека постојат клетви и магии и дека тоа се пренесува преку семејното стебло. Сметаат дека една клетва или црна магија може да сотре цели поколенија. 

    Магијата, пак, покрај зборот, има и некоја активност. Белата магија кај народот е позна како „баење". Таа се прави за да се случи нешто добро. Црната магија се прави за нешто лошо. 

    Според психолозите, клетвите и магиите можат да влијаат на психолошкото ниво на луѓето. Велат дека ако човекот против кого се насочени, знае за нив, во принцип е поподложен на такви нешта. Доказ дека овие верувања се живи е фактот дека во црквата се бара таканаречената Кипријанова молитва, која се чита против магии, уроци, лоши болести. Неа може да ја чита само свештеник. 


    Епитимија и анатема за грешните 

    Во античка Грција со анатема се нарекувала жртвата на боговите, односно она што им е посветено на боговите. Во Православната црква анатема значи дека оној што ја примил анатемата се издвојува од заедницата на верниците и се предава на милост или суд божји. Оттогаш црквата веќе не е одговорна за таа личност, односно таа личност сама ќе одговора пред Бога. Анатемата во Православната црква е еднаква на исклучувањето (екскомуникација) во Римокатоличката црква. 

    Црквата познава два вида црковна казна, мала и голема. Во малата црковна казна (епитимија) верникот е издвоен од светите тајни и црковни служби. Обично таа е временски ограничена. Големата црковна казна (анатема) е без временско ограничување издвоена од заедницата на верниците. Ако грешната личност се поправи, можно е да се симне големата казна.


    Кипријанова молитва против магии и уроци

    Доказ дека има луѓе што веруваат во клетви и во магии е тоа што од свештениците бараат да им се испее Кипријанова молитва, која се чита против магии, уроци и лоши болести. 
    - Ако магијата е ставена во праг или во кожа, или во железо, под камен или под земја или под дрво, да исчезне како дим, или ако е напишано со мастило или со човечка крв или крв од добиток или риба или со што и да е направено нека се распрсне од твоите раби. И ако магијата е врзана со многу јазли или во коски престорена или во гроб низ иглени уши или да е во бунар фрлена, или со што и да е направена да се ослободат божјите раби (имињата) и од секакво злодејство на нечестивиот дух, и со страхопочит да кажат: „Господ е мој заштитник, нема да се уплашам од никакво зло" - се вели во молитвата. 


     
      
    Автор: Радмила Заревска

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 341 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025