Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 9:04 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Теорија на дупло голо 1-3-2013
    2013-09-13, 10:59 PM

    Теорија на дупло голо


    Едно е јасно, во Ватикан е полесно папа да поднесе оставка отколку во Македонија папата на СДСМ да се откаже од моќта. Појавава во Ватикан ретко се случува, ама се случува. Макар и по шест века. Но, како што ни соопшти нашиот „Другар Папа" во Куманово, ич не се надевајте на такво чудо во Македонија и во СДСМ

    Се сеќавате ли на Сашо Ордановски? Еден од „блескавите" аналитички умови што заедно со Фрчко царуваше во невладино-медиумскиот простор во земјава за време на транзицискиот плурално-еднопартиски политички систем? Еден од неговите антологиски бисери во пресрет на претседателските избори по смртта на Борис Трајковски беше аргументацијата зошто требало да се прифати Бранко Црвенковски за кандидат, односно за сигурен претседател на Република Македонија. Експертов буквално рече дека подобро ќе биде да ѝ го утрапиме на државата за претседател, зашто така ќе се спасел СДСМ од него. Ќе можел да се реформира, да се освежи, да се модернизира. 

    Што да ви кажувам, џанам! Како и повеќето негови експертизи за битни прашања и оваа е егзактна до балчак. Може дури да се озаглави како теорија на дупло голо. Ем човеков стана шеф на држава, ем партијата не куртули. Ги зијанеше и двете. Остана уште народот на кој сега сака да му се утрапи преку ултиматум. До ултиматум стигнавме зашто навреме не го бевме разбрале што сакал да ни каже кога рече дека тој во кариерата се закитил со сите врвни титули, па сега, на доброволна база, хуманитарно, сака да му помогне на народот. Народот не му бараше помош, ама овој му порача дека е подготвен да му стане лидер, ако востане. Викнете ме и ќе дојдам да ве водам! Така ни кажа, жими сѐ! Со други зборови, го подучи откако ќе се крене самоиницијативно, народот без тендер, акламативно да го прогласи за водач на востанието. Е, ама глуп, народот не се крена, па водачот мораше да истрча на прва борбена линија сам. И сега заглавивме на позицијата „водачот го чека својот востанат народ", а Фрчко „експертише" дека, кај и да е, социјалдемократското востание ќе прерасне во светска револуција за освестување на „меџународната". 

    Едно е јасно, во Ватикан е полесно папа да поднесе оставка отколку во Македонија папата на СДСМ да се откаже од моќта. Појавава во Ватикан ретко се случува, ама се случува. Макар и по шест века. Но, како што ни соопшти нашиот „Другар Папа" во Куманово, ич не се надевајте на такво чудо во Македонија и во СДСМ. Тој останува не само доживотно туку и за сите времиња. Молам! Си кажа човекот што ќе биде следно. Ќе се прогласува за бог! Мирослав Грчев ќе му проектира светилишта и храмови за да има поклониците каде да се молат, а апостолите да проповедаат. 

    Значи, тоа е апсолвирано прашање. И не разбирам зошто уште се прават напори за да се отворел дијалог, па да се нашол некаков компромис. Зошто настојчиво го игнорираме здравиот разум заснован на искуство? Како може да се направи здрав договор со патолошка состојба, ви се молам? Која ќе биде вредноста на таков договор? И наместо да се занимаваме суштински со теми од реалниот живот што ги засегаат сите луѓе, ние дрочиме едно те исто.

    Имаше поплави. Во водните буици не пливаат само делови од покуќнина, туку и добар дел од нашите народни пари фрлени како градба на нашиот фушерски организиран живот. Нѐ чекаат локални избори, а тие се тамам повод за буица прашања до сите политичари или идеи за програми за работа на идните локални власти. 

    Јас на пример баш сега, наместо за консензусот на востаниците, сакам да знам кој и зошто гради мостови толку ниско над реките, а кои ги руши прва поголема буица? Од каков материјал се градат, кој ги проектирал такви никакви? Кој е одговорен за нивното уривање? Сакам да знам зошто, по кои традиции, со какво планирање на мочурлив терен упорно се градат живеалишта залепени за тлото? Зошто на онолку поплави не се урнал Камени мост во Скопје, во Кратово или привремениот мост кај Сарај што го градеа германските инженери во Втората светска војна, а се уриваат ниските бетонски мовчиња изградени од наши „експерти" во времето на обновата. Зошто речиси никаде нема саглам атмосферска канализација крај такви успешни општински татковци во 83 општини? Зошто поради обилни дождови да прокисне санираното средно медицинско или да изгори тукушто изградено основно училиште? Какви мајстори поставувале електроинсталација? Во кое училиште и со какви професори учеле занает? Што е со браните? Никој ли не калкулира со дождовите или со топењето на снегот, та со децении не одвојува средства за одржување на тие брани, за чистењето на вентилите и сл.? Што е со системот за рано предупредување? Зошто дури откако бидна лошото, селаните и општинските служби полнат вреќи со песок за спас од надојдените води? Никој ли не дојавуваше за водостојот? Како тоа сите се најдоа изненадени крај онолку метеоролошки извештаи и дожд што видливо за голо око паѓаше со денови и ноќи? Ајде човек и да се изненади ако ни падне врз глава астероид. Ќе речевме, сме немале сателити, па телескопи или НАСА. 
    Ама па нас секој дожд нѐ изненадува. Години ни требаа да сфатиме дека треба да се чистат каналите за наводнување. Сега колку години ќе ни требаат да се решиме на акција? Зошто упорно се држиме на поговорката дека сиромавиот двапати плаќа? 

    Зошто мора нешто лошо да се случи за нашите државни служби да ги активираат домаќинскиот и креативниот ум, и тоа ако некој јавно им изврши притисок? Слушнал ли некој за превентива? Каде е таа во илјадниците закони?

    Па ајде поплавите, ајде снеговите, што и кога ќе паднеа токму навреме, редовно нѐ фаќаа неподготвени до даска, та „органите" мораа дури интервентно и сите лопати од Бит-пазар да ги купуваат, ами, еве, речиси секоја година нѐ стресува и понекоја прехранбена афера. Годинава ни тргна со млекото, а гледам теренот се подготвува и за лебот. Овој пат мелничарите кренаа глас. Велат македонското жито не било квалитетно, а било скапо. Јас не разбрав една работа. Што е тоа квалитетна пченица? Кој го евалуира квалитетот на пченицата? По кои критериуми македонското жито не било квалитетно, а, да речеме, српското е? Дали мааната на македонското жито е тоа што нема доволно стероиди, та лебното зрно не е големо колку јајце? Кој е одговорен за квалитетот на семенскиот материјал? Дали се подготвува пак некоја ујдурма, па по искоренувањето на сончогледот на ред да дојдат и пченицата и пченката? Дали некој размислува за корелацијата помеѓу климатските промени и она што ќе расте во изменети временски околности. 

    Дали нашите земјоделци сеат генетички модифицирано семе што доминира на светските пазари или обратно? Со какви пестициди и ѓубрива го штитат родот? Која е државната политика за производство на здрава храна? Можна ли е државна самоодржливост ако не обезбедите оптимални услови или програма за квалитетно прехранување на своето население? Што е со културата на исхрана, со прехранбеното образование? Имаме ли банка за автохтони семиња? Кај се нашите автохтони семиња? Зошто завршија во САД во седумдесеттите години од минатиот век? Со што се заменети? Кој вика дека храната треба да биде третирана исклучиво како берзанска стока? Зошто не е „позитивно дискриминирана" кога се знае дека таа е состојка што учествува во основната градба на клетките исто како водата и кислородот? Каква ни е земјата? Водата? Какво фајде од успешна популациска политика ако демографите не работат во рамките на еден синхронизиран систем заедно со производителите на храна и здравството? Нели сите видови канцер (дегенерација на клетките) се во пораст. Што ќе биде со зголемениот пород ако шансата да порасне или остари му биде 1 наспрема 10.000? И какво фајде од субвенциите во земјоделството ако сме неспособни како општество самите да се прехрануваме. 

    Ова се теми за плурална политичка понуда. Ова се теми и за науката и за образованието. Е, ама вакви теми не се погодни за мегдани, борби, битки, револуции и востанија во предизборието. На вакви теми, господо, се гледа кого колку го бива, за што го бива. Кој колку знае, што знае и дали на местото на кое се нашол со титулите со кои се закитил стигнал зашто се хранел природно или зашто се пумпал со генетички модифицирани адитиви. Ако расчистиме со ваквите прашања, полесно ќе одиме на избори зашто на јавната сцена ќе нема простор за гнили компромиси со самопрогласени папи и политички шпекуланти, ами за одговорни луѓе со утврдени автохтони својства. 
     
      
    Автор: Mирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 225 | Downloads: 0 | Comments: 1 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025