Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 9:04 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Бидете луди, гласајте за будали! 15-3-2013
    2013-09-13, 11:12 PM

    Бидете луди, гласајте за будали!


    На онолку децении во два системи управување со државава од долу до горе, на онолку апсолутна власт и моќ, да не се оставело зад себе макар едно добро дело барем во последниве две децении, а сиот спомен на вас да симболизира збирка на рушителски потфати, и да тргнете на овие избори со изборно ветување дека со таа политика ќе се продолжи и во иднина, е исто како да ни се порачува „бидете луди, гласајте за будали"



    Ова е време на големи промени. Сме го констатирале тоа повеќе пати. Сите на еден или на друг начин го чувствуваме тоа. Но едно нешто нѐ дели на „ние" и „тие". Едните знаат дека „сѐ тече, сѐ се менува", а другите сметаат дека имаат способност и моќ да ги запрат времето и движењето. Црквата е една од институциите што се крепат на догмата и канонот, вадејќи се на безвременоста на Бога. Е, ама и тој земски симбол на вечноста, како што видовме, ја призна својата немоќ пред промените. Христијаните, преку изборот на новиот папа, се сведоци на почетокот на реформите во Католичката црква. Нема да биде долго кога на тој бран ќе сурфаат и православните и протестантските цркви, ама и исламот. Светот го доби првиот Латиноамериканец папа, го доби првиот језуит, францисканец, такаречи првиот „богумил" папа, првиот што побара благослов од верниците. Симболика колку да ми сакате. 

    И во Македонија се случуваат чуда што ги најавуваат промените. Во Кичево и во Струга, двете најголеми партии настапуваат заеднички за да ги исправат грешките на политичарите што со своите неодговорни, тесногради и плиткоумни одлуки помогнаа да се исцртаат контурите на имагинарната голема Албанија. 
    Овие локални избори во Македонија имаат буквално историско значење. Преку Кичево и Струга се испраќа силна симболична порака дека државната и локалната политика се креираат преку реален народ, од базата кон врвот. Никако обратно. Сакам да кажам, може партиските водачи да си прават бајрам со умот колку што сакаат, кичевци и стружани, без оглед во што политички веруваат, имаат еден заеднички интерес и приоритет, а тој е да живеат удобно како Македонци во државата Македонија. Политичар или партија што нема да го почитува тоа може да се слика со или без рамка. Значи, на овие избори, и симболично и фактички, по 70 години ќе падне нашиот внатрешен берлински ѕид. Ќе се ослободиме од демократскиот централизам - група политичари од врвот, самопрогласени партиски богови и авангарда, да му диктира на народот што треба беспоговорно да исполнува, дури и ако е погубно, глупо до даска. 

    Јас не знам како ќе го преживеат тоа типови како Манчо Митевски и Бранко Црвенковски. Обајцата тврдокорно ги бранат догмите, без оглед на времето, без оглед на интересите и волјата на живите луѓе. Штом не се послушни, ги прогласуваат за проста раја, Македончиња, што е еквивалент на црковното - еретици. На оваа симболика секој нормален човек може да ја забележи разликата, на пример, помеѓу водачот на ВМРО-ДПМНЕ и папата на СДСМ. Заборавете за миг на своите чувства, убедувања, симпатии или омраза и гледајте дистанцирано и слободно во сликата: Груевски отиде во Струга и со сјаен говор, избалансиран, полн со пораки, а неиритирачки и навредлив, упати чиста изборна порака до граѓаните. Црвенковски вакво нешто едноставно не е способен да направи. Иако е папа, не е од тој калибар да може скромно, покајнички да клекне пред кичевци и стружани и да им побара прошка оти им згрешил кога ги тргувал како стока на парцела и да ги повика да му помогнат со својата излезеност и глас да си ја поправи грешката. Уште ги гледа од високо како бубачки што може да ги згази, а не како самосвесни граѓани. Се дистанцира од нив. Не умее тој дури ни да прокнижи на своето политичко конто макар еден конструктивен поен што ќе му се смета како златна политичка акција, а тоа е да го збуни противникот така што ќе го повика заедно да им упатат мотивирачка порака на гласачите од тој регион. За да го направи тој толку логичен чекор му пречат неговиот глуп егоцентризам и ирационална злоба. 

    Двете го исфрлаат од каква било сериозна политичка игра што ќе биде важна за иднината. Фиксиран е персонално на Груевски, на кого не може да му парира со реална програма.

    Па погледнете ги само потезите што ги влече во предвечерието на изборите. Сите до еден се губитнички. Да почнам од Карпош или од Ресен. Во Карпош, наместо покајнички да му бакне рака на Стевче Јакимовски, да му побара прошка за сите изречени навреди во гнев, гледа како да му ја умре козата за тој да има еднократно задоволство да слави дека „го решил" непослушниот еретик. Го боли уво за граѓаните на Карпош. Колку што ми е познато, таа логика не го спаси од пропаст ни мафијашот Мајк Корлеоне, па не ми е јасно како може да си мисли дека ќе му помогне на Бранкота. Нејсе. Го истакна Андреј Петров за свој личен кандидат. А овој пак, со сиот ум, на граѓаните им ја даде на увид својата „бела" програма, која е собрана на една А4-страница. Пократка е од мојава колумна, верувајте ми. А сосема сигурно содржински е неспоредлива. Каква порака им испраќа на гласачите со тоа? Е, почитувани! Тоа значи дека кандидатот на СДСМ ги помножил со нула. Тоа значи дека кандидатот на СДСМ за општински татко во изминативе четири години ни момент од своето време не го поминал мислејќи на нив. Фактички, тој и не знаел дека ќе биде кандидиран. Како и на Макрадули и Жерновски, му наредиле од горе, а тој без да мисли прифатил да исполни директива. Во тој манир СДСМ втрчува на терен и во Ресен и во Центар и во Скопје. Ако веќе не може да победи, да наштети. Дури и себеси.

    А што да кажам! Каков папа, таков СДСМ, таква „програма" такви кандидатски листи! Историчноста на овие локални избори е токму во тоа што сега ачик гледаме каква е алтернативната политичка опција и зошто таа историски е осудена на пропаст. Да го земам на пример Јани Макрадули. Се сликал човекот пред зградата на „Водовод" и ни вели дека ако станел скопски градоначалник, ќе ја пренаменел градбата. Ќе им ја дадел на невладините организации. Не изградил, ама затоа си мисли дека природно му припаѓа правото на освојувач - да руши, граба и пренаменува. Симболиката на неговиот исказ, како и на оние што претходно ги испраќаше како пораки, како и оние што во низа ги редат Петров, Жерновски, Заев, кумулативно значи следно: СДСМ е политичка партија чија доктрина се заснова на перманентна национализација, експропријација, насилна приватизација, дислокација, грабеж, топење споменична бронза, газење и други такви „конструктивни" дејства. За тоа не се потребни интелигентни луѓе, креатори, мислители. Доволно е како идеолози да ги имате Фрчко и Грчев и мала „авангардна" група од француски клучеви и токмаци што ќе фингираат час востаници, час демократи и повремено „стендап"-кандидати за функции. Таа „елитна" групировка очигледно не умее да создава вредност, ама затоа умее темелно и сеопфатно да руши, занемарува, троши и преправа. Кога ќе се задлабочи човек во анализа, навистина се работи за комплетен политички производ, само сега е прашањето со каква пропагандна кампања можете да му го понудите на слободен пазар на потенцијалниот муштерија што е при здрава памет и чиста свест. Ни ОБСЕ, ни ОДИХР, ни Филе ни Волерс не можат тука да му помогнат на СДСМ. 

    Бре, аман! На онолку децении во два системи управување со државава од долу до горе, на онолку апсолутна власт и моќ, да не се оставело зад себе макар едно добро дело барем во последниве две децении, а сиот спомен на вас да симболизира збирка на рушителски потфати, и да тргнете на овие избори со изборно ветување дека со таа политика ќе се продолжи и во иднина, е исто како да ни се порачува „бидете луди, гласајте за будали".
     
      
    Автор: Mирка Велиновска 
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 205 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025