Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 9:04 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Извини, комесару, што ти вртам грб... 14-2-2013
    2013-09-13, 11:33 PM

    Извини, комесару, што ти вртам грб...


    А се сеќавам дека чувствителните евроатлантски дејци, водејќи сметка за чувствата, бараа убијците да ги именуваме политички коректно. Не како терористи и бандити, туку како борци за човекови права. Откако по нивна наредба прво медиумски ги легализираа, побараа од нападнатата држава, од жртвата, да си го смени уставот за да ги вгради токму учките во општеството



    Има така некои моменти во животот кога ви станува јасно дека светот ве доживува како млад мајмун на кој може да се експериментира, врз кој може да се изживува без никаква одговорност само зашто самите сте се согласиле од страв и неукост да бидете третирани како попречени во развојот.

    Комесарот за човекови права на Советот на Европа во извештајот за Македонија оценува дека Законот за амнестија бил проблематичен зашто ги амнестира лицата што извршиле злосторства што по меѓународното право не застаруваат и се забранети за државна милост. Да не е цинично би било многу смешно. 

    Јас не се сеќавам Советот на Европа и овој комесар, Нилс Муижиниекс, во времето кога УЧК од Косово ѝ објави војна на Македонија, која ја менаџираше и охрабруваше пропагандно, воено и логистички токму западната демократска заедница, да кажал макар еден збор осуда за извршените злосторства. Не гукнаа бре луѓево кога обвинителството на Хашкиот суд елегантно незаинтересирано пресуди дека за војната во Македонија била виновна државата, а за злосторници беа судени двајца Македонци (едниот Бошковски, кој беше ослободен од вина по долгогодишен притвор, а затвор легаше војникот Тарчуловски, кој извршувал наредби од командата), а не оние што од друга територија ја нападнаа како предатори. А се сеќавам дека чувствителните евроатлантски дејци, водејќи сметка за чувствата, бараа убијците да ги именуваме политички коректно. Не како терористи и бандити, туку како борци за човекови права. Откако по нивна наредба прво медиумски ги легализираа, побараа од нападнатата држава, од жртвата, да си го смени уставот за да ги вгради токму учките во општеството. Кога сте се зафатиле со таква задача, нормално било во секоја варијанта тие што убивале и вршеле злосторства против човештвото да бидат секогаш на власт како облигаторен коалициски партнер. За таа намена партнерот треба да биде хемиски подзачистен. Темелно амнестиран. Плус, позитивно да ги издискриминирате, етнички да ги сконцентрирате на дел од територијата. Е, кога тој заштитен партнер повремено ќе ви испорачува мафијашки барања за да не ви ја дестабилизира државата што планира трајно да ја уништи, вие како послаба страна, уценета и однадвор и однатре, преку насилно вградените механизми и без моќна заштита, се согласувате да ги прекршите врвните етички норми и да станете соучесник во злосторството. 
    Македонија ги амнестира злосторите против човештвото и кротко прифати да биде виновна за војната во 2001-та, која дома е заведена како недефиниран конфликт, а надвор како војна на просторите на бивша Југославија, само за да не добие некоја лоша оцена во некаковси извештај на некоеси бирократско тело во ЕУ и во НАТО. Таа се согласи и да им плаќа репарација на оние што ја нападнаа, извршија етничко чистење, брутално силуваа, убиваа и киднапираа. Ги направи косопственици на државата, убијците ги легализира како политичари и државни функционери што повремено, кога ќе им се дигне, како на малечкиот Бесими, ем тоа во присуство на Филип Рикер, ќе решат да си играат провокации колку само за да видат дали воопшто во Македонија има некој што ќе им удри две-три заушки. Пошто нема, го изротираа во потпретседател на влада задолжен за ЕУ-интеграции. И сега? Државата го крка резилот, а демохристијанските евроатлантисти од власта ќе одат на исповед за да си ја смират совеста. 

    Така му треба на исполнителниот Груевски. Требаше да одбие кога западњациве на сила му го нудеа Ахмети за коалициски партнер и тој во 2008-та го прифати. Требаше да крене интернационална џева во сите евроатлантски и светски институции и така да ја разгологази оваа меѓународна профитерска багра што глуми етичност и човештина на македонска државна територија. 

    Се надевам дека на овој безобразен извештај ќе уследи македонски државен одговор во форма на бела книга, во која таксативно ќе бидат наброени сите пиздарии сврзани со човековите права на Македонците, третирани во меѓународното право и светските повелби, а намерно игнорирани и прекршувани со благослов и на најстарата европска институција. Злосторствата против човештвото, нели, никогаш не застарувале? Освен ако злосторниците се договорат во сложена етапна операција да исчезнат трајно, оние врз кои тие злосторства биле извршени. И уште очекувам дека токму Груевски ќе им раскаже како Македонија „доброволно" се согласи да стави потпис под хартија со срамен текст дека американските војници можат слободно и без страв да војуваат, палат, рушат, убиваат, пљачкаат, измачуваат, зашто за нив не важат ни меѓународно право ни конвенции ни бутури, а на тоа не реагираше никој од официјална ем цивилизирана Европа. Па уште детално ќе елаборира како се случи македонска влада, во кооперација со американски амбасадор, да киднапира и држи во притвор граѓанин од трета држава, и тоа само зашто бил идентификуван како Арап со компромитирачко име и презиме, додуша со несоодветен личен опис, кој при легитимирањето не бил доволен доказ за да се признае сторена грешка. Па ќе опише како и зошто македонските институции преку своите фамозни анкетни комисии се согласија да го забошотат злосторството и да ги амнестираат злосторниците. Се надевам дека во овој црн и компромитирачки извештај за евроатлантското лицемерство ќе има свое место и поведението на евроатлантските амбасадори во Македонија во случаите кога отворено ѝ се заканувале на државата да не ги суди, односно, да ги ослободи за сторени дела убијците. Како во случајот со нагазните мини кај Сопот, акцијата во Бродец, или овој со убиството кај Смиљковско Езеро, а кој Пол Волерс предварително го опструира со инсинуација и закана дека одблизу ќе го набљудувал. 

    Една ваква хроника на срамот не би била целосна ако во неа не се најде место и за оцената за странските и домашните пропагандни машинерии што лажно се претставуваат како медиуми, новинари и невладини активисти, а кои не зуцнаа ниту збор осуда или критика за вакви колосални злодела против слободата и човештината, а мрсомудат за слобода, човекови права и демократија. Во тој контекст ќе треба да ги наброи нивните реализирани потфати со евроатлантска амбасадорска поддршка што ги има полн ку...фер. Како на пример, ритуалното спалување на Македонската енциклопедија, која ги навредувала чувствата на еклатантни убијци и киднапери и нивните интелектуално-медиумски јатаци. Или хорското експресно судење и пресуда против Љубе Бошковски, кој од симфонискиот оркестар на домашните медиуми, обилно кеширани од Сорос, во 2001-2002 г. првично беше виден како воен злосторник кому местото му е во Хаг, а во 2011, 2012 и 2013 г. беше амнестиран и унапреден во омилен Брат Љубе, жртва на домашна диктатура. 

    Како бре не им е макар малку срам пред сопствената совест да ја критикуваат правичната застапеност што на мускули ја протежираа ОБСЕ (Канаѓанецот Крег Џенес), Советот на Европа, ЕУ, НАТО на чело со Стејт департментот. По нивни ултимативни налози напикавме во државната администрација и шуто и рогато, главно неписмено, а сѐ под евроатлантска супервизија на процентот што тие самите, без попис, и во рамковните преговори во Охрид како олеснувачи го качија на 20 проценти. За потоа, пред секој попис да нѐ предупредуваат да не сме посмеале да ја објавиме реалната бројка, која ќе им го урне целиот рамковен пакет. Правичната застапеност била партизирана? Ма немој! Па, што си мисли овој комесар?
    Дека Ахмети или Тачи се несвесни оти треба да ги ухлебат вооружените убијци за самите да не бидат ликвидирани? Од друга страна, ако не им се тие и такви, зарем некој ќе ги есапи за фактор? 

    Сепак, вината за вакви извештаи е наша, и национална и државна и генерациска и поединечна. Како што ми кажа бившиот ген-сек на НАТО, аристократот Џорџ Робертсон: „Никој не ве натера да си го смените Уставот, да го потпишете таквиот рамковен договор. Вие тоа доброволно го сторивте". Точно. Такви сме си. Сакаме на луѓето да им учиниме, макар и на сопствена штета. Наивни сме до коска. Паѓаме на финти и на евтини трикови. Се плашиме и од сопствената сенка. Желни сме за странска, по можност евроатлантска љубов. Уживаме кога нѐ мавтосуваат. 

    Не сите. Мислам на оние од горните управувачки слоеви и интелектуално-експертско-медиумската каста. Тие ни се троа позагулени. Баш да видам како ќе пробаат да нѐ извозат сега, за новиот предлог-пакет на медијаторот Нимиц и на кои и какви финти ќе очекуваат да паѓаме во време кога очекуваме нова тура извештаи.
     
      
    Автор: Mирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 202 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025