Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 0:09 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Очигледна настава во тридимензионален простор 19-4-2013
    2013-09-14, 3:26 AM

    Очигледна настава во тридимензионален простор


    Сака да излегува од влада? Молам! Ене му ја вратата. Сака пак во шума? Молам, нека проба! Сосе НАТО. Додуша, колку што му сече, тој и би пробал, ама сметките ги прават оние во Брисел



    Кога би била романтичар како научничко-интелектуално-експертската двојка Малески, надворешнополитичкиот активизам на европските функционери на просторот на Балканот би го толкувала како и тие. Како потфат инспириран од возвишениот дух и најблагородни побуди на најквалитетните примероци на човековиот род. Ама не сум. Па растрчаноста, наместената простосрдечност и добронамерност ги доживувам како нужност во временски теснец. Изнудена, се разбира. 

    Баш вчера ме праша еден другар за тоа која е потребата на Ештон и на Филе во Македонија да пропагираат дека сега му е мајката за денот Д поврзан со името, па тоа како инжинерец и логистичар, а преку „комуникате" на УЧК, да ни го соопштува телалот Али Ахмети.

    Еве што мислам јас гледајќи ги работиве во три димензии. 

    1 Евроатлантската надворешна политика на светско ниво доживеа пораз сличен на оној што неодамна на локални избори го доживеа СДСМ. Што би рекол Заев, и се случи Ватерло. Или компаративно, мерено со последиците, поразот е идентичен на оној што го доживеа СССР по обединувањето на Германија. Сакаш во Латинска Америка, сакаш во Азија, на Средниот, Блискиот Исток или Северна Африка и Балканот, каде и да се опулиш, на кај и да се свртиш, гледаш серија од воени и дипломатски тешки контузии. А треба да си оспособен да играш нови партии шах на „Првенството за 21 век" со комплицирани ем амбициозни партнери!

    2Кога е така, ако си припадник на таа политика и стил,   секако дека ти треба некој камен, некаква подлога од која ќе се одбиеш силовито од дното кон изворот на светло и кислород. На оние од Брисел им се чини дека Балканот им е наједноставен за отскок. Ќе рече некој, зошто баш тука? Па затоа што, мили мои, овие од Брисел, арогантни и наакани, какви што се, си живеат во уверување дека тука секогаш им оди лесно. Народите се прости, политичарите глупи, а интелектуалците и новинарите неписмени дудлачи. Е, ама, гледањето на проблемите од птичја или жабја перспектива секогаш завршува како лоша политика и лоша политичка одлука. Тоа и се случува на ЕУ на Балканот што таа го „менаџира" еве веќе 20 години. Дејтонскиот договор се покажа како мртвороденче. БиХ и натаму е нефункционален протекторат. Сакаш политички, сакаш економски - сѐ е шкарт. Ем тоа евроатлантски брендиран. Кога ЕУ е во каша, во каша е и Вашингтон како лидер на „меџународната", која го моделираше просторот по распадот на СФРЈ и како главни носители на миротворниот процес. 

    Да продолжам, секој ден сѐ повеќе се гледа дека и Охридскиот рамковен договор е жива експертско-политичка утка. Идентичен е и проектот за независно Косово оверен со потписи на албанската мафија и бомбите на НАТО. А годината е 2013-та. Таа е симболична. А местото каде што се разгледуваат безбедносните прашања е Советот за безбедност. Тој е конкретен и пред реформи. 

    3 Балканот веќе сто години го гледаат како најголема европска депонија од која се шири одвратна реа. Па се разбира дека ЕУ сака да глуми инспектор по хигиена, само што не знае дека нема таква Дрисла што ќе ги заштити од загадениот воздух, кој е нуспроизвод на нивната континуирана политика. На ЕУ и САД стравотно им пречи пресудата од Меѓународниот суд на правдата сврзана со Македонија и по нејзината тужба. Би сакале да се заборави, ретушира, избрише како сеќавање. Затоа им се брза и бараат, со помош на стап и морков, да ја заборавиме и ние. 

    Е, ама, при последните посети или преговарачки рунди што ги организира и посредува Брисел се виде кристално јасно дека политиката на стапот и морковот (демек политика на сила) загубила здив. Трокира сосе проектите. 

    Интересно, мајката, како за некои десетина дена Кетрин Ештон се трансформира од сурова кротителка на српско-косовски магариња во насмеана акробатка што жонглира со три топки на една нога. Што е? Значи можело стапот да се намали, а морковот да се зголеми ако се запне. Земи или остави не палело како пред десет години.

    И во Скопје госпожата со целата своја екипа се увери дека на Балканот не било сѐ како пред сто години. Никола Груевски, „засилен" со Суле, одигра симултанка со целата ЕУ-екипа, а во заднина засилен со распослана почесна гарда за пречек на катарскиот емир. Галиба, тоа стапот и морковот од Брисел не оставија некој особен впечаток пред симболиката на „уиндоу оф опортјунити". Не ќе да е дека ние во Македонија сме баш до толку гладни за ветени моркови и ментално антиквизирани од континуиран евроатлантски ќотек. Ќе да е дека антиквизаторскиот концепт на надворешна политика што го негува империјална Европа ’рѓосал. Затоа денес, кога Али Ахмети, по својата „колумна" и прецизниот одговор од владејачката партија (засолено со коментарот на Груевски дека нема време да се занимава со ултиматуми од сенекој) ќе ја даде својата „изјава" дека погрешно бил разбран од македонската јавност, логистички потпрен на ѕидот на американската амбасада, впечатокот е дека си имаме работа со издупчена лејка. 

    Никој бре не му се плаши. Ни нему ни на газда Волерс. Ни докурчија! Тоа го има сфатено и оној комунистички диктатор од Северна Кореја, кој изгледа посериозно следи глобални временски извештаи од наш Али. Сите го доживуваме како наакана будалетинка што се облекла во американско знаме и која не умее да сконта дека македонскиот народ нема намера да се самоубие за потребите на нечиј светоглед. 

    Сака да излегува од влада? Молам! Ене му ја вратата. Сака пак во шума? Молам, нека проба! Сосе НАТО. Додуша, колку што му сече, тој и би пробал, ама сметките ги прават оние во Брисел. Конфликти, дестабилизации, па и војни, чинат многу пари. А европските каси се празни. Не стига бербата од тајните сметки во офшор-банките ни да го нахрани со моркови сопственото население. Имаат „сиќа" само колку да ги намират тоа балканските спонзоруши што медиумски дејствуваат и во Македонија. САД си имаат други ем поголеми гајлиња распослани низ цел свет и дома. Плус, не е лесно да се донесе одлука со која ќе се потврди дека пацификацијата и суредувањето на Балканот било колосално неуспешен евроатлантски проект, а Дејтон, Рамбује и Охрид акушерски стационари со пијани бабици што носат на свет мртвороденчиња. 

    Ова, во контекст на загубените војни во Авганистан и во Ирак, неуспешните обиди за дестабилизација на Централна Азија од Чеченија до Иран, ритуалното палење огнови на Далечниот Исток, значи дека обидот да се замрзне времето пропадна. Балканот не може да го искомпензира. Но дури и да може, ете, не сака веќе. Му боктиса веќе и од стапови и од морковчиња. На оние овде-онде што навикнале на ваква прихрана и натаму ќе им се врши дотур, ама ефектот од тоа е како убод од комарец. На такви пак сме навикнати и ги неутрализираме со босилек зашто долго живеевме во балкански блата. 

    И сега шо праиме?

    Ништо! Цепаме понатаму до следната дојава за нов ден Д, до нов европски извештај, до нова медиумска драмолетка креирана во грчките медиуми и „анализа" на „експерти" за тоа што сакал да каже „писателот".  
     
      
    Автор: Mирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 177 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025