Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 11:52 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Разбојниците ги бараа неумските ноти, ама ги скривме 25-4-2013
    2013-09-14, 3:36 AM

    Разбојниците ги бараа неумските ноти, ама ги скривме


    Мечката ни играше околу. Чувствувавме дека нешто ќе се случи, ама дека бездушниците ќе нѐ остават на ова дереџе никој не веруваше. Не знам како да ги наречам оние што го сториле ова, ама сигурен сум знаеле што бараат. Ги однесоа иконите кога ни спијат душите, веројатно околу 3 часот, вели Арсо Глигуроски, кој нервозно шета низ црковниот двор



    Сигурни сме оти ја бараа книгата со неумски ноти, а за неа знаеја малкумина, вели Арсо Глигуроски

    Лазоровци очајуваат по грабежот на иконите во „Св. Ѓорѓија"

    Црквата „Свети Ѓорѓија" во Лазарополе, најпрепознатливиот симбол на културата во Мијачијата, со еден од преубавите живописи насликани во византиски стил од големите зографски мајстори Михаил од Самарина и Дичо Зограф од Тресонче, еден од најквалитетните ансамбли во македонската уметност од средината на 19 век, е опустошена.

    Во понеделникот во мугрите од оваа импозантна градба, која како горделив сведок на едно време се извишува во средината на селото, се украдени 24 икони. Никој не ја забележал кражбата, ниту неколкуте жители што престојуваат во Лазарополе, ниту дежурниот што ја опслужува тамошната метеоролошка станица. 

    - Ова што ни е сторено е премногу. Не влегле преку прозорците оти тие имаат железни решетки и капаци врз нив. Неодамна ги наредивме. Ја скршиле со нешто бравата на влезната врата што е од памтивек, а и новата и влегле внатре. Без тие икони црквата не е толку убава како некогаш - во очај вели осумдесет и осумгодишниот Сотир Шошкоски.

    ПРОКЛЕТНИЦИТЕ УНИШТИЈА УНИКАТНА РЕЗБА

    Дедо Сотир е тука од средината на март и со баба Смилка обично седат до Митровден, ама не верува дека ќе издржи дотогаш. Не му се гледаше ништо пред очи. Додека ни кажуваше се држеше за глава, не можејќи да поверува во она што во понеделникот им се случи на лазоровци. 

    - Проклетници ја однеле и највредната икона, стара близу 500 години. На неа беше ликот на „Свети Ѓорѓија" заедно со мотивите од неговото житие. Житијската икона, сместена во првиот ред на иконостасот, отскокнуваше и по содржината и по староста на изработката, а и по квалитетот на зографот што ја работел. Оваа икона имаше и мали дефекти, поради што при реконструкцијата на иконите ѝ посветивме особено внимание. А таа тоа и го заслужуваше. Ама, еве, сега ја нема. Еве, го уништија и уникатното парче резба, какво што има само уште на Света Гора - низ солзи ни зборува дедо Сотир и со бастунот ни го покажува местото каде што биле царските двери. 

    Жителите на Лазарополе отсекогаш си ги сакале верските објекти. И двоеле за да ги градат, украсуваат, или да ги обновуваат затоа што знаеле дека токму во овие места се проповедало и се граделе духовниот и моралниот лик на човекот.

    Стравотна беше глетката вчера во лазоровската црква. На подот расфрлани и лево и десно имаше парчиња резби што крадците ги оставиле зад себе. Се обиделе да откорнат и други икони, но не им успеало. Кога заминувале им испаднала дрвената певница, опточена со седеф, или можеби не им ја збирало во возилата и ја фрлиле. А, според извесни кажувања, и трагите што биле најдени близу објектот биле два автомобила. 

    ВРЕДНАТА КНИГА - ВО СЕФ

    - Мечката ни играше околу. Чувствувавме дека ќе се случи нешто, ама дека бездушниците ќе нѐ остават на ова дереџе никој од нас не веруваше, не ни паѓаше на памет. Не знам како да ги наречам оние што го сториле ова, ама сигурен сум знаеле што бараат. Ги однесоа иконите кога ни спијат душите, веројатно околу 3 часот - вели Арсо Глигуроски, кој нервозно шета низ црковниот двор угоре-удолу. 

    Човекот не запре ниту минута. Не знаеше што да стори. Тој бил последниот што ги затворил вратите во неделата доцна попладне, околу 18 часот, откако со уште неколку мајстори завршиле со работата во галеријата. 

    - Како да ми велеше нешто однатре дека напасниците се тука, близу. Два-трипати се враќав назад да ја проверам вратата. Направив и неколку круга околу црквата и еден по еден ги проверив прозорците. Сѐ беше затворено. Ама ете, влегоа, ја скршија вратата. Некои делови од лазоровската историја отидоа во заборав - рече Глигуроски.

    Неколкуте лазоровци со кои вчера разговаравме се сомневаат дека крадците барале и нешто друго, а тоа, за среќа, од пред неколку дена тие го ставиле во сеф. На тоа ги наведува фактот дека злосторниците не биле само крај иконостасот туку шетале низ црквата и туркале сѐ пред себе.

    - Сигурни сме оти ја бараа книгата со неумски ноти. А за неа знаеја малкумина. Можеби со тој податок треба да се позанимава полицијата - велат лазоровци, но ниту еден од нив не сакаше јавно да го обелодени името на оние што имале информации за сите вредни работи во „Свети Ѓорѓија". 

    Последниве 12 години во Македонија се ограбени 769 цркви. Процените се дека се однесени околу 20 илјади верски артефакти.

     
      
    Автор: Томислав Кежаровски  Фотографија: Игор Бансколиев
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 198 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025