За Путин во Русија нема сталинизам
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во Русија нема политички процеси и масовни репресии, но и дека мора да постои ред и почитување на законите
– Никој никого не затвора заради политички погледи и ставови туку заради кршење закони, пред кои сите мора да бидат еднакви, одговори Путин на споменувањето на процесот против бендот Пуси Рајот и опозицискиот лидер Алексеј Навални. Сталинизмот е поврзан за култ, масовни репресии, логори и ништо слично нема во Русија и не може да има, изјави рускиот претседател одговарајќи на критики дека неговиот трет претседателски мандат покажува елементи на сталинизам, како политички мотивираните судски процеси.
|