Русите поставиле 1,2 милиони прашања до Путин
Повеќе од 1,2 милиони Руси поставиле прашање до Владимир Путин на специјалниот телефонски центар или преку СМС пораки и писма на посебен веб-сајт
Рускиот лидер, кој со години комуницира со народот на овој начин, ќе одговори на нив на 11-та телевизиска конференција. До денеска биле примени 957.509 позиви, а 174.664 СМС пораки и 103.505 писма на специјалната веб-сајт.
Речиси третина од луѓето кои поставиле прашања се на возраст од 36 до 55 години, а еден отсто од прашањата биле поставени од деца и тинејџери помлади од 18 години.
Меѓу темите кои биле поставени најмногу се однесуваат на станбените прашања, комуналната служба и социјалната заштита, како и прашања поврзани за децата. Исто така, има повеќе прашања за индустријата и сообраќајот, отколку за политиката и државата.
Телевизиската конференција со Путин почнале да се емитуваат од 2001 година кога беше избран за претседател на Русија. Досега имал 10 директни разговори со граѓаните. Во 2001 године одговорил на 400.000 прашања, 2002 на повеќе од 1.400.000, а 2007 постигнат рекорд со 2.506.000 поставени прашања.
|