|
Шо ти се чинеше ка се онадеше 31-5-2013
| 2013-09-14, 4:27 AM |
Шо ти се чинеше ка се онадеше
Не оти го прочитале важечкиот закон, а се кренале со свирчињата на протест против Никола Тодоров, кон кого изгледа се наапани поради нешто што нема врска со разум туку со емоции и нагони. Човеков ги дразни очигледно. Таква му е кармата
Јас многу често ја користам паралелата со млад мајмун кога сакам да опишам состојба на залетување без да му се мисли, на брзоплетост и непромисленост при донесување важни одлуки или вредносни судови. Исто толку често го користам изразот неуспешен абортус, односно недоправен за личности од јавниот и политичкиот живот што еднодимензионално ги опсудуваат нештата, проблемите и феномените среде кои живеат.
И двата израза одлично легнаа по повод измените на законот за здравство. Што да кажам. Натрчаа „госпожите" од СДСМ, ДОМ и афежето на Савка како алфа-женки предводнички на сурија млади мајмуни. Да се биде млад мајмун и некако му личи на невладиниот сектор составен од деца без искуство и знаења, способност да ги познаваат добро работите од областа поради која се активисти на некое цивилно здружение. Ним некако природно им личи да наврат маичка со порака и да залапаат дудучиња за да исвиркаат нешто што им се чини недоволно „ин". И пред да почне ерата на франшизираниот невладин ангажман сме го правеле тоа. Ама кога Цветанка Ивановска или Лилјана Поповска со сиот временски багаж ќе влетаат во полето на женските права, на сите страни фрчат абортуси во петти месец со гадни последици.
Овој пат јавно и на самото место госпожите се изложија на невиден мајтап пред цела нација. Политички абортираа на диво, во нехигиенски услови и неуспешно. Умрев бре од срам поради нив! Протестираа против решенијата од постојниот и важечки закон од 1976 година и против неговите измени што на ниту еден начин не ја засегаат суштински материјата што божем нив ги интересира. Не оти го прочитале важечкиот закон, а се кренале со свирчињата на протест против Никола Тодоров, кон кого изгледа се наапани поради нешто што нема врска со разум туку со емоции и нагони. Човеков ги дразни очигледно. Таква му е кармата. Но и онаа на другарката Радмила Шеќеринска. Сликајќи се секогаш на места што мирисаат на почеток на „отпор" окезена соодветно во знак на поддршка, таа турскосериски докажува дека не само што не знае како се вари компир туку и дека лисјата им паѓаат само на листопадни растенија, а во политиката дека оние со темелно изгребена материца имаат функција само на парадери.
Сакам да кажам, со јавна поддршка од односниот министер, и Цветанка и Лилјана, па и Савче и Рада, како и досега, можат слободно и непречено да продолжат да си абортираат повеќепати годишно зашто ним тоа очигледно не им се одразува на политичкото здравје. Баш ги „боле". Но ги потсетувам дека како мајки и баби веќе утре ќе живеат со последиците на нивните младомајмунски размислувања на одредената тема. Оти таа не е ни еднодимензионална ни исклучиво здравствена, филозофска или профитерска, религиозна и идеолошка. Таа е суштинска, стратегиска и историска.
Врзана е директно со опстанокот на човечката заедница. Да не е така, светските стратези нема да излегуваат со долговременски прогнози за демографските и популациските политики, ниту државите би правеле стратегии за развој без вграден сегмент за состојбите со населението. Колку што мене ми е познато, и Македонија е држава и има сплет од демографски и популациски проблеми. Знам исто така дека џабе е да се говори за самоодржливост и економски развој доколку нацијата ви старее и не е способна да се обновува и расте. Едноставно, ќе ви се случи да немате доволно свежа работна сила за да си обезбедите економија, производство, знаење, иновации... Држава што не води сметка за ова, се осудува на пропаст.
Трите се лиценцирани како политичарки. Отсега натаму јас им ветувам дека ќе ги сочекувам во заседа секогаш кога ќе зинат на темите за демографската, популациската политика, белата чума, стареењето на нацијата, за работната сила и развојот на економијата, за иднината на нацијата, за патриотизмот, македонизмот, за изумирањето на нацијата. Оти, Поповска со својот ДОМ и Ивановска и Шеќеринска со СДСМ претендираат да се занимаваат и со голема политика. Со своите чести и неконтролирани од никого пометнувања, веќе нѐ поплавија со недоправени политички рожби (ставови). Што очекуваат? Дека сега сите ние ќе им ги думкаме? Што би рекол Цацко, „што ти се чинеше ка се онадеше"!?
Но не пометнуваат само политичарките на темите за женските права. Им се случува почесто на нивните машки пандани. Ѓорге Иванов во својство на домаќин на состанокот на шефови на држави од Југоисточна Европа беше принуден да го откаже состанокот на Иницијативата за регионална соработка поради очевидната опструкција со ефектно образложение дека Македонија веќе нема да учествува во заткулисните играрии. Човекот е сосема во право. Јазикот му е политички и дипломатски, ама лесен за дешифрирање. Пораката е испратена од центрите на моќ во Европа и САД оти нивната балканска клиентела традиционално исполнува зададени задачи.
Годината е 2013-та. Се навршуваат сто години од Балканските војни. Балканот со своите замрзнати конфликти создадени пред сто години и натаму не може да се соземе. Политичарите, со два-три исклучоци, се недоправени, да не кажам неуспешни абортуси. Македонија и натаму е и плен и потенцијална жртва.
Некој очигледно уште ја смета за монета за поткусур.
Мислите ли дека е случајно што во време од еден месец, а пред јунскиот европски самит, пропаѓаат три регионални конференции (за религиите, за цивилизациите и оваа за регионалната соработка) на кои домаќин е токму Македонија!? Ова е чист случај за откривање на сите фактори што изведуваат атентат. На овој пример, сто години потоа, ги гледате и инспираторите и организаторите и изведувачите на злосторството. Само што сега ние сме опулени и просветлени па гледаме резил од светски маштап од централна ложа.
Државата Македонија е отворено уценета. Сега повторно меѓународно ја блокираат и изолираат. Ѝ вршат притисок. Она што им го правеа со децении на Куба и на Венецуела, сега ѝ го прават на Македонија. Мислат дека така ќе ја натераат во очај да се самоубие прифаќајќи промена на името. На тоа ја темели својата надеж Аиво Орав. Да капитулираме пред фашистичката буица. Да прогласиме колективно самоубиство на цел еден народ. Да се самоабортираме слободно, што би рекла Цветанка.
Само што „неќе моќи". Стејт департментот, по лицемерното писмо полно со тага поради пропуштената можност лидерите на југоисточноевропските држави да ја унапредат меѓусебната соработка, ќе тргне во нова акција. Ние ја очекуваме следната евроатлантска активност на балкански простор. Ќе фураат „мерки и активности" подземни, нормално, кои ќе доведат до загрижена констатација дека регионот не е способен сам да излезе од историјата, па ќе понудат конкретна помош. Во облик на организирана, спроведена балканска конференција со однапред напишани заклучоци во кои Македонија треба да биде заморче. На тоа ли мислеше Иванов кога изјави дека Македонија нема да учествува во вакви заебанции? Па се разбира дека не би требало да учествува со оглед на богатото искуство.
Ајде бате сега да видиме како ќе ја одиграме оваа историска партија. Јас ич не се сомневам дека имаме и ум и сила за тоа. А СДСМ, ако сака, слободно политички нека продолжи да си пометнува со помош на која сака угледна бабица. Тој со голем успех го прави тоа од 2001 година. Дури мислам дека од толку чести пометнувања СДСМ трајно остана без материца. Видовте нели дека кандидатот за лидер Игор Шема веќе идентитетно се самодоживува како дете на партијата. Не бил дури ни од епрувета, а камоли од мајка и татко. Го склепал и, праен-недопраен, го родил колективот СДСМ! Значи, Бог да чува и да брани од бетер!
Штом решил да продолжи да ги бојкотира државните институции, освен кога се во прашање ЕУ и НАТО, штом не ја признава државата од која зема плата, ниту ги есапи гласачите и другото живо и нормално население, нека не се чуди што во наредните години на секои избори ќе има третман на успешно извршен абортус.
| | | | |
|
Category: My files | Added by: Вељанко
|
Views: 197 | Downloads: 0
| Comments: 2
| Rating: 0.0/0 |
|
|