Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 1:59 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Верници и владици ја бранеа црквата „Св. Константин и Елена“ 8-6-2013
    2013-09-14, 9:08 PM

    Верници и владици ја бранеа црквата „Св. Константин и Елена"


    Додека се очекуваше седницата да започне, состојбата во дворот на општината стана напната. Беа искршени неколку прозорци, а некои граѓани што протестираа се обидоа насила да влезат во општинската барака



    Прекината седницата на општината Центар 

    „Црквата пати, народот ќе ви врати", „Градење да, рушење не", „Жерновски талибанец", „Ниту во турско не се рушеле цркви". Ова се само некои од паролите со кои вчера попладне стотина верници протестираа пред локацијата каде што се гради црквата „Св. Константин и Елена" и пред бараките на општината Центар, против, како што велат, намерата на градоначалникот Андреј Жерновски да бидат направени измени во деталниот урбанистички план, со кои, меѓу другото, би се спречила изградбата на овој верски храм. 

    Инаку, советот на општината Центар требаше да одлучува за ревизија на деталниот урбанистички план, со кој, како што тврдат општинарите, планираните измени не се однесуваат на црквата, туку за други локации, односно дека конкретниот ДУП ќе биде ставен надвор од сила и ќе се почне постапка за негова корекција од почеток за направените (не)намерни пропусти да станат формално-правни. Надлежните велат дека се должни да ја вратат процедурата од почеток. Но тоа не значи дека ќе се запрат активностите што веќе се почнати, како што е црквата.
    Додека се очекуваше седницата да започне, состојбата во дворот на општината стана напната. Беа искршени неколку прозорци, а некои граѓани што протестираа се обидоа насила да влезат во општинската барака. Градоначалникот Жерновски не даде изјава за медиумите, туку ја напушти општинската барака. Се огласи само првиот човек на советот на Центар.

    - Во предлог-одлуката за укинување на ДУП воопшто не подлежат за укинување објекти што се во градба и за кои е издадена документација - изјави Мирослав Шиповиќ, претседателот на советот на Центар. 
    Владиката Агатангел, заедно со владиката Пимен и викарниот епископ велички г. Јосиф, се појави на местото каде што се гради црквата „Св. Константин и Елена", во центарот на Скопје. Тие им дадоа поддршка на граѓаните, кои, како што вели г. Агатангел, се собрале да го спречат рушењето на црквата.
    - Ние тука не се собравме затоа што Жерновски одржува седница, туку зашто сме информирани дека не само што сакаат да се спречи градењето туку сакаат и објектот да го срушат. Апелираме до Жерновски. Ова му е вторпат да атакува против МПЦ. Пред неколку години црквата ја даде на Уставен суд, каде што ја укинаа веронауката. Сега повторно со неговите гафови го провоцира православниот македонски народ, не само во Скопје туку и во цела Македонија. Кога во светот се слават 1.700 години од Миланскиот едикт, од слободата на христијанството, во 21 век, во распарчена Македонија, еден господин сака да руши црква. Мислам дека тоа никој нема да го дозволи, ниту оние што се против Христа, ниту оние што веруваат во друг бог. Бог ќе го спречи ова дело. Нека престане со провокациите на МПЦ. Ако почне да руши, лошо ќе помине - изјави владиката Агатангел. 
    Од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи велат дека духовната традиција на македонскиот народ се потпира врз вербата во Бога и црквата. Тој вознес и духовно просветлување нѐ одржувало нас, Македонците, низ вековите и ние сме обврзани да ги чуваме и зачуваме и во добро и во зло, зашто тие се нашата сегашност и нашите победи. Само мрачните сили на деструкцијата се креваат против Бога, црквата и културата.

    - Г. Жерновски, зарем денес и вие треба да бидете олицетворение на тие мрачни и деструктивни сили? Дури ни Хитлер не се дрзна во екот на Втората светска војна да ги уништува духовните храмови на народите. Зарем вие ќе се ставите над неговата улога? Наместо да градите културни и духовни храмови, Вие ги уривате! Потсетете се само на монахот од Нерези во 1550 година, кој возбудено изјавил: „Ги срушија сите цркви и духовни храмови во Скопје". Немојте да нè ставате како народ во улогата на тој средновековен монах и ние да бидеме неми набљудувачи на рушење и неизградба на Божјите храмови и со тоа да им испратиме негативен сигнал на меѓународните фактори, кои најмногу ги анализираат и ги почитуваат мултикултурноста, разноликоста и верската слобода - соопштуваат од комисијата.
     
      
    Автор: Радмила Заревска  Фотографија: Игор Бансколиев
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 183 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025