Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 4:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Граѓаните во одбрана на ликот на ГТЦ 14-6--2013
    2013-09-14, 9:18 PM

    Граѓаните во одбрана на ликот на ГТЦ


    Под мотото „Го сакам ГТЦ" архитектите се обединија за спас на Градскиот трговски центар во Скопје, кој според последните планови треба да добие барокна фасада и три куполи, со што целосно ќе биде сменет изгледот на објектот


    Иницијатива на ААМ

    Поради тоа, денеска, со почеток од 10 часот па сѐ до вечерта ќе се одржат серија активности иницирани од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), за кои се доби поддршка од професионалци од релевантни области и од граѓани кои го сакаат и ценат ГТЦ.

    - Повод е усвоениот проект за затворање и менување на изгледот на трговскиот без претходна јавна расправа и без да се води сметка за важноста на објектот како градителско наследство, на што имаме историска обврска да реагираме, и како архитекти и како граѓани - објаснува Даница Павловска, претседателка на Асоцијацијата на архитекти. 
    На западниот влез на ГТЦ кон плоштадот „Македонија", во периодот од 10 до 19 часот, ќе биде поставен пункт за потпишување петиција.

    - Околу 19 часот учесниците на протестот ќе направат еден гест за паметење, а тоа е „Гушкање на ГТЦ", преку кој ќе покажеме дека овој објект, оваа структура, овој простор ни се важни, дека се дел од нашата меморија, дека ги сакаме и ги користиме зашто се онакви какви што се и ќе се заложиме такви и да останат - вели Павловска.

    Како што велат архитектите, Градскиот трговски центар е едно од најзначајните дела што е наследство на македонската модерна архитектура, антологиски пример од постземјотресниот период. Центарот е изграден во 1973 година според проектот на Живко Поповски. 

    - Доколку овој објект се затвори со врати и фасади, ќе се затвори и една од клучните артерии на движење во центарот на градот. Токму неговата отвореност влијае на проточноста на луѓе, на неговото доживување, на неоптовареноста на движењето со пречки, па сѐ до малите социјални функции - изјави Даница Павловска. 

    Архитектите велат дека на ГТЦ не му е потребна нова фасада, која засекогаш ќе го смени карактерот на објектот, туку му е потребно подобрување на неговата сегашна состојба и тоа само преку реставрација и програмско заживување на објектот.
     
      
      Фотографија: Игор Бансколиев
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 218 | Downloads: 0 | Comments: 1 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025