Русите ќе и испорачаат ракетен систем на Сирија
Руските власти соопштија дека ќе го почитуваат договорот за испорака на одбранбен ракетен систем С-300 на Сирија
Тоа го изјави рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва ги почитува своите договори и дека ќе им биде чест да ги исполнат своите обврски. Меѓутоа, тој додаде дека договорите не се завршени и дека испораката не е целосна. Русија минатиот месец наведе дека се сложила на Сирија да и продаде современи воздушни ракетни системи С-300, кои се сметаат за важни во технологијата за пресретнување на летала. Русија инаку, го поддржува сирискиот претседател Башар Ал Асад, чија земја веќе две години е соочена со граѓанска војна. Русија, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, неколку пати стави вето на некои резолуции за Сирија. Се проценува дека во Сирија, од почетокот на судирите починале најмалку 93.000 лица.
|