Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 6:49 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Звуците на традицијата повторно ќе одекнат во Долнени 1-7-2013
    2013-09-16, 1:58 AM

    Звуците на традицијата повторно ќе одекнат во Долнени

    Оваа манифестација овозможува не само презентирање на нашиот фолклор туку и размена на искуства, развивање пријателства и комуникација меѓу народите. За нејзината масовност говори фактот дека во досегашните изданија учествувале над 9.000 инструменталисти, вели директорката Весна Вучиќ



    Од 5 до 7 јули 39. издание на фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски"

    Меѓу богатата културна понуда на Прилеп ова лето се вбројува и фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски", кој од 5 до 7 јули ќе се одржи 39. пат. Оваа манифестација е единствено место каде што се одржува традицијата и се негува изворниот македонски фолклор во нашата земја. Според најавите, на фестивалот ќе учествуваат над 200 учесници, а првпат годинава тој почнува во петок, а ќе заврши во недела. 

    Покровители се Министерството за култура и општината Прилеп.

    - Свесни за она што го има направено Пеце Атанасовски за зачувувањето и презентирањето на фолклорното богатство во светот, како најзначајно културно наследство на земјата и оставено за сите генерации, му посветуваме големо внимание на фестивалот. Лани на Атанасовски му поставивме споменик, а в година јубилејот ќе се погрижиме достојно да го прославиме - вели градоначалникот Марјан Ристески.

    И за директорката на фестивалот Весна Вучиќ, тој има специфична мисија.

    - Оваа манифестација долги години овозможува не само презентирање на нашиот фолклор туку и размена на искуства, развивање пријателства и комуникација меѓу народите. За нејзината масовност говори фактот што во досегашните изданија учествувале над 9.000 инструменталисти - посочи Весна Вучиќ.

    На свеченото отворање на фестивалот, кое почнува на петти јули во 20 часот на камената бина, му претходи промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење - хрестоматија со мелопоетска анализа" од авторката д-р Родна Величковска, издание поддржано од Министерството за култура.

    Натпреварувачкиот дел ќе продолжи во саботата, од 20 часот, на летната сцена на плоштадот „Александрија", а од 11 часот годинава во спомен-куќата на виртуозот Пеце Атанасовски, во општината Долнени, ќе се одржи трибина на која ќе учествуваат еминентни етномузиколози што ќе дебатираат за формите и содржините на презентирањето на изворниот фолклор, а некои од учесниците ќе имаат и настап.
    Фестивалот ќе заврши в недела, со доделување на наградите и посета на учесниците на манастирот „Св. Архангел Михаил" во Варош.                                    

     
      
    Автор: Ка.М.
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 212 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025