Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 9:41 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Маја Белева-Тајната на глуварчето 9јули 2013 година
    2013-09-16, 2:31 AM
    Маја Белева-Тајната на глуварчето

    О, бои кои ве барав, бои на зајдисонцето, бои на молитвите на подвижниците...о, бои зошто бевте толку далеку од мене во мојата младост...а ве барав бои... И ве најдов - но, за тоа подоцна....*

    Сето време си мислам дека сум онеправдана. Се си мислам дека некој сака нешто да ми земе. Дека сиот свет е против мене. Ми се чини дека и она кое по сета логика е мое не можам да го задржам. И тоа е не само некое материајлно нешто, тоа е пред сé нешто што е домен на душата. Чувство ли, став ли, некое побарување или побуна. Да, највеќе на ниво на чувствата. Како вода која дланките неможат да ја задржат. Таа протекува низ нив, бега. 
    Копнеам по оделотворување во мојот живот на оној стар натпис кои стои на влезот на пророчиштето во Делфи: Спознај се самиот себеси! 
    Некаде во детството и младоста на мајка ми нешто сериозно се здрвило и сега јас оставена на врел автопат треба да се снаоѓам во животот. Мене ми е најмногу потребен пејсаж. Еден прекрасен видокруг во моја близина многу ми значи. Неодамна открив дека само треба во една потполна предаденост да се осврнеш околу себе и го пронаоѓаш. Ме раководат чуствата, ги имам во изобилство и понекогаш знаат да бидат измачувачки. Во Македонија не образуваа и воспитуваа онака на тепка... Ако е тоа образование и воспитание. Не ми е цел да анализирам, според моите скромни познавања од психологијата...но, во оваа ситуација детето е само една жртва во рацете на болниот родител/општество. И што живот е тоа...но, фала Богу!

    Звукопис

    Дури и зградите градени за време на социјализмот кои оличуваат челичност и суровост имаат своја убавина. Јас немав своја соба додека живеевме во нашата зграда, а имав потреба од неа. Сакав да пораснам и да станам особена, посебна личност. Сакав другарките надвор да ме сакаат и разбираат, да ме прифатат. Но прашање е колку јас се разбирав себеси и дали некој ми помогна во тоа. Како да пловев низ животот обвиена во некоја особена обвивка, која на чуден начин ме штитеше, ја чуваше мојата кревка незаштитеност... Животот е суров, а душата е кревка и бара особено истенчен и префинет пристап. Но, вообичаено сите луѓе во тоа време од социјализмот ги ставаа во ист кош. Ако некој никако не успева да се прилагоди, тоа е само и единствено негов проблем. Дури и неговите домашни како да немаат или потенцијал или желба да го разберат. Така од обични меѓучовечки односи кои тежнеат кон осветување и од дарот на родителството се откажуваме во името на непостоечките нешта.
    Наместо некои психолошки недостатоци да надминуваат лесно и брзо и човекот понатаму да продолжи да се стреми кон постигнување на повисоката цел на Богопознанието во животот, се вртиме во круг и непризнавајќи ја духовната сфера и стануваме заробеници на духовите на поднебесието. Истата подреденост нè прави духовни аналфабети, неспособни да живееме вистински живот, уништувајќи се пред себе и во себе а, најмногу своите деца.

    Звукописот е исткaен од премногу звуци и миризби. Човек навистина ставен во мојата положба мора да се сети на сето тоа. Тогаш и сега. Што, кои звуци? Ромор? Истекување на времето?
    Претопло лето. 40 степени. Ги знaете ли оние темнозелени ролетни и сосетките кои доаѓаат да ве масираат со вруќа ракија кога имате висока температура. Тиe знаат толку сурово да масираат, и тоа толку боли. А потоа ве виткаат во многу ќебиња, давајќи ви чајче со лажичка и очекуваат да се оладите. Да Тогаш е најприсутна миразбата на ракијата, од крпите кои секои половина час ви ги менуваат на вашето чело. 
    Се прскаме со децата од спратот. Тие јадат на дебело исечено парче леб со сиренце и домат, црвен, зрел и сладок и мене ми даваат. Се чудам колку е дебело парчето леб и тие го загризуваат со една таква слобода. 
    Го полеваме со сеcтра ми прагот пред станот со вода, ладиме и ја очекуваме мајка ни, да се врати уморна од работното место. 

    Шеталиште

    Тоа се оние места каде што излеуваме да се прошетаме. Да видиме и да не видат. Постојат паркови, улици, патеки...
    Порано го викале корзо. Којзнае дали е малограѓанска измислица. Како и да е, сосем потребно нешто. Предметољубецот се среќава со предметите, а секој човек кој има потреба од човечка заедница има нормална потреба се среќава со луѓе. Предметите само можат да ни помогнат во себеизградувањето, секако, кое го чиниме пред сè, поради ближните. Затоа што се живее за да се дарува. Да се љуби Бог и ближните како себеси. За да даруваме некому нешто. За да дарувам треба и да некој да прими. Примајќи го мојот дар тој ме прима и мене, каков и да е тој (дарот).
    Затоа има клупи, дневни соби, а порано во поимотните куќи имало и гостински соби, како денас во манастирите. Затоа постои ред, почитание, послушание, сè од љубов. Денес постои особена вештина-комуникацја. Старинското значење и живеење на заедницата е подзаборавено и затоа се потребни нови форми. Во поголемите фирми тоа се тимовите за комуникација, односи со јавност итн. 

    Има луѓе кои живеат но, сепак се мртви, бидејќи не го прифаќаат животот. 

    Чашка со кафе, убава, порцеланска, на рабовите од кои се пие обрабена со златна боја. Се вклопува во целокупниот рустикален амбиент. Мансарда, дрвен украсен таван, столици од скапо обработено дрво од врвни мајстори со кадифена преслека. На чашката за кафе некои старински цвеќиња. Одмор за душата. Тишината е онаа која владее и најмногу одмора. 

    Бога можеме да Го видиме најмногу преку ближните. Мора да има толку сродни луѓе со мене, поради кои животот ми е прекрасен. Тие со своето живеење, само го потврдуваат Божјото постоење. Мора да има љубов поради која можам да умрам, да ја одживеам љубовта со крајно себепредавање. 

    За да живеам треба да можам и да умрам. Оджиевеаното време да го помножам со можностите плус смртта. И сè потоа.
    Колку пати во налетите на некоја неидентификувана тага и болка, одиме до супермаркетот и не гледајќи дека невнимателно итаме накај улицата, речиси истрчувајќи пред некој автомобил. Потребно е во недостаток на некои услови (барем така мислиме) да си го ставиме животот на коцка. 

    (Повторно се присеќавам на архетипските моменти во филмовите на Тарковски, си мислам колку се тие всушност блиски до животот. Глас кој некаде оддалеку упорно повикува, вика некого, довикува, песни на некој неразбирлив јазик, поточно извици. Потоа, измешаност на најразлични звукови, од кој најодредлив е звукот на машина за сечење на дрва за огрев???. 
    Паѓа пердув, пред главниот јунак, загледан во далечината, кој како да се присеќава на нешто и заминува по долгнавестата патека, која се издолжува во недоглед. Убава е молитвената тишина, додека има и една страшна пеколна тишина од која ми е страв.) 


    Париз е на ранобудците

    Мода. Париз и модни ревии. Колку време и размислување ми одземаше и мечтаење. Ги сонував моделите кои сакав да ги нацртам. 
    Но, во Париз сум била единствено по кажувањата на мојата колешка Нина. Таа е една средовечна православна жена која копнее да го познае Бога во сета Негова Вистина и Убавина. Таа го сака Париз, а и јас, барем по нејзините кажувања. Имам чуено дека велат - Париз е на ранобудците. Париз ја има својата Нотр Дам (Богородица), или таа го има Париз сеедно. Би сакала и мене да ме има. А ја има најмногу во кажувањата на Нина. Леле колку е таа одушевена од Нотр Дам! Со часови може да зборува за нејзините прошетки околу храмот и за прекрасните цветни алеи и паркови, за нејзиниот разговор со пролетта и цвеќињата. И велам тогаш: Нина ти си вистинско девојче! Дури ме повика некогаш да отидеме заедно во Париз во станот на нејзината другарка која живее таму...но, тоа ми звучи малку неверојатно. Имено, треба градот на Светлината да си го побараме во себе, и да станеме за Бога податни како девојчето! 

    А, што се однесува до модата, тоа тежнеење кое во мене беше толку јако едноставно си замина откако дознав и ја заискав внатрешната убавина, внатрешното ткаење, плетка или вез, како сакате. Внатрешното ткаење кое може да биде од најразлични материјали...Односно кога ја здогледав внатрешната белина и светлина која треба да ни е појдовна точка и основа на осликувањето или испишувањето, испојувањето. На што би го базирале својот нетлен живот. Тоа парче чиста светлост во душата, парче есенција и мудрост, Божјо парче. Додека некои до совршенсво се оддаваат на надворешната модна креација, со која неминовно е поврзана и суетата, други ја бараат внатрешната креација и го насочуваат своето внимание кон преоткривање на талантите ни од Бога дарувани како би ги умножиле Него ради. 

    Веднаш се предадов на опишувањето на младоста и она прилежно трагање и искање, а заборавив да споменам нешто од страдањето во текот на моето детство. Колку пак тоа ми даде појдовни точки на себепознанието.
    Социјалистичките згради неможат да ги загушат Божјото шумолење во нештата, неможат да ја омаловажат и обезвреднат светлината, блескотноста и убавината на секој нов ден. Иако во моето детство чувствував најмногу празнотија, сепак откога си одвоив дел од станчето во мислите само за мене почнав таму да престојувам, допуштав само естетските вредности да допираат до мене, всушност јас ги барав оти ми беа потребни. На средина од зградите има едно мало плоштадче на кое поминуваа доста луѓе. Тука се вкрстуваат патиштата од сите околни згради. Стариот расадник со овошки зад зградата и училишната зграда наблизу. Тоа плоштадче понекогаш дишеше со голема раздвиженост и во која се триеа судбините и мислите на луѓето кои оттаму минуваа. Можам да го наречам плоштадче на радост. Понекогаш забележував луѓе на прозорите кои замислено или радосно го гледааат просторот накај расаднкот. Во бањата пред огледалото пак, плачев, плачев и си ја истурав душата. Бањата имаше мали прозорски окна и тоа ја чинеше дури и можеби најубав дел од станот, малку чудно, но од таму доаѓаше најмногу сонце. Кадата послана со пешкири ми беше привремен кревет во кој си лежев во тие особено тешки моменти за мене.

    Тајната на ветрот

    Отсекогаш ме воодушевуваше ветровитото време. Боже, колку е убав животот! Родителот е оној кој ги следи повелбите Божји и должен е да го воведува детето во тајните на животот и да го воспитува. Нели!!! Да, но само ако е здрав. 
    Овие денови ми се враќаа сеќавањата од детството и ветровитото време. Боже, ветрот милува, ветрот повикува, ветрот го дава оној прекрасен фон на мирното доживување на семирот. Мислам сите оние дразби од надворешниот свет кои ги восприемаме преку очите, кои како да се обвиени и украсени, потенцирани од вителите од ветрот. Симфонија на огледалната блескотност. Моето битие како огледало, на семирот. Ветрот прозвучува и сета убавина одеднаш пропејува. И останува засекогаш во душата. Во полнотата на денот, тој милува преку пеењето на ветрот. Преку боите на натопената од дождови доцна пролет. Синило на пролетта. Синилото на етерот од најчистите планински врвови и шуми на планините кои го опкружуваат градот...се збра околу нашите соц-згради кибрити. Стојам крај прозорите просто топејќи од неискажливо чувство, посматрајќи го ова и вдишувајќи од тој пречист етер на зеленилото од шумите и чудејќи се на небесната влажност која го допира лицето во најпрекрасна температура...влажност на измиеност и на полеаност, на небесно раснење и опрост. Сигурно Бог многу ни проштева штом има вакво време, кое не го бев почуствувала уште од моето детство. Штом пролетните дождови ја имаа функцијата на потполно растопување и растворување на злините и маките и давање на нови шанси и надежи, тогаш е ОК.

    А, оваа година пак, снег заврна само на планините. 


    Бигорски и Венеција

    Во секојдневието кое понекогаш знае да биде и доста тмурно и прозаично, се сеќавам често на манстирот Бигорски и на Венеција, во која престојував само една вечер. Ако пропатувам подлабоко се до моето најрано детство ќе се сетам на многу убави случки и моменти и се сеќавам на нив. Им дозволувам да минуваат низ мене. Има и тажни. Но, добро е што се сеќавам, а потоа ќе правам и рекапитулација.
    Добро е што имаше и добри луѓе во мојот живот. 
    Ние најчесто бевме семејство кога одевме на одмори. Радосните случки се поврзани најчесто со доживувањето на водата на морето или езерото. Тие не се докуметирани во толку значајниот албум за мене, еден од ретките подароци од мојот татко. Впрочем беа два и толку. Би ги нарекла албум-проект. Не се обѕираат на потребата од преживување на непреобразените ероси и еросите воопшто и само тоа и пак тоа. Туку од една чиста потреба од вообличување и уметничко доживување на стварноста.
    Раката нурната во море, водата протекува низ прстите, додека бродчето плови кон островот со солено езеро. Во Дојран, пловам со кајче до изворот на питка вода некаде на средина за да наполниме и да се напиеме; пливам со татко ми дури до средината на езерото кога беше сеуште неиспразнето од водата во оваа мера.

    Сошивки, парчиња

    Има некои сеќавања од детството кои единствено во покривка од крпеници може да се состават. Особено оние парчиња блескотни во кои се пронижува срмата и светликавите конци од ткаењето. Ете така, без разлика дали е тоа вистинско светлење. Влегувам во соба празна со бели ѕидови. Многу ми се потребни четки...дали духовната глад може да се задоволи со боењето со четките. Затоа: ¡Не ми ги грабај, ќе се наведнам да ги подигнам иако се расфрлани по собата". Овие сошивки ја разјаснуваат тајната од севкупни таинства. Затоа и глуварчето е дел од лебдеењето. Дел од потребата за летање. Преку него се загатнува вечното движење, лебдеење, обновување, тајната на непрестајното.... Ми останал во сеќавање моментот од филмот "Андреј Рубљов" кога зографот стои пред белината на ѕидовите кои треба да ги зографиса.

    Амелија Пулен (од филмот "Чудесната судбина на А. Пулен”) е човек кој посакува да стане личност. Интересна и весела е нејзината приказна на себеосознавањето преку познавање на Тајната на другиот. Но, страстите го држат човек на надворешното и корупката и не му го отвораат внатрешниот вид. На тоа не учи "Малиот Принц” (од истоимениот роман на А. Де Сент Егзипери), дека: "добро се гледа само со срцето, суштинта е невидлива за очите". Евангелието пак ни го покажува Патот, Вистината и Животот и радосна сум што барем фигурураше во мојата детско–младешка соба како книвче кое беше загадочно. Со иницијалите насекаде исчкртани на загубените другарки и другари и копнежот кој се јавува во голема мера, како со нив да сум успеала да ги заробам во времето и просторот. Се задржав тука, на 13 глава од 2 Послание до Коринтјаните на апостолот Павле...некаде помеѓу љубовта и знаењето.
    До каде родителот може да го сака своето дете? Така што ќе му ја купува љубовта капка по капка или тка што ќе му подготвува родендени со преубави јадења. Во нив како особен естетски момент доминираат украсните чинии полни со руска салата украсена со роткви, стебленца од лук, магданос и зрнца од грашок....и што уште не..... Или ќе го научи спокојно да вози напред и назад во внатрешноста на своето битие како по некој ултрамодерен автопат (Соларис), користејќи го во спокојство како алатка на духовноста свјот I phone или користејќи ги техничко-технолошките пронајдоци за духовно изградување. А можеби некогаш патиштата ќе се извиваат како своевидни спирали во страшно широкиот и длабокиот град од илјадакатници.....

    Му благодарам на Бергман за сета негова сурова искреност во неговите филмови....сите.... Му благодрам на еден отец од кај езерото за сето негово усрдие во давањето на бесплатните часови по веронаука. Понекогаш се сеќаваме на добрината на нечии очи кои сме ги виделе и на украсеноста на храмот која ни влева спокојство.
    Moonlight

    Имаше периоди во раната младост мојот живот кога сиот простор во градот го доживував како оддекнувње на едно особено исш(п)арување...миризма на полнота. Ми се чини си ги доживеав младешките созревања на тло од порфирните оставштини на некое многу далечно време. Младоста дефинирана како преод од лето кон есен и пурпурна квечерина. Младост-во неа има еден момент на врел живот, исконско чувство на целосна разбуденост. Тоа особено дишење на младоста воодушевува...А себечусвтвувањето на истата кај мене е поврзано со една свилена виолетова марама излиена во потемни посветли нијанси, која си ја земав од мајка ми. Во избликот на младешките енергии повторно боите се неодминлив дел на спознавањето на животот. Допрена од вечната гримизност, преку потребата од согледување на сцените од животот и спознавањето на иститот, марамата кај мене го симболизира оној нужен превез кој го управува погледот на посматрачот светот. Една појдовна точка, становиште со помош на која сè се сфаќа, прифаќа полесно. 

    Самиот тој момент на првото осознавање на потполната разбуденост го паметам. Автобуска станица, миризма на заминатато и веќе созреаното лето од Градскиот парк. Земјата непириметено си ја поминала својата прошетка пред сонцето. Одеднаш квечерина, одеднаш толкава надеж, чувствување на секое милионито потреперување на ливчињата на гранките, ехо од длабочините, уметност во потенцијал, исполнување..
    Но, сепак и тоа е само дел од патот... Се преродив...

    Го напишав овој текст кој е налик на покривка сошиена од крпеници во разни бои и разни материајли.....незнам дали писателската техника се совпаѓа со вештините на рачната работа? Ако е така,.... во мојов случај..... 

    *Се извинувам на овој дел од расказот кој претставува едно првично воспевање и зборува за некое идно време. Тоа "подоцна" се надевам дека нема да биде многу доцна....
    Photo: Тајната на глуварчето

 О, бои кои ве барав, бои на зајдисонцето, бои на молитвите на подвижниците...о, бои зошто бевте толку далеку од мене во мојата младост...а ве барав бои... И ве најдов - но, за тоа подоцна....*
 
 Сето време си мислам дека сум онеправдана. Се си мислам дека некој сака нешто да ми земе. Дека сиот свет е против мене. Ми се чини дека и она кое по сета логика е мое не можам да го задржам. И тоа е не само некое материајлно нешто, тоа е пред сé нешто што е домен на душата. Чувство ли, став ли, некое побарување или побуна. Да, највеќе на ниво на чувствата. Како вода која дланките неможат да ја задржат. Таа протекува низ нив, бега. 
 Копнеам по оделотворување во мојот живот на оној стар натпис кои стои на влезот на пророчиштето во Делфи: Спознај се самиот себеси! 
 Некаде во детството и младоста на мајка ми нешто сериозно се здрвило и сега јас оставена на врел автопат треба да се снаоѓам во животот. Мене ми е најмногу потребен пејсаж. Еден прекрасен видокруг во моја близина многу ми значи. Неодамна открив дека само треба во една потполна предаденост да се осврнеш околу себе и го пронаоѓаш. Ме раководат чуствата, ги имам во изобилство и понекогаш знаат да бидат измачувачки. Во Македонија не образуваа и воспитуваа онака на тепка... Ако е тоа образование и воспитание. Не ми е цел да анализирам, според моите скромни познавања од психологијата...но, во оваа ситуација детето е само една жртва во рацете на болниот родител/општество. И што живот е тоа...но, фала Богу!
 
Звукопис

 Дури и зградите градени за време на социјализмот кои оличуваат челичност и суровост имаат своја убавина. Јас немав своја соба додека живеевме во нашата зграда, а имав потреба од неа. Сакав да пораснам и да станам особена, посебна личност. Сакав другарките надвор да ме сакаат и разбираат, да ме прифатат. Но прашање е колку јас се разбирав себеси и дали некој ми помогна во тоа. Како да пловев низ животот обвиена во некоја особена обвивка, која на чуден начин ме штитеше, ја чуваше мојата кревка незаштитеност... Животот е суров, а душата е кревка и бара особено истенчен и префинет пристап. Но, вообичаено сите луѓе во тоа време од социјализмот ги ставаа во ист кош. Ако некој никако не успева да се прилагоди, тоа е само и единствено негов проблем. Дури и неговите домашни како да немаат или потенцијал или желба да го разберат. Така од обични меѓучовечки односи кои тежнеат кон осветување и од дарот на родителството се откажуваме во името на непостоечките нешта.
 Наместо некои психолошки недостатоци да надминуваат лесно и брзо и човекот понатаму да продолжи да се стреми кон постигнување на повисоката цел на Богопознанието во животот, се вртиме во круг и непризнавајќи ја духовната сфера и стануваме заробеници на духовите на поднебесието. Истата подреденост нè прави духовни аналфабети, неспособни да живееме вистински живот, уништувајќи се пред себе и во себе а, најмногу своите деца.
 
Звукописот е исткaен од премногу звуци и миризби. Човек навистина ставен во мојата положба мора да се сети на сето тоа. Тогаш и сега. Што, кои звуци? Ромор? Истекување на времето?
 Претопло лето. 40 степени. Ги знaете ли оние темнозелени ролетни и сосетките кои доаѓаат да ве масираат со вруќа ракија кога имате висока температура. Тиe знаат толку сурово да масираат, и тоа толку боли. А потоа ве виткаат во многу ќебиња, давајќи ви чајче со лажичка и очекуваат да се оладите. Да Тогаш е најприсутна миразбата на ракијата, од крпите кои секои половина час ви ги менуваат на вашето чело. 
 Се прскаме со децата од спратот. Тие јадат на дебело исечено парче леб со сиренце и домат, црвен, зрел и сладок и мене ми даваат. Се чудам колку е дебело парчето леб и тие го загризуваат со една таква слобода. 
Го полеваме со сеcтра ми прагот пред станот со вода, ладиме и ја очекуваме мајка ни, да се врати уморна од работното место. 

Шеталиште

Тоа се оние места каде што излеуваме да се прошетаме. Да видиме и да не видат. Постојат паркови, улици, патеки...
Порано го викале корзо. Којзнае дали е малограѓанска измислица. Како и да е, сосем потребно нешто. Предметољубецот се среќава со предметите, а секој човек кој има потреба од човечка заедница има нормална потреба се среќава со луѓе. Предметите само можат да ни помогнат во себеизградувањето, секако, кое го чиниме пред сè, поради ближните. Затоа што се живее за да се дарува. Да се љуби Бог и ближните како себеси. За да даруваме некому нешто. За да дарувам треба и да некој да прими. Примајќи го мојот дар тој ме прима и мене, каков и да е тој (дарот).
 Затоа има клупи, дневни соби, а порано во поимотните куќи имало и гостински соби, како денас во манастирите. Затоа постои ред, почитание, послушание, сè од љубов. Денес постои особена вештина-комуникацја. Старинското значење и живеење на заедницата е подзаборавено и затоа се потребни нови форми. Во поголемите фирми тоа се тимовите за комуникација, односи со јавност итн. 

Има луѓе кои живеат но, сепак се мртви, бидејќи не го прифаќаат животот. 

Чашка со кафе, убава, порцеланска, на рабовите од кои се пие обрабена со златна боја. Се вклопува во целокупниот рустикален амбиент. Мансарда, дрвен украсен таван, столици од скапо обработено дрво од врвни мајстори со кадифена преслека. На чашката за кафе некои старински цвеќиња. Одмор за душата. Тишината е онаа која владее и најмногу одмора. 

Бога можеме да Го видиме најмногу преку ближните. Мора да има толку сродни луѓе со мене, поради кои животот ми е прекрасен. Тие со своето живеење, само го потврдуваат Божјото постоење. Мора да има љубов поради која можам да умрам, да ја одживеам љубовта со крајно себепредавање. 
 
За да живеам треба да можам и да умрам. Оджиевеаното време да го помножам со можностите плус смртта. И сè потоа.
Колку пати во налетите на некоја неидентификувана тага и болка, одиме до супермаркетот и не гледајќи дека невнимателно итаме накај улицата, речиси истрчувајќи пред некој автомобил. Потребно е во недостаток на некои услови (барем така мислиме) да си го ставиме животот на коцка. 
 
(Повторно се присеќавам на архетипските моменти во филмовите на Тарковски, си мислам колку се тие всушност блиски до животот. Глас кој некаде оддалеку упорно повикува, вика некого, довикува, песни на некој неразбирлив јазик, поточно извици. Потоа, измешаност на најразлични звукови, од кој најодредлив е звукот на машина за сечење на дрва за огрев???. 
Паѓа пердув, пред главниот јунак, загледан во далечината, кој како да се присеќава на нешто и заминува по долгнавестата патека, која се издолжува во недоглед. Убава е молитвената тишина, додека има и една страшна пеколна тишина од која ми е страв.) 


Париз е на ранобудците

 Мода. Париз и модни ревии. Колку време и размислување ми одземаше и мечтаење. Ги сонував моделите кои сакав да ги нацртам. 
 Но, во Париз сум била единствено по кажувањата на мојата колешка Нина. Таа е една средовечна православна жена која копнее да го познае Бога во сета Негова Вистина и Убавина. Таа го сака Париз, а и јас, барем по нејзините кажувања. Имам чуено дека велат - Париз е на ранобудците. Париз ја има својата Нотр Дам (Богородица), или таа го има Париз сеедно. Би сакала и мене да ме има. А ја има најмногу во кажувањата на Нина. Леле колку е таа одушевена од Нотр Дам! Со часови може да зборува за нејзините прошетки околу храмот и за прекрасните цветни алеи и паркови, за нејзиниот разговор со пролетта и цвеќињата. И велам тогаш: Нина ти си вистинско девојче! Дури ме повика некогаш да отидеме заедно во Париз во станот на нејзината другарка која живее таму...но, тоа ми звучи малку неверојатно. Имено, треба градот на Светлината да си го побараме во себе, и да станеме за Бога податни како девојчето! 
 
 А, што се однесува до модата, тоа тежнеење кое во мене беше толку јако едноставно си замина откако дознав и ја заискав внатрешната убавина, внатрешното ткаење, плетка или вез, како сакате. Внатрешното ткаење кое може да биде од најразлични материјали...Односно кога ја здогледав внатрешната белина и светлина која треба да ни е појдовна точка и основа на осликувањето или испишувањето, испојувањето. На што би го базирале својот нетлен живот. Тоа парче чиста светлост во душата, парче есенција и мудрост, Божјо парче. Додека некои до совршенсво се оддаваат на надворешната модна креација, со која неминовно е поврзана и суетата, други ја бараат внатрешната креација и го насочуваат своето внимание кон преоткривање на талантите ни од Бога дарувани како би ги умножиле Него ради. 
 
 Веднаш се предадов на опишувањето на младоста и она прилежно трагање и искање, а заборавив да споменам нешто од страдањето во текот на моето детство. Колку пак тоа ми даде појдовни точки на себепознанието.
 Социјалистичките згради неможат да ги загушат Божјото шумолење во нештата, неможат да ја омаловажат и обезвреднат светлината, блескотноста и убавината на секој нов ден. Иако во моето детство чувствував најмногу празнотија, сепак откога си одвоив дел од станчето во мислите само за мене почнав таму да престојувам, допуштав само естетските вредности да допираат до мене, всушност јас ги барав оти ми беа потребни. На средина од зградите има едно мало плоштадче на кое поминуваа доста луѓе. Тука се вкрстуваат патиштата од сите околни згради. Стариот расадник со овошки зад зградата и училишната зграда наблизу. Тоа плоштадче понекогаш дишеше со голема раздвиженост и во која се триеа судбините и мислите на луѓето кои оттаму минуваа. Можам да го наречам плоштадче на радост. Понекогаш забележував луѓе на прозорите кои замислено или радосно го гледааат просторот накај расаднкот. Во бањата пред огледалото пак, плачев, плачев и си ја истурав душата. Бањата имаше мали прозорски окна и тоа ја чинеше дури и можеби најубав дел од станот, малку чудно, но од таму доаѓаше најмногу сонце. Кадата послана со пешкири ми беше привремен кревет во кој си лежев во тие особено тешки моменти за мене.
 
Тајната на ветрот
 
 Отсекогаш ме воодушевуваше ветровитото време. Боже, колку е убав животот! Родителот е оној кој ги следи повелбите Божји и должен е да го воведува детето во тајните на животот и да го воспитува. Нели!!! Да, но само ако е здрав. 
 Овие денови ми се враќаа сеќавањата од детството и ветровитото време. Боже, ветрот милува, ветрот повикува, ветрот го дава оној прекрасен фон на мирното доживување на семирот. Мислам сите оние дразби од надворешниот свет кои ги восприемаме преку очите, кои како да се обвиени и украсени, потенцирани од вителите од ветрот. Симфонија на огледалната блескотност. Моето битие како огледало, на семирот. Ветрот прозвучува и сета убавина одеднаш пропејува. И останува засекогаш во душата. Во полнотата на денот, тој милува преку пеењето на ветрот. Преку боите на натопената од дождови доцна пролет. Синило на пролетта. Синилото на етерот од најчистите планински врвови и шуми на планините кои го опкружуваат градот...се збра околу нашите соц-згради кибрити. Стојам крај прозорите просто топејќи од неискажливо чувство, посматрајќи го ова и вдишувајќи од тој пречист етер на зеленилото од шумите и чудејќи се на небесната влажност која го допира лицето во најпрекрасна температура...влажност на измиеност и на полеаност, на небесно раснење и опрост. Сигурно Бог многу ни проштева штом има вакво време, кое не го бев почуствувала уште од моето детство. Штом пролетните дождови ја имаа функцијата на потполно растопување и растворување на злините и маките и давање на нови шанси и надежи, тогаш е ОК.
 
 А, оваа година пак, снег заврна само на планините. 


 Бигорски и Венеција

 Во секојдневието кое понекогаш знае да биде и доста тмурно и прозаично, се сеќавам често на манстирот Бигорски и на Венеција, во која престојував само една вечер. Ако пропатувам подлабоко се до моето најрано детство ќе се сетам на многу убави случки и моменти и се сеќавам на нив. Им дозволувам да минуваат низ мене. Има и тажни. Но, добро е што се сеќавам, а потоа ќе правам и рекапитулација.
Добро е што имаше и добри луѓе во мојот живот. 
Ние најчесто бевме семејство кога одевме на одмори. Радосните случки се поврзани најчесто со доживувањето на водата на морето или езерото. Тие не се докуметирани во толку значајниот албум за мене, еден од ретките подароци од мојот татко. Впрочем беа два и толку. Би ги нарекла албум-проект. Не се обѕираат на потребата од преживување на непреобразените ероси и еросите воопшто и само тоа и пак тоа. Туку од една чиста потреба од вообличување и уметничко доживување на стварноста.
Раката нурната во море, водата протекува низ прстите, додека бродчето плови кон островот со солено езеро. Во Дојран, пловам со кајче до изворот на питка вода некаде на средина за да наполниме и да се напиеме; пливам со татко ми дури до средината на езерото кога беше сеуште неиспразнето од водата во оваа мера.

 Сошивки, парчиња

 Има некои сеќавања од детството кои единствено во покривка од крпеници може да се состават. Особено оние парчиња блескотни во кои се пронижува срмата и светликавите конци од ткаењето. Ете така, без разлика дали е тоа вистинско светлење. Влегувам во соба празна со бели ѕидови. Многу ми се потребни четки...дали духовната глад може да се задоволи со боењето со четките. Затоа: ¡Не ми ги грабај, ќе се наведнам да ги подигнам иако се расфрлани по собата". Овие сошивки ја разјаснуваат тајната од севкупни таинства. Затоа и глуварчето е дел од лебдеењето. Дел од потребата за летање. Преку него се загатнува вечното движење, лебдеење, обновување, тајната на непрестајното.... Ми останал во сеќавање моментот од филмот

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 326 | Downloads: 0 | Comments: 1 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025