Советниците на општина Прилеп донираа за обнова на Трескавец
Дел од советниците на прилепскиот општински совет својот прв паушал го даруваа на сметката на манастирот Трескавец за негова обнова
- Станува збор за 209.000 денари кои ги уплативме на сметката на манастирот и сакаме што побрзо да се обноват изгорените конаци, изјави Никола Димески, претседател на советот на општина Прилеп. На сметката на манастирот вчера биле префрлени и 40.000 долари од нашинците од Австралија кои организирале манифестација за донирање.
|