Секоја убава мисла која на детето му паѓа на памет, подоцна го облагодарува неговиот карактер. Нашите тела, наспроти нашите желби стареат, но зошто барем нашите души да не останат засекогаш млади? Големо зло е да се пригушува детската радост да се принудуваат децата да бидат мрачни и важни. Многу брзо, на нивните плеќи ќе паднат животните проблеми. Многу брзо животот ќе им донесе и грижи и неволји и тешкотии и товар на одговорност. Нека барем колку е можно подолго да останат млади и безгрижни. Нивното детство треба колку што може повеќе да се исполни со радост, со светлина со весели игри. Родителите не треба да се срамат да си играат заедно со децата. Можеби тие токму тогаш се поблиску до Бога, отколку тогаш кога мислат дека обавуваат некоја важна работа. Никогаш не се забораваат песните од детството. Сеќавањето на нив, лежи под товарот на годините полни со грижи, како што на зима, под снегот лежат нежните цветови.
† Света маченица Александра Романова
|