Навидум безопасни религиозни движења сектите во светот заведуваат милиони луѓе. На голем број од нив судбината им е трагична, тие или завршуваат како заточеници или се самоубиваат.
На 18 ноември 1978 година во населбата Џонстаун во Гвајана самоубиство извршија 909 следбеници на сектата позната како „Храм на народот". Ова самоубиство важи за едно од најмасовните во светската историја.
Водачот на сектата Џим Џонс им наредил на неговите следбеници да испијат коктел од цијанид, сок и седатив. Најпрвин наредил отровот да го испијат децата, а на бебината отровот им је убризгуван со шприц во устата. Некои биле отруени на сила, додека другите се убиени од страна на стражарите. Водачот е пронајден со прострелна рана во главата, додека неговата сопруга починала од отровот.
Комунист кој верувал дека е Исус
Џим Џонс бил роден во 1931 година во местото Крит во Индијана. Веќе во дваесетата година станал член на комунистичката партија на САД. Поради тоа заедно со неговата сопруга која работи како медецинска сетра Марселина Болдвин се нашол на мета на федералната полиција.
Џонс основа своја црква откако во една баптистичка црква ќе согледа колку верници и нивните пари може да привлече новото учење познато како „Лечење со вера".
За религијата Џонс се заинтересирал уште како дете. Тешко стекнувал пријатели, другите деца го избегнувале бидејќи бил чуден, опседнат со религијата и смртта.
Градоначалникот на Индијанополис, демократот Чарл Босвел во 1960 година ќе го назначи за Директор на комисијата за човечки права. За Џонс ова ќе претставува прилика своето учење да го пропагира и преку медиумите.
Почнува жестоко да се залага за правата на Афроамериканците, на кои во тоа време не им бил дозволен влез во некои цркви, ресторани претпријатија и кино сали. Оваа жестоко залагање за правата на Афроамериканците нему ќе му донесе непријатели белци, но голем број на приврзаници помеѓу загрозените малцинства.
Во тоа време Џонс ќе започне да ги изнесува своите визии за нуклеарно уништување. Тогаш заедно со своето семејство тргнува на пат по Брзаил за да пронајде место за храм, при што се враќа во Индијана после четиригодишно патување. Тогаш и објавува кога светот ќе биде уништен во нуклеарна експлозија, односно 15 јули 1967 година. Според неговата визија преживеаните од оваа катастрофа ќе создадат социјалистички рај на земјата.
Ќе изгради храм во близина на американскиот град Укија и таму ќе го чека пропаѓањето на светот. Кога се видело дека од тоа нема ништо, потполно ја отфрлил библијата. За себе велел дека е олицетворение на Исус, Ганди, Ленин и Буда.
Од пролета 1976 година веќе не криел дека е атеист, а неговата жена отворено ќе признае дека религијата му служела само за да привече што е можно поголем број на луѓе кон марксистичката идеја.
- Нема рај на небото, ние ќе направиме рај на земјата, ветувал Џим Џон во своите проповеди.
Го преместил својот храм во Сан Франциско во 1975 година. Во него тој ќе започне да го развива ритуалот наречен „бела ноќ", кој требало да доведе до самоубиство во знак на протест против фажизмот и расизмот.
Политичарите во тоа врема доста го ценат Џонс. При една средба со сопругата на тогашниот претседател на САД Розалин Картер добил повеќе аплаузи од неа. Голема наклонетост ќе ужива и од новинарите.
Но не од сите новинари. Откако новинарот Маршал Килдуф ќе пренесе сведочење на поранешните членови на Храмот на народот кои тврдат дека биле психички, емоционално и сексуално злоупотребувани, Џонс заедно со своите приврзаници ќе го префрли својот храм во Гвајана. Таму ќе формира свој град позната како Џонстаун кој според него би требал да претставува социјалистички рај. – Верувам дека сме ние најчисти комунисти кои што постојат изјавил Џонс за жителите во овој град.
Тој им забранил на своите следбеници да го напуштат градот. Тогаш започнува и учењето наречено Премин, според кое заедничката смрт на членовите на Храмот на народот е само начин да се помине на друга планета на која ќе се живее во благосостојба.
Тим Стоен еден од следбениците на неговото движење успеал да побегне, но при тоа не успеал да го спаси неговиот син. Тој во есента 1977 година ја формирал групата Загрижени роднини и започнал да дејствува против Џонс. Тој сакал да го привлече вниманието на американските власти за кршењето на човековите права во Џонстаун. Стоен конечно успеал да го заинтересира конгресменот Леа Рајан од Сан Франциско и тој заминал да го посети овој град.
После само еден ден престој во џунглата еден од членовите на сектата се обидел да го убие со нож конгресменот Рајан. Конгресменот се обидел да го напушти градот заедно со уште петнаест членови на сектата кои посакале да се вратат во САД. Џонс на почетокот на се противел, меѓутоа кога Рајановата делегација се обидела да влезе во авион пристигнале вооружените членови на сектата го убиле конгресменот, а раниле единаест членови на сектата.
Последните 45 минути
Неколку часови подоцна започнале масовните убиства во кои настрадале и 300 деца. На аудио снимката на која се снимени последните 45 минути се слуша Џонс кај што ги убедува своите приврзаници да се самоубијат
- Не се плашете од смртта, смртта е само премин во некои други димензии. Таа ни е пријател, на крајот од својот говорол Џонс изјавил, Ние не извршивме самоубиство ние само изведовме револуцунерен чин, протестирајќи против нехуманиот свет.
Денеска се верува дека Џонс бил поврзан со ЦИА и дека масакарот во Гвајана е всушност експеримент од страна на ЦИА, за да се утврди можноста за контрола на умот.
Неколку месеци по масовната смрт членовите на сектата Храм на народот, кои го преживеале масакрот извршиле самоубиство.
Една мајка ги заклала своите три деца. Поранешните припадници на сектата Жан и Ал и нивнта ќерка Линда кои често зборувале за животот во сектата биле убиени во своите домови во Калифорнија.