Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 7:06 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Македонија ќе го спречи увозот на ГМО-храна 25-9-2013
    2013-09-25, 6:25 PM

    Македонија ќе го спречи увозот на ГМО-храна


    Во Македонија нема правилник што овозможува увоз на добиточна храна од генетички модифицирани организми (ГМО)


    По реакциите на граѓаните, од Владата смируваат 

    Од Владата најавуваат дека наскоро ќе донесат соодветна правна рамка со која децидно ќе се спречи увоз на генетички модифицирана храна во земјата. Исто така, од Владата велат дека нема одлука со која ќе се овозможи увоз на ГМО-добиточна храна, ни премиерот Никола Груевски нема потпишано правилник или одлука што ќе овозможи увоз на ГМО-добиточна храна. Исто така до Агенцијата за храна и ветеринарство не е доставено ниту едно барање, ниту е издадено одобрение за ставање во промет на ГМО-храна, ниту за луѓе, ниту за животни. Во меѓувреме Демократската обнова за Македонија (ДОМ) вчера ја одржа втората конференција од кампањата „ДОМ за заштита од ГМО", на која информираа за законските прописи, нивното спроведување и работата на државните институции одговорни за семињата во Македонија. 

    На конференцијата се разговараше за можните опасности по домашните автохтони сорти при евентуален влегување на ГМО-семиња во Македонија, но ѝ се укажа на можностите што ги има во законската регулатива за заштита од генетички модифицираната храна, добиточна храна, семиња и семенски материјал.

    Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, истакна дека бараат Македонија да стане слободна зона, односно територија без ГМО, нагласувајќи дека досега пет општини изгласаа ГМО-слободни зони, но дека е потребно и другите градоначалници и совети да изгласаат такви зони, со што би можеле да ги искористат привилегиите во развивање на еко-туризмот и за сертифицирање на органската храна што ја произведуваат.

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 210 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025