Полицијата употреби солзавец против демонстранти во Киев
Украинската полиција денеска во Киев употреби солзавец за да ги растера опозициските демонстранти кои се обидоа да влезат во зградата на киевскиот Градски совет, соопшти полицијатаВо инцидентот, што се случи кога демонстрантите почнаа да ја уриваат металната ограда околу зградата, нема жртви. Илјадници опозициски демонстранти го изразија својот револт поради, како што велат, незаконското оддржување на седницата на Советот, бидејќи неговиот мандат истекол во јуни. Мнозинство со Советот имаат Партијата на регионите на украинскиот претседател Виктор Јанукович и нејзините коалициски партнери. Опозицијата тврди дека петмина демонстранти се приведени, додека полицијата не го наведува бројот на уапсени, туку само најави тужби за хулиганско однесување против дел од учесниците во протестите. Контролата во градскиот Совет на тримилионскиот Киев може на Владата или на опозицијата да им донесе предност на следните избори за претседател на Украина во 2015 година, наведуваат аналитичарите.
|