Рогозин: Романија сака да ја припои Молдавија во две фази
Рогозин на својот Твитер налог напишал дека Басеску подготвува „Тројански коњ за Република Молдавија во две фази: прво интегрирање во ЕУ, а потоа припојување кон Романија".
Басеску како одговор рекол дeка Романија никогаш не планирала да анектира било која држава и изразил надеж дека ќе успеат да ја интегрираат Молдавија кон ЕУ. На прашањето на новинарите за изјавата на рускиот заменик премиер Басеску рекол дека „кога Рогозин ќе се разбуди дава изјави на сметка на Романија, а потоа пие чај или нешто друго". Басеску во понеделникот на состанокот со претседателот на молдавскиот парламент Игор Корман изразил загриженост дека Молдавија може да биде дел од „ерменското сценарио".
Претседателот на Ерменија Серж Сарксијан по средбата со Владимир Путин се одлучил за интегрирање во царинската унија Русија-Белорусија-Казахстан, иако Ерменија во јули ги заклучи техничките преговори за потпишување на спогодбата за поврзување со ЕУ.
|