Руски извори: Нападот со хемиско оружје крај Дамаск го извршиле СаудијциНападот со хемиско оружје во август во предградие на Дамаск го извршил тим од Саудиска Арабија задолжен за тајни операции, тврдат руски дипломатски извори, пренесува МИА
– Врз основа на податоци од повеќе извори може да се направи целата слика. Злосторничката провокација во предградието Гута ја извршил тим кој Саудијци го испратиле преку Јордан и кој делувал со поддршка на групата Лива ал-ислам, изјави неименуван извор за руски медиуми.
Групата Лива ал-ислам е една од исламистичките вооружени групи кои дејствуваат близу Дамаск, а шеф е син на еден саудиски исламистички свештеник. Таа група презеде одговорност за напад врз локација на која во јули 2012 година се одржуваше таен состанок на сириската Влада во Дамаск, а во кој беа убиени неколку официјални лица.
Според Раша тудеј, заговорници на таа идеја тврдат дека разузнавачки служби во Ријад сакале со тајна операција да испровоцираат американски напади врз Сирија. Тие наводи се дел од низа поранешни извештаи кои укажуваат дека Саудиска Арабија го организирала нападот со нервен гас Сарин заради кој САД биле подготвени за воена акција против сириската Влада.
|