Самарас се лигави во Вашингтон. Плаче фашизоидното Грче дека македонскиот му колега не сакал да ги прифати геноцидните црвени линии на неговата разгалена колепка што ја нишкаат брисељаците. Ете го Самарас во САД, ете сериозни економски проблеми за Барак Обама, да помисли човек дека Грциве ја шират својата внатрешна криза како зараза. Ама и не ми се зборува за Самарас, Грција, апсењето на златнозорците, гарант под притисок, за да не секне финансиската инфузија.
Иако, што дека уапсиле пет-шест избричени кретени, сосе оној малоумен „ариевец" од нивни лидер, ако дваесет отсто од нацијата гласа за нив, што јасно покажува дека наци-гнилежот сериозно ги јаде однатре, значи не ми се зборува за нивното цивилизациско дно, оти нема што веќе да се каже за грчкиот однос кон нас.
Во етапи ни го исцртаа последниве месеци. Папуљас ни кажа дека мора да се откажеме од македонизмот. Нимиц ни пренесе дека или ќе биде по нивно или нема договор. Грчкото МНР исфрли соопштение со кое ни кажа нам и на светот дека Тито нѐ измислил и создал непостојна македонска нација, крадејќи грчка античка историја. Значи Тито бил антиквизаторот. Затоа, фак оф, спакувајте го во куфер вашето монархофашистичко историско наследство и одете преговарајте со Тито, оти мене кога ве слушам петокрака ми расте на чело, станувам радикален комунист со парола во душава што гласи „за фашисти куршум в чело".
Мене Македонија ме интересира. Сега и тука, оти како да ме огреа ново сонце на слободата, и тоа не каква било слобода туку слобода на домашните политичари да застанат малку пожестоко во одбрана на нашето постоење. Најпрво Антонио Милошоски побара да се замрзнат разговорите со Грците за нашето име, кои всушност се македонски монолози. Следуваше обраќањето на премиерот Груевски во Обединетите нации, каде што, според мене, кажа три исклучителни важни поенти: прво, ја уочи победата на Путин врз Обама среде кратката ама напната политичка светска војна за почитување на меѓународното право, Груевски ја потсети ООН (плус ЕУ и НАТО) дека е невиден срамо што си го брише газот со пресудата на меѓународниот суд во наша корист; второ, на сите оние странски и домашни булдожери што постојано сеат страв дека ќе има последици (економски или воено-конфликтни), ако не се обезличиме, им порача дека можат и да ги активираат своите перверзни закани, Македонците нема сами, како стока на колење, да се самоубијат идентитетски; и трето, конечно кажа дека ако веќе не ни се даваат основните човекови права, тогаш ќе си бараме алтернатива со што удри по онаа ужасно бесмислена, крајно нелогична и демонска флоскула „Македонија нема друг избор", во која и сам учествуваше.
Потоа на сцена се појави Стевче Јакимовски, кој ја промовираше својата партија и ги презентираше нивните ставови за спорот со нашето име, а тој гласи: враќање на двојната формула, што значи разговараме со Грците за име што само тие ќе го користат, а за цел свет е Република Македонија ерга омнес. Градоначалникот на Карпош ги исцрта црвените линии на партијата што трга во политичка битка. Се надевам дека ќе останат на ова и нема да им го сменат мислењето разни странски амбасадори што ветуваат власт и моќ.
Како заокружување на овој циклус на македонското политичко исправање ’рбет дојде говорот на пратеникот Игор Ивановски во Советот на Европа и ова е особено важно, затоа што го доживеав како шлаканица за освестување на Шеќеринска, воспитна за да знае како во иднина да ги брани македонските национални интереси, од една страна, и жестината на обраќањето упатено на вистинското место, оти токму оттаму и доаѓа најсилната поддршка за нецивилизираното однесување на Грција, од друга страна. Она што сакам да му го порачам на СДСМ, без тоа да биде доживеано како зла намера од моја страна, како што вообичаено ме сфаќаат, е да го надградат она што Ивановски го кажа, ама и да ги контролираат глупостите на некои нивни членови, како Ивор Мицковски на пример, кој во своја колумна тресе зелени цитирајќи го тврдењето на Самарас како точно, во кое Грчето обвинува дека Македонија ја прекршила Привремената спогодба, ко Ивор да бил во некоја друга димензија во друштво на грчкиот премиер кога Меѓународниот суд на правдата ја донесе својата пресуда. Нека му ја даде некој да ја прочита пресудата.
Би рекол, ако даде Господ, ова треба да е почеток на единственото политичко обединување што ни е потребно, и тоа за век и веков: обединување околу националните интереси, зачувување на нашиот идентитет зацементиран во уставното име, отворање битка за правда, за враќање на елементарните човекови права што толку брутално се трудат од позиција на моќ и уцени да ни ги земат. Такво обединување мора да има, сè друго внатре во земјава може слободно да биде користено за меѓупартиска битка, од економија до култура.
Се разбира, сѐ уште сме далеку од она што јас го нарекувам исландска политика. За такво нешто треба да се подготви терен. Веднаш е потребно да се обелодени корпорацискиот фашизам на Европската Унија. Итно да престанеме да се лажеме дека учествуваме во некакви мировни мисии на НАТО, војската ни е потребна тука. Македонија мора веднаш да ги насочи сите сили кон создавање силна економија и самоодржливост. Енергетската независност веднаш да ни стане опсесија кон која се стремиме. Враќање на националните добра мора да стане приоритет, се надевам некој го слушаше говорот на унгарскиот премиер Орбан. Забраната за увоз на ГМО-семе мора да стане дефинитивна и вечна. Итно да се обрне внимание кон враќање на животот во селата, поврзување на сите места низ државата, кревање на свеста кај луѓето. Оти светот се преструктуира, да не залутаме пак како на патот за Јајце.
Авторот е уметник
| |