|
Омразата зрачи од српските мантии 9-10-2013
| 2013-10-09, 4:20 PM |
Омразата зрачи од српските мантии
Да, долгобрадиот сед старец во име на вселенскиот патријарх МПЦ ја прогласи за „парацрква и неканонска организација"! Веројатно сметаше дека со овие зборови ќе ја заслужи титулата на вистински духовен водач. Но дали е вистински избор на пастирување на денот на прославата на Миланскиот едикт да ги критикуваш и да ги навредуваш своите православни браќа и сестри? Дали бачкиот епископ Иринеј го заложи својот брат Вартоломеј и се обиде да го протне негаторскиот став кон МПЦ?
Царот Константин во 313 година го потпишал документот познат како Милански едикт, со кој се забранил дотогашниот прогон на христијаните. Тогаш христијанството, три века по Исус Христос, станало официјална признаена религија. Оваа, 2013 година е јубилејна. Прославата на 1.700-годишнината ја организира Српската православна црква. Вселенскиот патријарх Вартоломеј и рускиот Кирил беа главните великодостојници, кои заедно со српскиот патријарх Иринеј го аминуваа Миланскиот едикт. Облечени во златести одежди и богато украсени митри ги убедуваа верниците дека благословуваат нешто што треба да биде основа за верска толеранција и за развојот на христијанството.
Но зачинот што овој пат пробаа да го употребат не се покажа како вкусен. Рецептот им го помати еден од најрадикалните владици во СПЦ. Бачкиот епископ Иринеј го достигна зенитот во омразата кон МПЦ-ОА. Никогаш нема да се согласи со тоа МПЦ да биде автокефална црква, без разлика што нашата црква е директна наследничка на Охридската архиепископија.
Токму тој го преведуваше говорот на патријархот Вартоломеј од грчки, каде што употреби зборови од типот „парацрква и неканонска организација", нешто што досега Вселенската патријаршија не го користела. Да, долгобрадиот сед старец во име на вселенскиот патријарх МПЦ ја прогласи за „парацрква и неканонска организација"! Веројатно сметаше дека со овие зборови ќе ја заслужи титулата на вистински духовен водач.
Но дали е вистински избор на пастирување на денот на прославата на Миланскиот едикт да ги критикуваш и навредуваш своите православни браќа и сестри? Дали Иринеј го заложи својот брат Вартоломеј и се обиде да го протне негаторскиот став кон МПЦ? Дали Иринеј, освен неговата света димензија, треба да има и човечка и етичка доблест, која ќе ја поткрепи водечката особина на вистински духовник?
Во МПЦ сметаат дека изјавата за парацрква и квалификациите употребени во говорот во Ниш не се зборови на вселенскиот патријарх. Најстарите владици во Синодот на МПЦ, г. Тимотеј и г. Петар, веднаш излегоа со став и рекоа дека тоа е позната реторика на бачкиот епископ.
Доказ за тоа е и што пред речиси една година г.г. Стефан доби уверување токму од Вартоломеј дека ќе го поддржи процесот на признавање на МПЦ-ОА. Двајцата имаа неформална средба во Софија, по погребот на бугарскиот патријарх Максим. Тогаш, г.г. Стефан рекол дека црковниот спор со СПЦ е прашање на целото православие и нему треба да му се пристапи со отворени очи и со чиста совест, зашто МПЦ и нејзината мисија се реалност.
Наклонетост кон МПЦ Вартоломеј имаше и при посетите на претседателот Ѓорге Иванов. Нивните средби секогаш завршувале во позитивна насока, односно Вартоломеј во ниту еден случај немал негаторски став кон нашата црква. Се поставува прашањето каде е нејзиниот грев?
Познато е дека досегашните преговори меѓу двете цркви не дале резултат што би водел кон конечната цел, а тоа е признавање автокефален статус на МПЦ. Токму создавањето на Јовановата православна охридска архиепископија (ПОА) говори дека СПЦ е подготвена на МПЦ да ѝ даде само широка автономија. Сепак, тој статус е неприфатлив за нас.
Повеќе од јасно е дека СПЦ сѐ уште не е подготвена да ја напушти реториката на национализмот. Во Белградската патријаршија уште живее идејата српската црква да владее и на овие простори.
На познавачите на верата, пак, им е јасно дека православието е синоним на заедништво. Токму тука лежи забуната зошто МПЦ-ОА е изолирана од другите православни цркви, како и дали постои некаква канонска пречка таа да биде рамноправна како и другиот православен свет.
Верниците велат дека сѐ додека има македонски народ, црквата не треба да стравува за својата иднина. Нема канонски пречки за официјално признавање на МПЦ, што значи дека таа е рамноправна со преостанатите православци и нејзините свештеници можат слободно да стојат рамо до рамо со руските, бугарските и со грчките свештеници.
Одвивањето на духовниот живот во МПЦ-ОА е доказ дека македонските верници во ништо не заостануваат од тие во другите православни цркви во светот. Дури и во многу нешта се наоѓа во подобра положба. МПЦ има цркви и манастири со традиција, нешто со што не можат да се пофалат голем број православни цркви.
Значи, за да прогласиш еден народ за неверен и една црква за парацрква, како што направи Иринеј, треба да ја згазиш верата во себе и верата кон Бог.
И што е најважно, со тоа самиот себеси да се прогласиш за нехристијанин. | | | | |
|
Category: My files | Added by: Вељанко
|
Views: 220 | Downloads: 0
| Rating: 0.0/0 |
|
|