|
31 октомври 2012-Едмунд Хусерл “Кризата на европските науки и трансцеденталната феноменологија“ (извадок)
| 2013-08-30, 5:29 AM |
Чистата психологија во сама себе е идентична со трансцеденталната философија како наука за трансцеденталната субјективност. Во времето во кое сум јас трансцедентален или чист феноменолог исклучиво како трансцедентално его кон се што е во тоа интенционално имплицирано. Овде не постои ништо од објективноста, стварите, светот и научноста на светот (значи сите позитивни науки и философијата заедно со нив) овде постојат само како мои феномени, феномени на трансцеденталното его. Со помош на редукцијата другите за мене стануваат постоечко алтер-его, со смисла на битие на интенционални импликати на мој оригинален интенционален живот. И обратно: во нив сум јас имплициран со цел свој оригинален живот, па исто така, сите тие заедно. Што тука јас кажувам научно, кажувам за мене и на мене, но со тоа парадоксно и на сите други како мене и соединето трансцедентално имплицирани. Феноменологијата не ослободува од старата објективистичка идеја на научен систем, теориски облик на математичка природна наука и според тоа, не ослободува од идејата на некоја онтологија на душата, аналогна на физиката. Само слепоста за трансцеденталното, како тоа може да се искуси и спознае само со помош на феноменолошка редукција го чини можно повторното оживување на физикализмот - во преобразен облик логистички математицизам, тоа напуштање на историјата на нас поставената задача на философијата од последниот увид. Природата може да се мисли како дефинитна разноликост и таа идеја може хипотетски да се постави во темел. Но доколку светот е познаен свет на свеста, свет со луѓе, за него таквата идеја е противмисловна во ненадмината мера. Умот е она специфично за човекот како суштество кое живее во лични дејности и хабитуалности. Како личен тој живот е непрекинато бидување во непрекината интенционалност на развитокот. Во тој живот она што бидува е самата личност. Нејзиното битие е непрекинато бидување, а тоа кај корелацијата поединечно - лично и заеднички - лично битие вреди за двете, за човекот и единството на човештвото. Човечкиот личен живот минува во степени на самоосвестување и самоодговорност, од одделни повремени акти до степен на универзално самоосвестување и самоодговорност, па до свесно дофаќање на идејата на автономија, идејата за одлучност на волјата, својот целокупен личен живот да го обликува во синтетско единство на животот во универзална самоодговорност. Корелативно да се оформи сам себе во вистинско јас, да се обликува во слободно автономно јас, кое бара да се оформи на него вродениот ум, тежнението да се биде верен на себе, како ум - јас да се биде идентичен на себе. Тоа, меѓутоа, во нераздвојна корелација за поединечните личности и заедницата, со помош на нивните посредни поврзаности во сите интереси. Философијата не е ништо друго од рационализам, потполно и сосема, почнувајќи од првиот пробој на философијата во човештвото, пред што вродениот ум бил во состојба на затвореност. Философијата е рационална наука во сите свои ликови, таа е тавтологија. Но таа е на патот на повисоката рационалност, таа е рационалност која откривајќи ја секогаш повторно недостатната релативност се движи во труд за постигнување на вистинска и полна рационалност...
Едмунд Хусерл "Кризата на европските науки и трансцеденталната феноменологија"
|
Category: My files | Added by: Вељанко
|
Views: 323 | Downloads: 0
| Rating: 0.0/0 |
|
|